Во школо треба да се воведат 2 предмета, едниот кај што ќе учат за исхрана и важноста на што јадеме и колку сме физички активни, а вториот кај што ќе учат за менталното здравје, како да се справуваат со проблемите, за важноста на разговорот и споделувањето, за подобрување на меѓусебното разбирање и поддршка. Зарем општото добробитие и здравјето во секоја смисла, се помалку важни од способноста да се собира или да се зборува основен англиски? Зошто не се работи на овие теми, и децата не се учат и не се подготвуваат да бидат што е можно подобри битија? Која е поентата на школото ако повеќето пораснат во гомна од луѓе и се проблематични? Битно, ќе знаат да собираат (ваљда). Една препорака од мене, изгледајте го "Bang, bang, you're dead", филмчево ми беше меѓу поомилените во средно. Ептен јака порака носи, малце е тежок за гледање, ама баш и затоа е вреден.
А се спомне некој булинг или некоја ваква трагедија како случајот во Србија,сите онлјан кажуваат дека и нивните деца или они биле жртви на такви случаеви. Демек случајов е познат,и нивната приказна да ги направи уште попознати.
Знаеш дека си у Македонија кога повеќе страв и паника ти прави чекање и ебавање по шалтери и редици во болница него операција или болест.
Затоа што тогаш ќе се изградат во здрави, фукционални и независни особи и со тоа ќе настане колапс на системот кој што зависи од нивната нездравост, нефункционалност и зависност од него, со се ''водството'' (до бестрага) на ''топ''.
Можам есеј да напишам за то колку го сакам мачоров и колку топлина ми дава. Како сум растела, многу животни сум видела, погалила, гушнала. Со многу сум се споила, како мајката на мачоров. Како со сегашното и претходното куче. Ама со ни едно живо суштество не сум се споила како со мачоров. Не можам да опишам среќата и мирот шо ги осеќам, во колосек ме врати, во најтешки моменти ме гушкаше. Предалче е. Само да го гибнам се крева на задни нозе со предење за да го земам. Сепак карантинско бебе беше ваљда и то игра улога за клингинес. Поентата ми е, разбудена сум веќе 40тина минути ама реши да лежи и преди над мене, под ќебе и нема шанси да му рушам сонот оти премногу го сакам. И секое утро вака се прашвам со шо го заслужив и колку сум среќна дека е тука оти не знам како ќе го издржев периодот од 2020 навака да не беше до мене. Се гледа дека сите работилници психотерапија ги има истерано, support animal со диплома.
Се изморив да бидам мека и попустлива со луѓе кои ми се слаба точка и ми значат, премногу оставав да ми поместуваат граници, избегнував кавги во надеж дека ќе се подобри сѐ. Ама време е да се покажат заби и да се постават јасни граници, а не само јас да се прилагодувам на другата страна. Па и љубовта треба да ја заслужиш на крајот на денот. Особено мојата. Нема да го најдиш тоа кај секого. И најголем идиот треба да си за да злоупотребиш такво нешто. I should be okay, eventually..
Пред некој ден прочитав пост на @MissChievous мислам беше, ако нека се тагне членката сама, на тема да поработиш на себе. Што ми пречи? Што ми прија? Кого да елиминирам, како да се изразувам? Како да ги манифестирам нештата околу мене? Не водам планери ниту нешто друго да запишувам во под точки што сум сменила на себе секојдневно и како сум работела, ама можам да кажам откако некои нешта ги исфрлив од мојот живот работите тргнаа на подобро. Постојано запознавам нови луѓе, одржувам контакт размената на мислењата ми прија. Ми излегоа две понуди за работа кои се надевам ќе се остварат. Ми се остварува долго посакувана желба. Почнав да си градам boundaries,поголема самодоверба и да си велам често дека јас можам, почнав да се помирувам со нештата какви што сѐ. Работам на речникот, на самоконтролата. Стресните ситуации ми се намалени и гледам да ги избегнувам. Ги избегнувам луѓето со негативна енергија, научив да кажам НЕ! Е тука сакам да и кажам фала на членката што го напиша тој пост. Оти цело време бев посветена на другиот и цело време мислев на него, себе се запоставив, за себе бев себична. И така си потфрлив во сѐ. Повеќе се сакам себе си и толку ми е убаво во душата, мирна и чиста, знам што сакам,што барам и што ме привлекува. Се чувствувам како да ми летаат пеперутки во гради, земјава уште повеќе ја сакам. Не сум дојдена овде да печалам, дојдена сум да живеам засекогаш, и ќе си го остварам тоа. Затоа, со позитивни мисли и работа на себе се постигнуваат многу нешта.
Језда е анонимен форумов ама не значи дека буквално сѐ може да постирате. Тука можеш да прашаш со симптоми што може да ти е. За преглед доктор си има.