Али некои гости кога ќе ми дојдат па "леле мачка чуваш, кај спие, со вас јаде на маса а, леле".. Да на маса јаде тањирче посебно има за него и со мене спие под ќебенце, ај мрш надвор.
4-5 години од како сум мажена постојано некого од куќава пречекувам или испраќам за странство само јас сум тука стандарт.. секогаш тешко во душава на испраќање за било кого, посебно вака за мм судбина проклета... следна за одење со дечињата сум јас, да се надеваме здравје само и конечно да сме заедно.. господ на помош на сите ама и ова не е живот луѓе ваков Колку семејства вака само живееме разделени.... Некни кога го пречекував на аеродром колку видов само мајки како плачеа што си ги чекаа децата дека ќе си ги гушнат , колку дечиња се радуваа што ќе си го видат татко им ..душа да ти пукне.. не снајде време како порано што живееле кога ги испраќале на печалба... и сеа утрово кога ќе стани малото кај е тата ќе ме праша зошто пак замина, зошто пак....
Јас не планирам да си одам никаде. Работам 2-3 саати од дома за окулу 1000 евра. Имам време за се. Најголем дел од луѓето и фамилијата ми се тука. Знам јазик, закони и навики. Ќе треба многу повеќе да работам во странство а пари не голема разлика плус стрес осаменост...мислам дека ќе ми биде полош животот ако се отселам.
Ова ти е исто ко да пише некој "Се разведов" и ти да го цитираш "Епа јас не планирам, топ ми е со жена ми". И на тој другиот одма му е полесно.
Некој да ми каже како да го избришам профилов на Фемина или ако може некако да се блокира сајтов да не можам да го отворам??
Ме заболуваат очите кога читам одговори пишани на латиница на форумов. Мигрена ме фаќа кога на сето тоа ќе се додадат и правописни и граматички грешки БИГ НОУ НОУ
Бришење на профил Можете да побарате бришење на вашиот профил, при што: Сите ваши податоци ќе бидат трајно избришани од вашиот профил и од нашите сервери (име, пол, датум на раѓање, локација, професија).Профилот нема да постои повеќе, односно нема да може да биде разгледуван од останатите корисници.Профилот нема да може да се врати назад.Содржините јавно објавени преку профилот ќе бидат означени со псевдоним од типот „Избришан корисник 123456“.Доколку се одлучите на таков чекор, контактирајте со модераторскиот тим или испратете ни барање на privacy@emedia.mk.
СДК1: Конечно ќе излези сонце надвор да можам кафето да си го испијам на тераса со музика од лаптоп, почнаа прво старо железо по пат, па после наеднаш им текна тревата да ја косат долу под мене. Уживав севкупно 15 минути и се повлеков в стан. Но, тоа не е се! (со гласот на оној од топ шоп рекламине) Комшијата до мене сега реши да буши. Прекрасен ден. СДК2: Денес правам точно година од ко почнав на работа и се преселив. Како вчера да беше се сеќавам буквално на денот, а колку работи се сменаа оттогаш. Стомак ме фаќа ко ќе помислам. Моментално сосема трета работа ми е на ум што сакам да ја исполнам, да видиме по една година од сега што ќе кажам.
Не знам зашто им е на луѓево проблем да потпишете договор за станот за изнајмување, значи кога ќе им спомнеш договор, и одма се во фазон као не не, нема договор.. За колку станови прашав и колку станови видов, еден не ми рече договор дека сака да потпишеме, или дека не го издава без договор.. На лепи очи бараат две кирии депозит да им дадеш, или околу 500€ за стан од кој можат за два дена да ти речат оди си ајде, и денар да не ти вратат од парите..
Nina a kade barash? Na soprugot bratot se vrati od rusija sega baraa stan, nego pa ne mu davaa bez dogovor od minimum 1 godina.
Јас прво сакав преку агенција, се јавив и прашав, и ми вика бидејќи го изнајмувате преку нас 50% од киријата треба да ни дадете на нас кога ќе го потпишувате договорот дека ние сме посредници, и после кога прашав за дали они ми се гаранција дека нема да се случи нешто непредвидено, ми вика како ќе се договорите со сопственикот, ако сака да ве пријави, а може и да не ве пријави.. И викам не оди договорот за закуп преку вас, ми вика не.. И јас си викам, чекај бе, зашто да им давам пари ако не ми овозможуваат никаква сигурност, дури ни станот не се изнајмува преку нив, туку приватно од сопственикот, они само како да ве запознаат, да го видите станот и толку.