Молам? Па што читаш ти тогаш? Дали некогаш вака сум те нападнала лично тебе или некој друг што по твое "боде очи"?
Па, никој не рече така. Тоа би се случило доколку и понатаму не се почитува реонизацијата (преку вршење притисок за запишување од страна на родители) за училиштата , пример спомнат за во општина Карпош. Некои училишта станале преполни со ученици, а снемува простор. Ќе има измени за да нема некаде вишок ученици.
Не си разбрала погрешно: Јас кога одев во школо цело време си замислував да има трета смена од што мразев рано станување и не спиев доволно.
Јас не знам како идни брачни парови немаат малце срам да бараат од блиски да им бидат кумови, старосватови, девери едно друго и притоа да си рачунаат дека таа особа мора да фрли огромна сума пари оти така бил адетот. Еве не знам. А после кукаат оти некој донел 1000ка у плико кога тие пустите пола свадба старосватови и девери им ја платиле. И родителите секако. Да дојде ред да се мажам и да изберам некој од ќеф онака отворено ќе му кажам дека неќам да се троши повеќе од тоа што може за поклон како и сите гости. А не демек треба да му е мило а ја да си свиркам зашто знам дека ќе му е срам да ме одбие. Иначе жива ќе се јадам. Или што дека ќе ме избере некој за кума ако за банкомат ме рачуна. Налет и радост и адет и све.
Ме интересира кои тоа училишта се преполни? Во 90% од школите во државата паралелки едвај се формираат, со тек на време и уште помалце деца ќе има. Ова може да е случај само во неколку улилишта во Скопје, кои можат на многу поинаков начин да се решат, или поверојатно сакаат уште некоја смена да воведат да можат да вработат уште по некое партиско полтронче, како што направија со предметните наставници пред некое време.
Па на пример место да се напикаат со врски деца од Ѓорче да учат во Центар пошто тоа школо било најдобро или имаат врски кај учителките таму, ќе си учат во својата општина. Или ќе се распределат паралелки во најблиското основно училиште кое не е преполно, секако ги има повеќе во една општина. Како што кажав не сметам дека воопшто се голем број на вакви училишта. Ако воопшто постојат, тоа се оние кај што со врски ќе се напикаат деца од секаде. Секој септември се помалце дечиња се запишуваат во школо, едноставно парадоскално е да постојат преполни школи.
Тоа не е решавање на проблемот туку одложување на распадот кој ќе се случи во иднина. Во Мкд имаш процес каде цели региони станаа пустош и се населуваат како сардини во 30м2 затвори во Аеродром,Центар и Карпош.Во тие населби уште дозволи за градби во фрижидери не почнаа да издаваат.Таму луѓе живеат едни преку други.Плус се што бега од Чаир,Бутел,Гази Баба,Ѓорче пак се сели во Аеродром,Центар или Карпош.И ете ти го резултатот.Имаш 5 населби набутани како сардини а се останато од Мкд изумрено или на пат да изумре. Посебно истокот и централна Мкд.И тие населби им се претставуваат како нешто елитно а нема тротоари за одење и пола популација оди на сред улица пошто се е паркирано на места за пешаци.Мајки со колички и бебиња одат на сред улица пошто нема место за колички на тротоари.Тотален хаос. Уште од мали нозе на секој млад човек му се всадува чуство на комплекс и вина во стил не си се преселил во Скопје = не си успеал во живот не си се преселил во странство = не си успеал во живот ако си се преселил во Скопје а не си купил стан во тие 4 населби = си се забеал пошто е далеку од центар Како ќе го решиш проблемот? Ќе забраниш да се селат таму?Кој политичар има храброст да го направи тоа?Никогаш нема да добие избори.Кој политичар има храброст да забрани на урбана мафија да градат?Никој.Реалноста е дека ситуацијата ќе си остане така и во реалноста.Јас решение не гледам.Тука проблем е менталитет а најтешко е да промениш менталитет.
Нема врска. Многу ми смета вакво поедноставување на работите. Луѓето не се селат во Скопје од комплекс или пошто се умрени да живеат во голем град, напротив, никој нормален не би ја избрал дупкава за живот. Најголем дел од луѓето се приморани да дојдат во Скопје зошто работа по струка во нивниот роден град е мисловна именка да најдат. Исто така неточно. Нормално е човек кога веќе цела животна заштеда ја дава за живеалиште да избере место кое е добро инфраструктурно врзано. За жал во Скопје тоа и се 4 населби во кое можеш да имаш некој живот каде не мораш да бидеш шофер за децата 18 години. Многу навалувате на поединецот наместо да ги согледате системските проблеми. Не, и апсолутно не треба. Забранување за преселба во Скопје на народ толку сиромашен како нашиот кој треба да си ја бара среќата е глупост невидена што може да ја предложи само некое лигле од Скопје кое нема врска од животот. Инаку, не сум од дијаспората, пред да ми речеш дека имам некоја лична корист од ова. Само глупо е да се предложи нешто вакво во земја каде ниту еден друг град освен Скопје нема ист степен на економски развој, развиена инфраструктура, културен живот и што уште не.
Добро бе една работа НЕМОЖАМ да сватам. Што добивате коа варате и коа се е*ете без чуства? На бубамара ке ве изберат за маж на годината,или за оскар ке бидете номинирани..или пак ке живеете два животи? Мизерни сте. И како гнасни си ги допирате децата..фуј ми се гади. BTW. На никој не му пишува мајмун на челото.
Концентрацијата е најдобра на утро. Дури и втора смена е фалична. Трета смена не смеј да е опција. *паника*