Сакам да кажам на сите машки членови овде да престанат да ми пишат оти не враќам веќе на никој. И НЕ, не сум желна за запознавање, не сум желна за лапање, не сакам да ви кажам како сум, не сакам секс итн итн.... Ако имате пари да дадете арно, а без врска муабети не сакам.
Зошто да бегаме од Македонија? За да земам ден НЕМА КОЈ ДА МЕ ЗАМЕНИ. Закажан термин од пред 2 месеци, НЕМА КОЈ ДА ТЕ ЗАМЕНИ. Две недели уназад да се каже за ден. Една недела малку било. Алооо, Европо еве не. Идеме.
Ех, на контрола треба да одам на пулмологија, нема кој да ме замени оти колешкава скрши нога. Ајде, ваљда ќе најдеме време за здравјето, а до тогаш да работиме за да имаме пари да се лечиме. Срамота!
Значи НЕ Е НОРМАЛНО то што му се случува на работникот. Не знам какво изговори се тоа, 'има и бетар', ' разгалена си', 'тоа ти е, ако не ти чини оди си дома'.
Ако имаш завршено образование у работиш во една област, не отворај бизнис во друга област ако појма немаш од неа и не знаеш да менаџираш. А не после малтретирај рандом вработени да ти бркаат обврски кои ти треба да ги имаш сам завршено ама "немаш доволно познавање"
Дали да ом Четврток сабајле за да одам вечер на кино или да си чувам замените за нешто "паметно"? Да не се прајме на три и пол сите знајме шо ќе напрам. Спајдермен е damn it.
Доаѓаш во некоја фаза од животот и БАМ! Магично просветлување. 1. Не ти се потребни површни луѓе, пријатели. Лесно предосеќаш енергетски вампири, немаш време за неискрени муабети, оговарање, за бош муабети. 2. Уморен си од булшит однесување, дури и од членови на најблиското семејство. Немаш време да се расправаш за елементарни работи. 3. Не читаш глупави книги за себеосознавање и будење. Напрај вака, напрај така, на секој чекор лајф-коучи, демек го сфатиле еликсирот за здрав, среќен, долг живот, во директна комуникација со универзумот, и сега ние непросветлените треба да ги слишаме или читаме слепо верувајќи им. 4. Уживаш со себе. Седиш, пиеш кафе и уживаш. 5. Си прошол толку работи, што сфаќаш дека сите оние маки околу тебе, не се маки, туку фази. Истото важи и за другите луѓе. Се ослободуваш.
Сдк открив тема на форумов, како да се пензионираш на 30. Возот за 30 помина, ама и на 50 не е лошо, чак што више, поарно отколку на 70. Е сега да седнам и да израчунам како испаѓа есапот. Girl can have a dream
СДК се изнасмеав уште рано насабајле од македонскиот шерифски менталитет.Еј луѓето отишле во Грција и возеле +50км од дозволеното и лути кажуваат дека грчката полиција им ги зела пасошите. Добро бе немате ли срам да се јавувате по портали и да си ја кажувате некултурата. https://tocka.com.mk/vesti/447697/e...osot-bidete-vnimatelni-koga-vozite-niz-grcija
Еее, коа им ги кршиш колите, крадеш табличките со Мк и им лепиш налепници со ФИРОМ, арно им е, се дур е бесплатно. А чим треба да платат, одма бунт. Па и криви и дужни тоа...