И јас пред две години се „ишишав“ ептен кратко, машки што би се рекло. Мерак ми беше, беше лето, не си ја поднесував косата... и тоа е. И сега се мислам следната пролет повторно да го направам тоа. Чисто затоа што ми се допаѓа, мислам дека ми стои, а и не сакам да се малтертирам со одржување на долга коса. П.С. Колку е грдо чувството да те ценат според надворешниот изглед.
Според мене нема посекси од девојка со кратка коса, не сум јас со кратка да се разбереме па да се фалам, немам храброст за тоа, мислам нема да ми стои, али во секој случај кога и да видам некоја со кратка коса иако сум женско свртувам поглед и се загледувам . Ми доага и на слика кога видам утре да одам да ја скратам. Но секој си има посебен вкус и стил, и затоа вкусот не се коментира
Аман бе луѓе. Па до кога морам јас моето секојдневие да го прилагодувам според вашите потреби.Разбирам дека сме луѓе и треба да си помагаме,ама ова почна да личи повеќе на искористување отколку на помагање. Кога им треба помош сите се тука,а кога ми треба на мене,еееееее тогаш јас можам се сама?! Женскава има еден куп слободно време,и истото го користи за да не ги пропушти турските серии,а кога треба да се вршат домашните работи,нема време сама и итно и е потребна мојата помош. Срам да ти е што си мрза,а на мене ако ми е што сум таква смотана овца И да, кога мене ми треба помош,сите бегаат како глувци пред земјотрес.
Значи луѓево стварно не знаат да го ценат тоа што го имаат Пуштиле куче-самојад да шета низ градот како улично куче да е.Никој не се грижи за него а не знаат изгледа дека има луѓе што би плаќале евра да го имаат.А друг самојад пак,врзан во дворот и нешто крзното му паѓаше,цела дупка има,сигурно е болно ама кој да го излечи?А не се некои обични кучиња да кажеш.Шетаат по улица ко украси Значи не е само да го купиш,треба да знаеш и да го гледаш и храниш ама неинформираност изгледа надвладеала а невини страдаат.Греотка
и јас мислам како тебе да имам толку можности би ги собрала сите кучиња од улица и би ги одгледувала без разлика дали се расни но тоа е кога ке ги видиш смрзнати не нахранети слаби душа те боли само тоа е треба и кај нас да се збираат кучињата како во америка и пошироко незнам како се вика ама така нема да има такви жални душички на секое ќоше од улицата а не само кај нас биле вакцинирани и нема опасност за нас ако не нападнеле а за нив секој ден е се поопасен моѓе да умре од глад или од некој несовесен возач
СДК дека си легнав во 20 часот. Еве ме сега во 04 на фемина и тоа наспана и одморена. Леле кога ли ќе се раздени, а и што ако се раздени врне истура. Оној вентилот таму горе некаде пак попуштил. Водоинсталатерот спие, доцна легнал најверојатно.
Да бев момче и да имав девојка (за сериозно) која има толку проблеми дома, ќе ја оженев - само да не се нервира секој ден. А не па да ја критикувам. Жално е и тешко, но кој како сфаќа.
Викендов ми се погоди за излежавање и гледање филмчиња. Дремам во пижами по цел ден и се осеќам како скиселено цвекло,ама најубаво ми е. Некогаш сакам да одам на некоја јака журка,а некогаш си се журкам со телевизорот. Зависи од расположење. Дождов уште толку ми се погоди.
На времето имав колешка со кратка ѕифт црна коса,ако верувате немаше посексилаво створење од неа. Така умееше да ја носи,што насекаде собираше погледи. Не е се до должината на косата,до ставот е!
СДК дека денеска конечно го гледав The Fault in Our Stars ... искрено сум гледала мн филмови кој се прилично исти како овој, али мислам дека секој филм има своја убавина во содржината, па така и овај и мислам дека секој би требало барем еднаш да го гледа и да свати која е таа порака која актерите и целата екипа на филмот сакаат да му ја пренесат на народот.. дека сите сме исти, едноставно дека еден ден сите ке умреме... можеби нашете тело нема да биди покрај нашите саканите, но нашата душа секогаш ке биди покрај нив во секој момент! Спојлер ...!!!
Јас да не сум била??????? Абе како момче се чувствував онака напрчена и разбацана на сите страни. Ех сега немам веќе храброст да го направам тој чекор, а колку би сакала.
Човек ќе згреши, без разлика колку и некој друг да се обидува да го заштити, да не прави грешки.Така треба, без тоа, никогаш не би знаел, не би научил што е правилно, а што не.Некогаш човек мора сам себе да се стави на ризик, сам да помине низ пеколот, за да го зацврсти својот карактер.
Не бре, постариве се програмирани да те трупаат со храна. - Земи, јади. - Фала, јадена сум. - Ама земи, касни ова. - Не можам стварно, фала сепак. - Јади, детеее. Цревата ќе ти се залепат од нејадење. Кое нејадење бре, кое лепење? Уште малце своја гравитација ќе добијам, а во цревава можеш автопат со три ленти да ми сместиш, ќе се залепеле. И многу, многу ме иритира онаа некултура кога некого ќе прекинат сред реченица со сосема неповрзана тема, па тера бре брате, се надвикува, па ич. Едит: Пак касно палење, ама... Да бе, а икебаната што ти е на аватар е баш пример како треба да изгледа една секојдневна, женска фризура. Ако ѝ стои, и нуларица нека фура со опавче позади кај вратот.
Дефинитивно почнав да го практикувам ова - “Колку повеќе ги запознавам луѓето, се’ повеќе имам желба да симнам капа на некој камен, да се поклонам на магаре и слично...“ Алооо Спојлер ако го мразам овој израз изгледа треба да се спуштам на ваше ниво и да го употребам за да ме разберете освестете те, никој не се замара со безвредни работи периодов. Секој си гледа да си го среди животот, да си ги разреши проблемите, доколку ги има. Денес животот се сведува буквално на преживување, секој гледа да се снајде некако, да дојде до парче леб, да стекне некаков статус во општеството... Никој нема време за вашите патетични лигавења. Така нема да постигнете да ве забележат, така нема да го свртите вниманието на другите, напротив само станувате досадни! Наместо да сте толку мизерни, почнете да размислувате трезвено. Станете и завршете ги обврските што СО ГОДИНИ ги влечете! Доколку не сте способни да го сторите тоа, станете и усмерете си го животот во друг правец! Зарем не сакате да бидете корисни? Не, а?
Ја разгледував темава и налетав на мислењево. Ме потсети на моето детство. Кога бев 3то или 4то одделение, и јас ги поканив сите другарчиња од класот на роденден, ама ми дојдоа само две. Полошо и по грозно чувство од тоа нема. А се сеќавам како со радост се вртев околу мајка ми кога ја правеше тортата, кога ја украсував собата со татко ми, па ја местев масата.. И наеднаш, сета таа радост исчезнува. Тогаш бев исмејувана од сите деца, а бев најфер другарка што може да постои. На сите им давав пенкала, иако знаев дека никој никогаш не ми вратил здраво пенкало и дека сите ми ги бараат да ми ги скршат. Кога некој ќе кажеше „смешка“, сите ќе го погледнеа ладно, па ќе кажеа демек „Еј јас го знам вицов, глуп е“, а само јас за да не му падне незгодно на детето се смеев со сила. Што и да требаше на училиште да носиме, пластелин, глина, хартија во боја, лепак, ножички, јас носев за сите, и им ги давав со полно срце. Кога некој друг беше исмејуван, јас не можев да поднесам, и го бранев. Знаев какво е чувството, и не сакав никој да го осети. Иако бев толку добра, плачев со другите, се смеев со другите, им давав се и сешто, се смеев на нивните глупави „шеги“, ги слушав кога ќе почнеа цел час да дрдорат некои глупости, целиот тој час јас ќе седев пред нив и ќе се правев дека ми е интересно, а ми беше предосадно. Сето тоа влијаеше на мене, не бев среќна ниту во семејството, се повлеков, плачев и се молев на Бога децата да почнат да ме дружат, да не бидам повеќе исклучок, да не служам како предмет за исмејување, да не бидам должна да носам пенкала и моливи за сите деца во класот. И што се случи? Сега пораснав, на училиште завршувам со сите 5ки, имам безброј дипломи, учествувам на сите натпревари и секогаш сум во првите тројца. Сега имам многу другари и другарки, позната сум како најоткаченото девојче кое знае сите да ги насмее. Сите возрасни кои досега имале прилика да ме запознаат, веднаш ми кажуваат дека сум многу умна, паметна, и дека да беа сите мои врснички како мене, ниту еден родител немаше да се грижи дали неговото дете е сега во дискотека наместо кај другар, дали пие, пуши, се дрогира, има дечко/девојка.. А тие што ме исмеваа, едвај завршија со 4ки и со 3ки на училиште и едвај се запишаа средно, сега се во „понапредната“ младина, се имаат мувано по 5-10 пати, живеат на ФБ. Сирота јас, уште возам велосипед, играм баскет со друштво и немам слики на ФБ со напрчена уста, по минич со кренат газ и цицки, немам 5000 пријатели и по 500 лајкови на сликите . Во ред, само една слика имам, сирота, немам ни апарат Канон, ни телефон со 15 мп камера за да се сликам. За грев, немам дечко а не ни сакам да имам, немам Ајфон или Самсунг Галакси С5. Татко ми не е милионер, жал ми е да му барам тоа што не може да го дозволи, жал ми е што крв плукаат за да ми обезбедат патики и облека. Не можам никако да ги сфатам другите, зарем не им е жал за родителите да им бараат телефони од по 20-30 000 денари, па компјутери, патики од 7 000, само за да испаднат фаци ?! И што добиваат родителите од нив за возврат? Единици во школо, расправии со наставниците, срам?
ПЕСНА ЗА УЧЕЊЕТО Радост бистра во мозок од учење не сум баш чиста како е да учиш само, и да викаш леле мори мамо? А видов јас тоа учебНИК леле црна се мачка лик зададе со тие испитувања и тестови учењево мозокот ми го изваде. Од друга страна за лепо друштво и час по физичко ти нема маана нема не учам со тоа нема шала затоа што кецот ќе ти се залепи како таксена марка,мала... Учи ти само учи хемии,математики во мозокот нека ти бучи учењето е штетно по вашето здравје ајде и ова ќе помине да не бериш гајле! И така од една страна учење,а од друга страна изгледа комшијата шо ми е на мои години е како во атлетиката:на место,позор,ен-два-три,СТАРТ!Е овој стартува рецки да мава...то ест симпатизира....Или така си мислам јас?Море којзнае шо филмови мојот мозок сега ќе реди,па на некој начин ќе станам режисер,тоа ли вреди?
Оваа депресија ќе ме убие. Каде да се свртам, на кого да му се обратам, што да направам? Да го спакувам куферот и да заминам? Или да продолжам да се борам? НЕ ЗНАМ! Ако си заминам каде ќе одам, што ќе кажат другите, од што ќе живеам? А ако останам ќе умирам полека...
Сакам да кажам, најинтересно ми е кога некој што бил на одмор три пати летово(надвор од Македонија, секако), студира на приватен факултет(без стипендија, секако), купува бренд патики додека дома поседува уште други три пара(и тие нови, секако), излегува секој викенд во клубови(троши повеќе од 1000 денари, секако) итн. ќе ми каже дека нема пари и дека тешко се живее во Македонија. Штом дојде ред такви луѓе да се жалат на немаштија, јас мислам дека ние што немаме пари ни до Охрид да отидеме треба да извршиме колективно самоубиство. Навистина, нема поента.
Фала на комплимент што сум ти грда глетка.Каде е тоа правило како треба да изгледа едно девојче?Кој ги поставува тие правила. Ете јас имав долга коса, убава и здрава и ја ишишав кратко, сакаш да знаеш зошто, оти вака си се осеќам како своја, убаво ми е, лесно ми е и секси сум па што.Многумина ми рекоа дека ваква фризура предобро ми стои, дали треба да не се осеќам како девојка и жена според тебе? Бог да чува, грда и била глетката, па никој не те тера да не гледаш.