Тука, на форумов, сум член пред се. Мои идентитети надвор од тука не се на повиквање како изговор за барање одговори. Има протокол. Да одиш на терапија. Терапија е и евалуација и психотерапија. Puberty blockers се последен чекор и лично, е нешто шо за мене 18+. Исправно или не, то ми е лична граница. Инаку шо би праела? Со сила ќе го облекваш како сакаш? Ќе го тепаш? Ќе го караш? Шо? Мора да соработваш со детето дур си паралелно авторитет. А не да си против него. Еве ти кажи ми шо би напрајла во таква ситуација и зошто то е точниот начин? Не дека има еден точен начин ама ако не одиш со дете на терапија и да се работи на проблемот - ме интересира пристапот. Наречи го љубопитност. Зошто ти го водиш воспитниот процес и ги диктираш условите на живот на дете. Јас би рекла хипокритично. Ама то е мое мислење. За педофилија нема пак да коментирам. Не знам дали свесно го зборате или вистина вервате во то. Ама дете е дете. И дете не е consenting adult. Поќе од тие "прогресивци" шо ги зборате ме плашат луѓе шо не го разбират ова. Пошто на крај памет не треба да падни дека дете можи да се согласи со возрасен полово да општи.
Не оти не е свесно, туку оти нема одговорност. Оти за малолетник родителот е одговорен. Не се обвинува родител, туку се зема на одговорност.Одговорноста од кај иде, може да објаснат компетентни. А манипулацијата од кај иде? Каква точно родова едукација им е потребна на деца во градинка? Каква родова едукација на деца кои ќе веруваат дека може да бидат птици, ако им кажеш дека е тоа можно? Педофилија е последно што ми паѓа на памет, just for the record.
Мислев на хормонска терапија,со која секако не би се согласила. Не знам од каде ти наиде идеја дека би го тепала....секако би се консултирала со стручни лица, што друго. И не,не би се откажала никогаш од сопственото дете,ако на тоа алудираш. Ова е стравот. Деца раснат во различни услови, манипулации на сите страни, се може да се случи. Не смее да има закон кој би ја избришал границата меѓу возрасен и дете. Извини што ти ја спомнав професијата, мислев дека е општопознато, сакав одговор од стручен аспект, но добро...
Немаше специфицирано хормонска терапија. И психотерапија е терапија. И консултации и евалуации со стручни лица. И ако то отпаѓа по автоматизам, шо останва? Ама ете, кажа дека то не отпаѓа. И мило ми е. Точно. И колку поќе ги учиме децата за нив и нивно тело подобро можат да се заштитат.
Не можам повеќе да го издржам овај притисок,сите среќни, а јас со денови си плачам.... И по кој знае кој пат моето семејство ме разочара и по кој знае кој пат сум здробена...
Разочарана сум од италијанскиот народ, груби, нељубезни. Во продавница два пати ми превртеа очи. Преубава е Катанија, има многу да се шета ама луѓето На пазар едни бутнаа кутија, ни да помогне нит ништо. Земав јас со продавачот собравме, тој што ги бутна уште па се кара и нељубезен, жена му се смее. Ужас, никаква култура. Се дезиорентирав малку, да прашам една жена гледам дама си викам сигурно ќе е љубезна, џабе. Ни а ни Б, ме одмина. Штета, едино водачот ни се погоди,алал да и е не прошета,ни објасни.
СДК дека ко родител немаш одговорност само да му овозможиш на детето јадење, облека, школо; и готово, си завршил работа. Попатно треба да му вградиш некакви позитивни вредности, мајку му; да го научиш што чини да прави, а што не чини. А не, после ко ќе биде возрасен зацапан у гомна пошо никој не го научил на подобро, судбината да биде виновник за срањата.
Сакам да кажам дека имам уникатна шанса да готвам подолго ама ме мрзи да испазарам. Многу сакав тортиљи. Во последно текстурата на поќето ми е гадна. Мини пити нема во маркетот до мене шо значи треба да одам Веро. Нема да одам оти е жешко и не ми е најблиску. Ако не одам, нема да напрам то шо замислив. Ако не можам да напрам то шо замислив, едноставно е - нема да готвам.
Сакам да кажам дека мачоров не смеј на маса. Ама ако не смеј на маса како личи ко скроз да припаѓа седнат на столица и да си јади од пајнче? Why is it wrong if it looks so right?
Кога ќе видиш дека некој користи "woke" во аргумент а е тотално сериозен, бегај подалеку, не вреди губење време за такви. Почнувам да си го практикувам овој совет лично, и морам да признаам многу поубаво ми е.
Стварно, ко ќе прашам некој дали ќе излегува и бил договорен и ми вели да, дојди. Едноставно, не ми се оди воопшто. Ако сакал ќе ѕвонел, ќе речел, дојди ќе излегуваме.
Никогаш нема да ги разберам луѓево што откако ќе влезат во врска, се дистанцираат од пријателите, ама очекуваат да си кул со тоа и да си достапен во секое време за нив, за што и да било.