Абе добро, браникот секако ќе отиде. И со 50 да го удриш. Им се стегаат коските пред и за време на ударот и затоа се праи толкава штета. ама е каде каде подобро од верижна сообраќајка и човечки жртви.. Од две зла- помалото.
Кога возиш гледаш, или ке свртиш десно или ке закочиш. Подобро од позади да те удрат отколку во куче. Коските им се многу цврсти, како во бетон да удриш ке е. И стари коли се исто. Знам еден случај на роднина, лошо помина колата, стара инаку.
Добро Нема да се убедувам за ваша безбедност Се надевам нема да се погодиме некад на ист автопат Ми се живее
Исто се надевам, и мене ми се живее. Изгледа немаш основни познавања за како се вози на автопат. За жал и многу како тебе немаат, затоа и има толку сообраќајни несреќи. Ако сите учесници во сообраќајот ги почитуваат правилата, како носење појас, прилагодена брзина според правила, држење растојание, кола во исправна состојба, возач кој е одморен и не го фаќа дремка, гарантирам дека ке има малку несреќи. Несреќа ке има ако некој доживее срцев или мозочен удар, да речеме.
Правило е дека на автопат помалку од 60 не возиш, исто така. Значи не кочиш освен во ептен ама ептен итен случај и тоа треба да е по можност на страна ако има дополнителна лента за успорување. А ако застанеш сепак мораш црвен триаголник да поставиш баш за некој зад тебе да има доволно време да реагира.
На автопат каде по правило се вози со голема брзина колку и сите да возат прописно ако ти текне нагло да закочиш пак ќе има несреќа. Освен ако нема жив човек нели.
Од нагло кочење до црвени триаголници има разлика небо земја. Јас не кажав да кочиш зашто ти текнало. Кажав дека се кочи ако има причина за тоа. Немма поим од каде ги извади муабетите за триаголник и 60 км на час. На автопат ограничување е 120-130 на некои делови. Никому не му текнува да кочи нагло освен ако не е пречка на пат и ако нема опција да ја избегне со заобиколување. Ако држиш растојание и возиш 120, најнагло за закочи тој пред тебе ке имаш време да смениш летна или да закочиш. Да не се натегаме, јасно е како ден дека ако почитуваш правила за возење шанси за жртви се минимални. Некој што имал докторат ги смислил овие правила, пресметал што е оптимално и ги ставил правилата во закон. Ако ти не ги почитуваш, твоја грешка е тоа и твоја одговорност ако има жртви.
"Минимална дозволена брзина на автопат е 60 км на час." http://amsmspi.mk/mk/touring_info_evropa.asp?drzava_touring=18 Од пред некоја година воведоа и казни за преспоро возење и тоа со причина. Е сега за недај боже на автопат има лента за принудно запирање. Инаку ми се има случено, не на автопат, туку на експресен Битола-Прилеп каде максимална дозволена е 100, трактор да вози со 20км/х, и често се дешава, главно тој крај со земјоделие се занимаваат луѓе и често има трактори. А имаш само една лента, мора во спротивна да одиш за да го престигнеш, и да имаш време да процениш некој од спроти да не иде, и некој зад тебе да не веќе почнал да престигнува. По потреба ако имало коли сум успорила за да се прилагодам со тракторот додека патот не се расчисти за престигнување, имајќи во предвид дека има и возачи што возат над дозволеното. На автопат не ми се случило некој да вози преспоро, а застанати со дефект и триаголник зад нив едино имам видено во принудна лента, затоа и служи таа. Ми се има случено да светнат штопови пред мене некој како си прикочува за да ја намали брзината, затоа држам дистанца ако веќе сум се доближила на околу 50м до возилото што си прикочува, проверувам ситуација зад мене и преминувам во лева за да го престигнам. Генерално ако пазиш ќе избегнеш незгода, ама опасно е да се закочува нагло во секој случај, некој зад тебе може да нема време и далечина да реагира, на возење со голема брзина многу лесно може да се згреши.
Чоек На автопат сите возат 100+ да бидеме реални Скопје- Гостивар цел живот го знам Глеам као се вози 1/10 дали се придржуваат до знаци И сите постари и поискусни шофери Некои и со доживеани сообраќајко Истото ми го рекоа Никако кочења ама никако Ја 150 ако возам, и да удрам куче, може нема толкава штета да иам Ама ти да ме фукнеш од позади со 100+ е ќе биде смеење Ќе ме извините ама ја човечки животи вреднувам поише од кучешки. Кучето ќе го забораам Дете или фамилија да осакатам, е друг левел И тоа за итност Глава боли, си добила, не знам телефон, ти се спие, колата откажува До прво застанување-ширинка не се кочи У Германија или еве Косово чист пример Коа идеш навака, скоро и да нема кај да застанеш. Сите потреби на влез у Косово треба да ги обавиш или ќе трпиш до Македонија У држави кај шо автопати и обиколници се за превоз од А до Б као кај нас Партизанска и има илјадници коли Не знам колку е паметно
Лош заклучок си извела. Јас не мислам на кучето да се спаси. Туку на патниците. Значи ако ти на пат каде што стои знак 120 ограничување возиш најмногу 120, ако држиш растојание од колата пред тебе, а колата позади тебе држи растојание, ако сите носат појаси, ако не гледаш мобилен, итн. 150 ако возиш може да плачеме, ти, тие во кола и колите околу тебе. Ако ти се спие, нема да седнуваш позади волан. Нема дискусии. Ако добиеш ке земеш апче и ке почекаш. Незрело рамислуваш, а од тие искусните што ти кажале дека не се кочи, е од таквите народ умира на патишта.
Па на автопат не се кочи до застанување, не знам што не ти е јасно? Меѓу другите правила што си ги навела, исто така и не треба да возиш бавно на автопат. Имаше пред некоја година несреќа така на излез од Скопје. Паметните полицајци застанале кола на автопат и позади удира камион и во колата и во полициската кола. И загинати имаше.
Нема ништо за инаетење. Ако почитуваат правила сите, кочењето нема да е опасно по живот. Сообраќајки минимално. Ако ти е полесно да кажеш дека си лева отколку да признаеш дека не си во право, добро. Споро возење ти спомна од нигде никаде. За случката не знам и не можам да коментирам.
Ти изглеа мене не си ме сфатила Ја не зборев за почитување правила, кој колку вози Ја реков дека на автопат не се кочи. Ти може ќе возиш 80 Тој позади тебе 130 ќе вози и ќе те излупа На Скопје-Тетово шо е дупки цел автопат 200+ им мерат, ти збориш за правила Баш пошо никој не ги почитува, не се кочи Не мислам да се повторувам пак.