Колку е само краток веков за да се замараш дали торта се јаде со вилушка или лажичка, не е ни тоа поентата, уживај и наслади се, така е и за се во животот.
Не знам шо зимате денски Ама сообраќајот денски и навечер не е ист дефинитивно Не дај Боже преку ден у кола некој да влезе Безобразни сте и без осет Копита
Koa vidam kolku po glupi luge od mene se na mn podobri poziciii ide mi da se obesam so produžniot kabel
Седам се мислам дали да купам авионска карта од 34 или 42 евра, која поевтина ми била, додека лапам суши од 15 евра... И ја се просеравам брате, не ми е лесно. Идам да си врзам два три шамари, па ќе се вратам.
Жена сака да подари мачка бидејќи не можела да ја храни и пишува во ФБ група фино и културно, дали некој сака да ја вдоми мачката. Простоќа од народ, ѝ се нафрлаат колку можела една мачка да изеде, не била способна една мачка да нахрани. Кога не знаете колку кошта одржување на животно ич не пишувајте. 500 денари е 10кг песок, а се троши за нецел месец ако е возрасно маче, пакетче течна храна од 85 грама (за едно јадење) е 40 денари, сува 300грама е 100 и кусур денари. Е сега не е многу ама некој ни толку нема. А каде се препарати за сечење нокти, чешел посебен (еден фурминатор е 700 денари), играчки, гребалка за да не ги качи ноктите во мебел и ред други работи да не ги споменувам. Колку можело да изеде едно маче? Епа не може да се усвињи колку тебе Славице, ама некој ни тоа "малку" потребно за мачка да одржува го нема.
Во последно време на форумот се чувствувам како во затвор, има неколку членки што на секое мое споделено мислење, ме напаѓаат мене, ги напаѓаат мојте, ме навредуваат и омаловажуваат изнесувајќи работи за мене кој што сум ги споделила порано на форумот, ме прават од ѓубре подоле со културно' пишување на секакви гнасни работи..
So ti e gajle za nivnoto mislenje,pisi so sakas,ako ti vrakaat na sekoj komentar tvoj bidi srekna,te citaat a toa so pisat tie si kazvaat kakvi se navistina,uzivaj,jas sekogas pisam glupost pa mi e gajle koj so mi vratil
Налетав на reel со најавната шпица за "The O.C" и инфо дека пред 20 години била премиерата на првата сезона. Првиот коментар ме погоди: Ахх, тоа е тоа топло, ама грдо чувство што ја јаде душата. И ми е мило и ми се повраќа истовремено. Иначе серијата ја пратев кога ја даваа на А1, па ја зборевме утредента со другарките во школо или си ја прераскажувавме епизодата ако некој не ја изгледал. Денес голтаме серии во еден ден, може да падне некој општ муабет околу некоја серија и тоа е тоа. Ееееее, времиња....
Стално по групине анонимни постови "ве молам без осуда, се породив со царски пред 3 месеца, 5 месеца, 8 месеца, пак сум трудна. Ме фаќа паника не сум во состојба да се грижам за две мали деца, и да поминам пак низ операција." Како тоа другите мајки можат да помогнат? Зошто не е искомуницирано со партнерот на време дека треба заштита да се користи, дека лесно се забременува дури и ако се дои итн. Партнерот е во истата приказна и треба да се грижи за својата партнерка исто така како што и таа треба да е претпазлива и да внимава. Сите осеќаме сексуална потреба, страст, момент... ама грижата за сопственото физичко и ментално здравје, треба да е пред се! Исто и од страна на партнерот, бар он не е хормонален и може да ја уклучи главата дека треба да ја заштити сопругата и дека може лесно да ја забремени. После партнерот никаде го нема, а жениве бараат совет од непозната раја. Ете кажав што имав да кажам.
Го видов постот и прочитав коментари. И баш за слично пишував скоро. Секогаш кога некој ќе објави за свое или бездомно животно да му се најде дом, идат следбениците на Анима Мунди да си ја покажат чистотата во душата и да те опцујат зашто ти не го чуваш/вдомиш. Баш имав објавено и јас еднаш за фрлени мачиња во моја населба и намерно објавив анонимно од истава причина. Или на една син ѝ бил алергичен и морале да го дадат мачето иако многу го сакале. И тука совети дека треба детето баш ради алергијата да поминува време со мачето. Тие кутрите од полен бегаат ко ѓавол од крст у пролет и лоратадини пијат ама за детето со мачето нема проблем.
Мојот мачор на коментаров: Инаку обожавам животни и скроз разбирам некој да не можи да земи ради било какви причини (финансии, не можи внимание да обрни, се плаши - скроз можи некој да сака и да се плаши, алергии итн). Од вакви групи излегов уште одамна оти другарка ми постојано пишеше дали било то помош за улично куче шо однела на вет, дали било то за некој познаник шо нашол маче и не можи да го чува и секогаш имала некоја препичена во коментар. Секогаш во меморија ми остана една од Охрид, имала 7 мачки и као, шо проблем имала та да земи мачето, а девојчево одеше на работа ко го најде, го слика и објави и дур беше на работа та јас читав коментари. Јас тогаш имав 12 мачки и му пишав на дотичнава "стигни ме бич". А вакви примери милион ебате напнатите. Од ваквите holier-than-thou единки шо ќе ги најдиш, поќе ме нервират само тие шо неќат животни ама трубат како проблемите со улични животни требало да решат љубителите со то шо "ќе си ги земеле дома". Барем овие првите си прам филм дека се фрустрирале и станале толку неподносливи ради вторите. Вторите се само зли од старт и нема назад ко ќе имаш црно срце.
@Ketchup Не зајдисонце, ама општо некаде ако најдете да е сончево барем 4 часа straight, викнете ме и мене, и ја сакам слика Времето е баш, ја сам била шокирана, и он је био шокиран Туку, СДК: Едно нешто што сфатив во изминатите 3-4 години е тоа колку луѓето кои се мизерни и незадоволни од нивниот живот сакаат и ти да бидеш таков Ако тие се мачеле/мачат и се несреќни, мора и ти така. Не поднесуваат некој да е опуштен и да ужива, до степен што ме лазат морници од таквите I don't want your life
Јас што имам контакт со луѓе од други држави, насекаде е вакво никакво. А иначе да, misery loves company, општо познато е тоа.
@Ketchup Samee Кај другарка другарка во Лондон стандард Мтв време, во Белгија слично, кај таа од Шпанија како кај нас Кај другарката во Каиро пак песочни бури. Од една крајност во друга, или ќе си заледен или спржен Баш вака https://www.instagram.com/reel/Cs5NvSSBwQS/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
Ми текна на постов од пред скоро. И увек нека ви текнува и вас секој пат кога ќе се осмелите да кажете дека власта од народот излегла, дека народот е крив, дека народот ништо не бара, дека не е ич до власта. Колку животи со смс се спасија, колку храна и облека се донирале од поединци, дечково 2000+ компјутери има дадено на социјално загрозени. Во странство чуле за него, со благодарници е и ниедно ебено министерство или смрдлив газ у фотелја не му понудиле финансиска поддршка за целава работа што ја прави. Ама не, нИе СмЕ кРиВи за секоја белја што ќе ни се деси. А еве, истиот тој народ помага, донира, некогаш и на свој трошок. А каква корист имате толку да ги браните еве никогаш не сфатив.
Deneska na edno mesto sreka otidov unapred pripremen so diazepam, i pomimav dobro, ne me izneeviraa so svojata nesposobnost i nekompetentnost!
ФБ групите, за било што, се отров. Во група за одмор во Грција, луѓе најкултурно си прашуваат за временската состојба моментално, темп. на вода итн. и секогаш во коментари изобилува исмејување, подбивање, иронија, цинизам и лошотилак. Страшно колку преовладува негативна енергија на социјалните мрежи.