buba4e89 и Feminka22 , овие како тебе зачленети пред 48ч на форум ги мачкаат како Аргета на леб. Стаж ти фале тебе тука. За почеток иди на Секс темата.
Хахха тебе изгледа треба да те заштитиме како бела мечка. Така ти вика дека тука машките идат само да ловат жени во секс темите. Од таму почнуват. Е ако не им успее, или се откажуват или продолжуват да не дружат другарски
Имам неколку работи да кажам. Првата е, мислам дека може да почнам да се декларирам како колекционер на reusable цевчиња, со оглед на тоа што досега имам метални(во две бои), гумени, стаклени, од бамбус... Најверојатно имам повеќе штета направено со сите овие, отколку годишно да си купував по една ќесичка пластични... Anyways. Друга работа, немам најјак осет за мирис и толеранцијата за непријатни мириси ми е голема, меѓутоа има еден специфичен мирис кој сум го приметил, на чаши, на прибор за јадење, на плочки, не би го карактеризирал ко влага, меѓутоа знам дека доаѓа од вода, буквално не можам да го поднесам. Потоа, многу често се случува да се замислам за некој збор дали е реален и дали навистина постои, или пак дали сум ја употребил точната форма на истиот. Ко на пример прееска во еден пост, петпати се предомислив дали треба преработи, или преработува да употребам и најчесто за вакви ситуации крајниот збор го има онлајн речникот. И за крај, секогаш кога сум down, менувам боја на коса, или фризура и секогаш има успешен резултат, колку поекстремна промена, толку подобро.
Ич немам проблем на гости ако кучето или мачето таму околу мене сака да се гали и да си игра. Ич. Особено со мачки уживам. Ама нешто преодвратно ми е да јадам храна ако претходно милениче ја допирало со шепи или лижело. Абе колку сака нека е вакцинирано и дома да ти е чисто, животинска плунка неќам у уста. И не сфаќам како некој му е кјут тоа и е увреден ако друг одбие храна во таков случај.
Не ми е јасно зошто пред спиење отварам теми како Снаи и свекрви. Моментално се будат во мене сите револуционерски гени. Што ми требаше ова у 10 за 12. Ах жени бе... што тргате у 2023.
Хаха исто. Почнувам да се осеќам како the main good guy шо треба да оди да ја спаси damsel in distress од the villain