Колку повеќе сакаш да се зближиш со некоја личност толку повеке бега од тебе,колку повеке и пружаш нежност и внимание толку повеке не е заинтересирана за тебе,колку повеќе сакаш некоја личност да се видите и кафе да пиете толку повеќе таа личност ке си ги подигне акциите и ке си мисли дека е неодолива,а тебе ке те смета за очаен,е од таквите личности бегајте што подалеку,затоа што мислат дека вредат многу како личности,а всушност во очите на другите се поситни и од зрно грашок. Пс Имаат комплекс на повисока вредност.
сдк...Значи стварно си крив секако,па дури и кога сакаш да помогнеш,какви луѓе.Колку и да се трудиш за нив не вреди ни малку,расположен си ама ќе ти го уништат цел ден ...и после се прашувам дали јас правам нешто лошо ? Неееее,нее...не сум јас,до нив е.Едноставно не знаат што сакаат па напаѓаат се околу себе,сите се виновни за нив. А јас, јас никако да се навикнам на целиов свет,на се околу мене,на тоа какви се луѓето. Spoiler Не сакам да ви пренесувам негативна енергија на вас тука,само сакав да кажам. Форумџии мои имајте убава вечер сите и бидете среќни секогаш.
И да постигнете најголем успех,и да го добиете најскапоцениот подарок, и да сте опкружени со најмногу пријатели, ништо не е нај штом очите што ги љубите ги нема да ве видат
Ова е во Америка,тука оваа зима ни заврна многу пати по многу снег,моментално надвор има пола метро снег,а треба да престане да врни снег дури утре,ништо чудно до тогаш да не затрупа и покрај тоа што врни снег надвор е многу ладно -6 степени а минатиот месец температурата се спушти и до -23степени
Денес сакам да се пофалам.Луѓе,многу,многу сум среќна и радосна.Оваа 2014 година ми започна преубаво,се надевам дека таква и ќе продолжи да биде. Причината за мојата среќа е што конечно ќе ми се исполни една моја голема желба. Ќе одам во Италија!!!Ах,се се одлучи така наеднаш па пред една недела некој да ми кажеше дека навистина ќе одам,немаше да му поверувам.Се чувствувам многу убаво и исполнето,навистина,чудно ми е. .Една од моите омилени земји,едвај чекам. Сигурна сум дека преубаво ќе си поминам,па во иднина ќе прошетам и низ многу други земји.Ќе се случи и тоа,штом сум го наумила..... Ве поздравувам сите!
Му раскинав на дечкото... вчера бевме заедно цел ден после школо, се трудеше, ама цело време како да бев на втор план. Не направи ништо лошо, а сепак јас лошо се чувствував. и плус, кога зборував, многу пати не ме слушаше... И преѓеска се слушнавме по телефон, имав да му кажам 2 прилично важни работи, за утре, и само што почнав со првата, ме прекина и почна да зборува за што си купил за јадење. и после тоа Чао.. А мене толку ми требаше...... сега се предомислувам
На почетокот, шахот ми изгледаше како идиотска игра во која неактивните луѓе мислат дека прават нешто многу мудро, додека си го трошат времето залудно, фрлаат часови, денови, месеци па и години во ветар и магла. Со текот на времето, сфатив дека шахот всушност е огледало на животот. Кралицата е најмоќната фигура на таблата, а по некоја контраст, кралот е најранлив и бавен. Игра во која жените се моќни, а мажите чувствителни. Некој е само обичен пиун, кој знае дека ќе биде жртвуван. Сите сме дел од играта, игра во која грешките се таму и чекаат да бидат направени. Секој свој потег го доживував како да поместувам една фигура, и во истиот момент кога ја спуштам на полето и тргам раката од неа, ја гледам грешката која штотуку ја направив. И се надевам дека никој нема да забележи дека има отворен пат до мене, и нема да ја искористи можноста да ме повреди и уништи. Живот полн со грешки, победник ќе биде оној кој нема да ја направи последната. А на крајот од играта, кралицата, кралот, пиунот и сите останати ќе завршиме во иста кутија. Затворени во мрак, без шанса за реванш.
Многу ми е мило кога ке утешам некого.Многу ми е мило да расположам некого,да му го подобрам денот.Убаво ми е на душичкава кога ке знам дека сум спасила еден добар ден некому.Тоа е сигуно поради тоа што градам емпатија кон таквите луѓе...Го знам многу добро чувството кога ужасно многу ти е потребно рамо за плачење и некој совет макар и да е паднат од небо.Некогаш ја наоѓам таа личност која ке ми го пружи рамото,но некогаш и останувам така.Осамена.Не сама,туку осамена! И чувството е ужасно.Зошто некој друг да се чувствува така?Не неможам јас да оставам некого така.Морам да му помогнам макар и мојот крвен непријател да е! Mood: Lonely
онај момент кога пиеш топол чај и од што е толку врел си ја гориш устата,но желбата за да го оставиш да се излади е премала...
Убаво е чувството кога знаеш дека имаш пријателка која секогаш е тука за тебе и може потполно да те разбере, јас имам една таква и многу повеќе ми вреди направениот муабет со неа (макар 5 минути да е и еднаш во неделата), отколку секојдневниот муабет со други...
Како може?!? Како може луѓето да се толку неблагодарни?!? За се што му требе- кај нас, дење, ноќе- тука, нели се што е мое е и твое, јадење, пиење- се тука, тука па тука и на крај- што? Видија малку пари и купија неколку коли и една викендица и сега тоа ги прави различни од нас? Тоа ги прави како подобри? Веќе не се знаеме, го нема она слатко здравоо, нема веќе одење на гости. И што, нема да ме поздравиш заради тоа што до тебе стои некој од „високата класа“, од Големото Добро Утро и се срамиш од мене? Па дај бре свести се ти до вчера си играше во калта и носеше скинати патики, а сега демек дека се Nike или Adidas те прават нешто подобар, повреден од нас?
Некои чувства се прекрасни. Толку прекрасни што би посакал засекогаш така да се чувствуваш. А некои чувства толку ужасни. Толку ужасни што би посакал да исчезнат,никогаш така да не се почувствуваш повторно. Животот е глупа работа. Никогаш нема да знаеш со кого и како да постапиш. Но животот е и убава работа. Сепак животот ти е подарен со некаква причина. Имаш некаква цел на планетава,имаш некоја мисија. Колку и да е тежок животот,секогаш треба да се бориме. За мене тие што се самоубиваат се огромни кукавици,кои не биле спремни да се изборат со проблемите. Постојат луѓе кои се борат со најлошите болести,кои сакаат да живеат. Мене бабами ми е многу голем мотиватор. Стара женичка од скоро 80 наполнети години,се бори да живее. Со преживеан мозочен удар,што едвај оди од што ја болат нозете,СЕПАК СЕ БОРИ. Сака да живее,со апчиња,со креми,со доктори,сака да си проживее уште малку. Многу ја сакам,знам дека ќе дојде денот кога ќе ја нема...
Најкористен совет помеѓу македонците е „ќе биде подобро“ или пак „брат јебига, живот“. А мене косата најмногу ми се крева од „ќе помине“ . Што и да е ќе помине нели? Ќе заборавиш. Лесно да се каже. Постои ли личност што не е кажала „ќе помине“? Несреќа, депресии се чести проблеми а советите се „ќе помине“. Ма немој. Не поминува. Да, времето е лек за раните. Ама времето не е лек за сите рани. Времето нема да излече скршено срце, времето нема да не доведе до заборав. А помислите колку би било лесно сите лоши спомени да ни ги избришат, или да имаме амнезија? Колку само би бил едноставен животот нели? Ама сепак тоа не е смислата. Мора да ни биде тешко, инаку ќе ни здосади. Мора да има драми и проблеми. Како шпанска серија, таков е животот.
На повидок е крајот на уште една работна недела. Петок,конечно,долго очекуван ден,секогаш низ глава ми се вртело прашањето,зошто петок е толку близу,а сепак толку далеку? Март ни се смешка и пролетта е на повидок. Конечно се ближи крајот на ова тмурно време,кое ме тера на спиење и безделничење,без волја за работа,а без волја нема успех. Јас сум си летно дете,сакам да сум облечена во лесна облека,ја сакам плажата,ја сакам водата,го сакам сонцето... Деновиве ништо не може да ми го расипе расположението,дури ни тоа што сфатив дека другарка ми не ми била вистинска другарка,само го чекам моментот само кога ќе се стави крај на тоа смешно ,,другарство‘‘.Ми е гајле се живее и без другарки. Тоа сум јас,со бубачките во глава и пеперутките во стомакот,весела и среќна,јас како таква се познавам,а тоа лошото распложение,ќе остане таму во минатото,било па поминало,не само нова страница,нова книга свртив. Останатото и не ме интересира повеќе,само сакам да останам среќна за секогаш,ако ништо друго ќе се трудам барем.
Конечно да седнам и јас! Денес еден куп обврски завршив, и сега сум ептен изморена. На работа, во град, по продавници, дома да зачистам, пак на работа, па потоа и торта правев Ама само една мисла ме водеше и денес, а и претходните неколку недели - утре ќе го видам! Колку сум радосна, луѓе. После цел месец, конееечно ќе го гушнам, ќе се будам до него. Иако се работи за само 2 дена, ама многу ми значат моментите кои ги минуваме заедно. И после 4 години, уште чувствувам пеперутки во стомакот секој пат кога треба да се видиме. Ама ова далечинава тешко ми паѓа...Сега за сега мора да е вака, се надеваме и двајцата за подобра и заедничка иднина. Одам да досредам уште нешто, па на спиење. Во продолжение, еве ја тортата која сама ја направив Тоа е многу важно да се знае