СДК Секој пат кога ја слушам, ме потсеќа на едно лошо мартовски утро. За среќа добро завршено . . . https://www.facebook.com/reel/3356214604596193?mibextid=9drbnH&s=yWDuG2&fs=e
Така е да. Холандија, Белгија Англија по 28 степени. Еве колешката погоре спомнала дека и во Осло исто 28. Регулација на климатски промени наводно. А процентот на CO² во воздухот е намален од 0,04 на 0,02. Нешто не штима.
Не знам што е чудно да се зборува за менталното здравје, за психијатар, психолог и остали ствари. Како е чудно да се пијат антидепресиви, седативи. Сеуште не ми е верно дека ова е табу тема кај нас, а гатачки, бајачки се во ред.
Те разбирам. Ова време ми паѓаше глава на работа и никако не се издржуваше. И кафе пробував - џабе. Издржи некако после во слободен ден наспиј се ко човек.
Е тоа е трагично, шо немам слободен ден. Обично преку цел ден имам активности. Рано станување и автоматски се подразбира и порано да си легниш. Ја си легнувам, ама не заспивам. Цел ден ми се спие, навечер не.... Чаре?
5 пати облечени купени од фешн груп крајот на Април буквално за не цели 2 месеца станаа лом.Поголем ужас не сум купила до сега.Материјалот е грозен воошто не се чисти,испукаа целосно па и на последното перење почнаа да вапцат.Со кое право ги продаваат овие патики 8000 па од пазар да беа ќе беа по квалитетни.
Ја иам од OfficePlus и гајле немаат Ги изнаносев Ни се скинаа, ни се обоија И од други брендови имам од OP, гајле немаат Не знам зашо вака ти се десило…
Гледам членови со мнооогу допаѓања. Си мислам, од овие луѓе сигурно има што да се прочита штом на толку члемови им се допаднало што напишале. И ова е до моментот кога ќе ги начекам низ темите. Немаат мислења, си ставаат само сликички и набилдале допаѓања само заради тоа. Ништо лошо, форумот им го овозможил тоа. Само сакав да си напишам впечаток од она што го воочив.