Значи и ваквиве и тие со брзи кредити што работат да ти иде да ги утепаш. Ебате лоповите ебате, на грб на болно дете ќе зимате пари.
Па парите или на сметка ти легнуваат, или ги подигнуваш лично со идентификација. Е сеа ако прават фејк лична карта, со своја слика, ајде ќе поминеш. Друг начин не гледам да се подигнат парите...
Покажуваш слика од лична карта туѓа и ти ги даваат кеш на рака. Не ги интересира дали е твоја личната карта, им кажуваш на име на оваа личност ќе подигнам. И толку им треба.
Сакам да кажам дека џабе ме гледат симпатиите уба ко ќе ми отворат стори и очекуват селфи, а јас дневна тарот карта си влечам.
Честитки за зголемувањето на платите на вработените во јавното здравство. Наместо да се борат да дадат поквалитетно здравство европско тие се борат за пари.
Барајќи друго старо мислење, наидов на цитираното. Скроз заборавив дека го имам пишано ова, а буквално 100% сум го погодил резултатот. Смешно звучи, ама како голем фан на Евровизија, гордо се осетив.
Сакам да кажам дека толку уморна не сум била како последнава недела од кога менвам колега. Првиот дел од неговата работа е толку лесен шо ако сака би го заменвала на неограничено време. Вториот дел ... само ко ќе отворам можам да осетам како на косата ми идат бели влакна. А не па ко ќе почнам да го решавам. Му реков и него, „од денес (Петокот кога беше последно) пијам се до Понеделник за со нови сили да почнам и да се ресетирам“. Грешката е шо не продолжив и со пиење през неделата. А поминаа само три дена. Ајде уште пет-шес мислам се.
Se dodeka ima koj da te gusne,da ti se javi,i da ti posaka od srce iskreno nesto-znaes deka si srekjen covek! Denes mi e rodenden...samo bi si posakala zdravje i srekja drugoto Gospod si go znae
Ми подари татко ми лосион за после бричење. Не знам од каде го нашол, ама ми рече дека бил од "неговото време", истиот дизајн, воопшто не променет уште од Југославија. Земал едно шишенце за него, едно за мене. Решив да го пробам после бричење, и ми се допадна. Има некој чуден, нетипичен мирис за денешно време. Мириса на некое старо виски, оддава некое ретро чувство, како да те враќа назад во времето. Класичен мирис на некој господин од минатото. Ме потсетува на дедо ми, кој секогаш беше среден, избричен, панталони, кошула, костим, долг мантил... Човек со манири и бон тон, без разлика кому му се обраќа. Мал поклон, ама значаен, посебно што е без повод. Ме врати во минатото. Ќе си го користам сега цело време.