Овие не се безбедни нешто многу, а за земја како Македонија уште повеќе вредни(за крадење). Кај нас ги има на Болт,растур праат. Едно и во море заврши.
Точно и јас се согласувам дека не се безбедни и лично не би се качила на такво чудо. Него ја коментирам нашава некултура и дека а допреме нешто одма го уништуваме. А и тие пак зарем мора да летаат 300 на саат, не можат ко луѓе со нормална брзина да возат. Све лудаци.
Скролам нешо низ фејсбуков и ете некои свадбени покани, накинџурени,лични, цветнати итн... се е тоа убаво, ама она шо ме тригна е моментот "поклон во плик, цвеќето заменето го со грепки" ало бе, свадба праам за мој ќејф, шо ми е мене гајле дали си донел цвеќе или 2 грепки бе друже, или дали си ми стаил 1500 денари или тостер. Твоја работа, како си мислел така постапувај, мое било да те поканам ко шо е редот, свадбената веселба е одлука на младоженците да канат гости за да ја споделат нивната среќа со најблиските, глупо е да нагласуваш поклон у плик. Ја досеа у задњиве 15 години и јаче, не сум сретнала некој да купува сецко, пегла, фритеза, шољи за кафе за свадбен подарок. На сите им е полесно да стаат кеш у плик и да не се замараат по продавници. Е сеа, ако планирате да си ја отплатите свадбата од парите што ќе ви ги дадат боље ич не ја ни прави. Ни ќар ни зијан, само џабе малтретирањето и замарањето со непотребности.
Мислам дека премногу е нормализиран видео контентот и споделување на истиот со луѓето околу тебе. Освен тикток, апликациите ги користам или за враќање на пораки, или за да утепам некоја минута, а не да гледам рилови 20 минути. И почитувам кога некој ќе ми прати нешто што е интересно, го асоцира на мене, или би можело да ме интересира, ама секој втор рил што ќе ти излезе, сериозно нема потреба и јас да го гледам.
Ми се чини или има зголемено присуство на гаврани? Ама големи ко магариња. Досега двајца ми се имаат пожалено дека биле нападнати од гавран, а сега и куче бркаа.
На муабетов пред некоја година на ургентен бев навечер оти ме касна куче и имаше уште едно девојче што чекаше ред. Сестра ми радознала одма се распраша што и се случило. Испадна дека чавки(или гаврани не памтам најточно) ја нападнале и ја искљукале толку гадно на главата што требаше да ја шијат
Јас, како заштитничка на гавраните, морам да кажам дека се страшно интелигентни суштества, да не ми ги карате. Шала на страна, кога гледам наоколу, на сите дрвца, врапчиња, гулапчиња, пиленца, кај мене нааа толкави гаврани како кокошки големи. И буквално кај мене најмногу се собираат. Како вештерка се осеќам. Не ме нападнале досега искрено, не сум видела со свои очи да нападнат некого ама сум слушала за случаи од други. Знаат дека не смеат да ме чепкаат. Ама претпоставувам напаѓаат ако се почувствуваат загрозени? Иако еднаш бев сведок на дешавка каде што еден гавран 1 го замара гавран 2, гавран 2 се лути и трча по гавран 1 да го колва, а овој бега. Гавран 1 се уморува, застанува, гавран 2 се враќа и пак почнува со истите глупости. Буквално како деца беа кога се задеваат и бегаат.
Еднаш на стори си ставив дизајнерски фустан што го обожавам, со контекст - wishlist. После едно 10-тина минути ми пристигнува порака од "другарка", ми го пратила фустанот, притоа преку моделката си ја залепила нејзината глава. И само ми вели, леле Поли, види ме Ова е само еден од милионите бизарни примери што ги имам доживеано на тема пријателства Затоа денес со кој и да е, главна тема може да ми е само временската прогноза Anyways, if I had to be a shoe for the month, this would be it
Ова уствари е скроз точно. Баш некаде читав дека имаат интелигенција колку 7 годишно дете. Еве некои факти. https://www.mentalfloss.com/article/504722/12-fascinating-facts-about-crows Пред некоја година во 6 часот сабајле, под прозорец слушам мачка мјаука на цел глас, тие гракаат. Оди мачката лево, тие по неа. Изгледа им имаше гибнато гнездо или нешто па ја бркаа. Чавки имаме во Битола многу, ама толкави гаврани јас немам видено досега. Скопје па покрај кеј, огромни.
Мажи на видеа каде жени вараат мужи: Мажи на видеа каде мужи вараат жени: Ја коа некој ќе ми каже дека другари на дечко слеш муж се и мои другари:
Јас еднаш од автобус само што се симнав, гавран ме удри по глава и од тогаш кога ги гледам бегам од нив.