1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    СДК... Здраво. :hai:
    Многу работи се променети тука, многу нови членови, дискусии, пријателства... убаво. :) Со оглед на тоа дека тука поминав две-три години (сум имала само 14 :wasntme: ), почувствував некоја потреба да ве поздравам и да ви кажам дека се е океј. Некако се пронајдов себеси и покрај тоа емоционално и психички се чувствувам исполнето. Учам, се забавувам, ги правам работите кои ги сакам. Живеам активен средношколски живот, што дури некогаш дома си доаѓам само за малку сон. Дел од сите оние желби испишани низ моиве постови ми се исполнија, дел не, додека пак за многу од нив веќе од оваа перспектива мислам и дека се глупости (не дека нешто многу пораснав, ама сепак) :D .
    Размислувам колку пати можеби со некоја од вас сме седеле во исто кафуле, сме биле излезени на исто журче или сме делеле седиште во автобус, сериозно. :D Сумирано најкратко што можам, дур ме немаше ми се случија многу работи. Успеси, разочарувања, интересни искуства и доживувања... Меѓутоа една од подобрите е тоа што мислам дека го најдов вистинскиот пат и се надевам дека во понатамошниот животен импакт ќе пораснам во една свесна персона. Вие добри? :)

    http://www.youtube.com/watch?v=Pib8eYDSFEI

    Ви оставам нешто. :*
     
    На 2468, Gea, Buttterfly и 24 други им се допаѓа ова.
  2. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Одлично, нова тема СДК... за момент се исплашив дека нема да имам каде да си ги запишувам моите импресии, чувства, настани :lol: СДК ми стана дел од мене.

    Има група на луѓе што неможам никако да ги сварам. Тоа се бесрамни манипулатори, што те познаваат она по потреба... кога имаат некоја корист од тебе.
    Еве еден пример пред некој ден си идам од продавница накај дома, кога гледам една колешка што од дамна не сум ја видела, и кажам Здра... си ја сврте главата и ме одмина како да не ме виде. И еве ја денеска на фб ми пишува нешто маци цуци лигавења и кога ја читам СЕМИНАРСКА ми бара- епа нече мочи! :!: Секогаш кога ќе си речам дека некој неможе да ме изненади со својата нискост оп ме изненадуваат дека сепак- можело!
     
    На anggell и manja666 им се допаѓа ова.
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Многу е „awkward“ кога ќе седнеш со некој, на исто седиште во автобус. Поточно, не на истото, него до него. :D Се познаваш со таа личност, ама не знаеш што да кажеш. Сакаш да рчнеш некоја тема, да размениш некои интересни мислења, ама ко за инает, не ти текнува ништо.
    Е тоа ми се случи мене, пред некој ден. Се почувствував како таксист. Не знаев што да кажам, па вртев теми за времето. :D А особено како што сум муле у живо и понекогаш навистина не знам што да кажам. Баш колку што повеќе се трудам да кажам нешто, толку повеќе ќе ја треснам онаа најголемата можна глупост. Ќе ја потргнам главата на некоја друга страна, и ќе си направам еден facepalm. :fubar: А уште ако се погодат онака повеќе автобуски станици... шта да ти причам, кад све знаш. Едвај чекам да ми помине време. Или евентуално, да ми текне нешто интересно да кажам.
    Ај да речеме, ова е за личностите што сакам да ги видам, а не ми иде муабетот... Ама за оние што не сакам да ги видам? Поточно оние што ги гледам еднаш годишно и немам тема на муабет. :tmi:
    - И ти што праиш?
    - Па еве, се возам во автобус...
    (ако не виде :rofl: )
    - Како си?
    - Добро, ти?
    - Па и јас добро.
    - Е па, добро.
    [​IMG]

    А пред некој ден, доживеав и судар во автобус. Ама дури откако сите почнаа да излегуваат, сфатив дека било судар. Ради тоа што за мене е вообичаено, нормално да шетам од еден крај, на друг. :D

    Неисе, имате некој совет, како да се згреам, а при тоа да не се доближувам до парно, греалка или печка? :D Од нив, бегам како ѓавол од крст. Само ради превенција. А прееска, додека шпартав низ дома, приметив дека цела чорапа ми се извртела наопачки. Ко за беља, застанав во близина на радијатор, за да си ја наместам. :D Застанав на една нога и изгубив рамнотежа, добро е што креветот беше близу. Се исконтролирав некако, па се фрлив врз креветот. :D

    Кои филмски случувања ми се случуваат... Една другарка ми вика: - Добро бе Елена, како се` на тебе такви работи ти се случуваат? - Еее, финта. [​IMG]
    Јас мислам дека ќе да е до тоа огледалото што го скршив пред неколку месеци. Или можеби со таква ѕвезда сум се родила. :wasntme:
     
    На bittersweet, Kaley, kala21 и 12 други им се допаѓа ова.
  4. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.489
    Допаѓања:
    8.288
    Пол:
    Женски
    He се фрлај на раатлук многу султанке :P
    Cамо уживај Xурем,така треба 8)
     
    На hurrem му/ѝ се допаѓа ова.
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Од убавини да не куртулам пу пу пу да не се урочам..........
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Сериозно се ежам кога ќе чујам дека возрасни луѓе од по 25 години и кусур, во врска еден со друг се нарекуваат муле, бебуш, златушко,пиле, буци, цуци и цела зоолошка у деминутив.
    Возрасни сте, а не е ни знак на љубов, не е ни слатко дури кога ве слуша некој од страна.
     
    На calliope, kala21, richgirl998 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Епааа
    Happy Birthday to meeee !! :party: :party: :party: :party:
    20 :) Не можам да си повервам просто, го добив најубајо поклон за роденден.
    Добив и стипендија имам и двојно за славење :D
    Пресреќна сум луѓето околу мене ми го напраја весел роденденот ми запееја и ми честитаја, дефинитивно не ми треба никој друг, со мене се сите оние шо ми значат.
    Среќен роденден и на мама и на бати успех на секое поле, Ги сакам најмногу.
    Да ве почастам како шо си иди редотт :)
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, Kaley, kala21 и 32 други им се допаѓа ова.
  8. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Едвај чекам да помине зимата.Сакам да си продолжам со џогирање :)
     
  9. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    ^ Среќен роденден Ади. Ти посакувам се` најубаво и успех на секое поле. :*

    Туку, сакав да кажам дека за мене Јануари е еден од најдолгите, најтешките месеци.
    Овој ми беше и најдепресивен досега.
    Не паметам дека нешто убаво се случи изминативе 31 дена.
    Се надевам дека од сега натаму ќе биде подобро.
    И после сета таа депресија која владееше во мене изминативе денови, конечно можам да се пофалам дека последниве 2-3 дена се чувствувам подобро.
    Си го исполнувам времето со работи кои ги сакам, со луѓе кои ги сакам и кои ме прават среќна и пробувам барем малку да заборавам на лошите работи и да се сконцентрирам на подобрите и да ги гледам работите од посветлата страна.
    Патем, се случија неколку убави работи кои премногу ме изненадија и ми ја вратија насмевката. Мислам, редно беше. :)
    Покрај тоа, времето ми поминува и во надеж и чекање на важни работи кои би ми го промениле животот во целост.
    Тоа малку ме загрижува и се плашам дека нема да успеам, а толку многу го сакам ова.
    За љубов не сакам ни да зборувам. Триста испреплеткани работи, далечина, страв од разделба...

    Но, не се откажувам. Барем не сега.
     
    На bittersweet, lana.del-rey, richgirl998 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    После тајната која ја повреди таа ги пушти нејзините солзи... Тој молчеше,незнаеше што да каже.
    Душата и се исполни со омраза,светот се сврте против неа.
    Тргнувајќи накај дома ветерот силно удираше во нивните гради.Таа се бореше,тој беспомошно се движеше знаејќи дека е крај. Стоеа сами,двајца на улицата.Чекаа такси. Тој скаменето стоеше во едно место а таа? Таа се движеше наоколу,место не ја држеше. Тој на секоја минута ја погледнуваше знаејќи дека можеби за последен пат го гледа нејзиното лице.Лицето кое премногу му даваше подршка,беше со него во сите негови моменти. Лицето за потпора,лицето за љубење,лицето на насмевка,лицето за борба.
    Движејќи се наоколу застана позади него.За да го гледа,да ја гледа неговата болка,да ја гледа причината за нивната несреќна љубов. Тој повторно се вртеше накај неа,ја погледнуваше без збор.
    Ветрот се повеќе виеше,се повеќе удираше во нивните гради.
    Таа се бореше,тој беспомошно стоеше.
    Размислуваше за нејзиниот живот преточен во приказна.Живот кој не ќе беше живот без него.
    Таа многу пати ти кажа бори се,не застанувај.Незнаеш,има уште малку.А ти.Ти? А ти мислеше дека таа не те сака,дека таа ти мисли лошо.
    Другар се лажеше. Таа се почувствува најпосакуваното суштество на оваа планета.

    Тој-Јас ќе платам такси.
    Таа-Не сакам ништо повеќе од тебе.
    Доволно сакав.Сакав нешто што ме повреди.

    Само ти,што си горезнаеш што ќе се случи.

    -Нејзиното срце.




    -После испраќањето на оваа порака на фемина и стигна порака на мобилен пишувајќи ,,Дали ме мразиш како што ми кажа?''
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.558
    Пред друштво,глупо е,по дома интимно, како сакаат нека си се нарекуваат, јас немам ништо против ако тоа и предизвикува чувство на блискост.
    Ако зборуваш за пред други луѓе, се согласувам, воопшто ако е, онда не. Се дур луѓето се поврзуваат и сакаат, навистина сакаат така, онда нека си тераат работа.
    А што е знак на љубов? Има дефиниција за знак на љубов? За некого се тепачки по дома. Ќе се испоубијат и ќе речат, ама ние сепак се сакаме...
    Дај барем љубовта не ја ограничувајте. Мислам дека е преарогантно секој за себе си да мисли дека тој е способен само да почуствува љубов и да ја искаже на некој поправилен начин од останатите.
    Јас ако го наречев по цело име во врска, знаечеше дека сум многу лута и обратно, освен во друштво. Не останувате безидентитетни ако имате псевдоними на милост.
     
    На bittersweet, Gea, Umbrella22 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    ^Конкретно примеров кој што ме инспирира е од моево друштво и да станува збор за тоа како се викаат во друштво, на пример пред келнер ја прашува што ќе пие неговото муце. |( И да, сериозно е за вртење очи и е крајно невкусно, да беа тинејџери да ги сфати човек, ама луѓе од 26 години да се однесуваат цело време така неможам да го сфатам и да го оправдам, а не ми ни звучи мило кога ќе ги чујам иако тие го мислат спротивното.
    И пак ќе спомнам, по дома нека си се викаат како сакаат, не е мое да навлегувам во тоа, секој си има свои интимни работи или прекари кои ги споделуваат само партнерите, ама кога си возрасен човек според мене некои работи се недозволиви и нека си останат само за нив двајцата. Јас ни општо не ги сакам тие прекари, попрво ќе изберам некој нормален отколку бебуш, златуш или сл. Ама добро, секој со свое мислење.
    Инаку кога веќе ја спомна дефиницијата за љубов јас ни најмалку не реков дека тоа е нешто кое што јас само сум способна да го почувствувам а не другите. Само пак ќе спомнам, зборев за конкретен пример и бев инспирирана од нивната приказна. Да, дефинитивно во нивниот случај мулињата, прасињата, бебулињата не се знак за љубов.
     
    На Gea, Domino, Barbie20 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Иако никогаш не сме се нарекле така во јавност со мм, имаме познаници кои така си се викаат и во друштво. Воопшто не ми пречат, ниту го сметам за лигаво нивното однесување, уште помалку пак ми дава слика за нивниот карактер.

    Повеќе ме иритира некултурата и оттуѓеноста на луѓето. Со години што сте делеле иста клупа понижување му е да ти каже едно „здраво“ освен ако нема некоја конкретна потреба од твоја помош, да не почнам за киселите намрштени едвај-чекам-да-се-испокарам фацки, поради кои доволно е да бидеш културен и љубезен за да станеш или чуден за средината на ниво на Марсовец или пак да развиеш параноја кај другите „оваа сака нешто корист да извлече од мене, чекај да подразмислам со што можев да и` бидам од корист, хмм.“ Тие манири се изгубени до тој степен што, ако ги покажеш ти лепат етикети на лицемер, на подлец, на манипулатор, па и на злочко. Овие „цуце/муце“ ми се бенигни феномени во споредба со оваa провалија во која полека но сигурно тонеме со чест на исклучоците.
     
    На hermosa, richgirl998 и Antoninaaa им се допаѓа ова.
  14. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Среќаааааа. Конечно :$ Само нека потрае!
    Одамна не сум се чувствувала вака.
    Чувството кога не можеш да заспиеш затоа што ти иди да скокаш од радост...ах непроценливо е :$ И нема ништо подобро од тоа кога ќе заспиеш со насмевка и ќе се разбудиш со насмевка.
    Тоа што потешко се добива повеќе се сака, така ли беше? Се уште не можам да си поверувам....
    Полека коцките си се редат онака како што треба да бидат. Нема посреќна од мене :rofl: :$
     
    На Adi888 и Barbie20 им се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.808
    Допаѓања:
    38.276
    Пол:
    Женски
    Гледав некои стари фотки, барав заљубена од моите, да им нацрта брат ми портрети за роденденот на татко ми...безброј слики, безброј спомени, парови, луѓе кои веќе не се меѓу нас, луѓе кои веќе не се заедно, цела една мината приказна, убави се спомените, жално е што од некои луѓе само тоа и останува.
    Ги гледам моите гулапчиња на млади години, заљубени, чиниш се топат еден крај друг, мајка ми со долга виткава коса, слаба и доста модерно облечена, татко ми со коса на глава која сега скоро веќе ја нема, се гушкаат, играат, танцуваат, безгржни и млади и гледам колку уствари животов им ги има врежано своите траги на лицата и телата, тоа е пред околу дваесет и две-три години, а чиниш состареле цел еден век...убави се заедно, преубави...
    Јас обожавам фотографии иако во ова ново време сите се на цд и флешови јас си ги сакам старомодно, ги вадам и правам колажи, ги ставам во рамка, така некако ми се пореални и подраги, да ги имам на дофат.
    Иако човек не треба да живее во минатото јас сметам дека многу треба да го цениме, какво и да било, тоа не дефинира.

    А деновиве полжави.Ми се вдишува пролетен воздух, ми се слуша славејче, а нема.
    Некако зимава ептен се оптегна, некако ми е многу долга и празна, некако е депресивна од време на време.
    Животов главно се врти околу немање пари да направиш ова или она и тоа ужасно ме мачи.
    Живеам со надеж за подобро утре,а тоа никако да дојде.
    Деновиве како што кажав само за слушање
    http://www.youtube.com/watch?v=klKCeFDnDiI
    и сонување подобри светови.
     
    На Foreveryoungiwannabe, bittersweet, anuskaNESTLE и 6 други им се допаѓа ова.
  16. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Наскоро Пролет...моето омилено годишно в.
    Кога воздухот ќе мириса на свежина и чистост, и кога насегаде околу нас ќе има весели бои !
     
    На Gea, Domino, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  17. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Зима најодвратно годишно време што постои,ах златно лето каде си те чекам со нетрпение. :^)
     
    На richgirl998, Antoninaaa, Adi888 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Научно е докажано, со добро друштво лош ден нема! :)

    Имајте убав ден.
     
    На Elennaa и rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr им се допаѓа ова.
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Секој од нас има свој животен пат,добар или лош,сами избираме.Тој пат е полн сомнежи.Ако не веруваме дека таму некаде е нашата ѕвезда,како ќе знаеме дека чекориме по вистинскиот пат?
    И ништо не се случува случајно.
    Во секое добро има лошо,ама и во секое лошо има нешто добро.Само ни треба сила.
    Мора да бидеме истрајни.Вербата во себе значи трпение.А трпението да се надеваме дека не води кон спасение...
     
    На hermosa, vinozito1, Barbie20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    4.536
    Јас,можам да си дозволам да се „сопнам„ понекогаш,пошто секогаш одам го крената глава,за разлика од некои што никогаш не се „сопнуваат„ бидејќи се навикнати да се влечат како црви!
     
    На Ina Lina, poenta и vitomir им се допаѓа ова.