Ги читам темине за диети и слабеење и жал ми е колку појма се нема како ни функционира телото. Значи пола кило у ден ќе изгубиш ако се измочаш, испотиш и исќењаш. И денес трипати ако јадеш, ќе качиш кило. Плус телесните ваги може да имаат SD од неколку стотина грама. Ако континуирано опаѓа или расте бројката временски, при што не дава огромни флуктуации у рамки на еден ден, тогаш можеш да кажеш дека слабееш/се поправаш. И тоа зборам за период од неколку недели/месеци. Не од прексиноќа до денес. Опседнување оти си качила 300 грама нема потреба.
Си мислам едвај чекам да дојде татко ми да си пецаме риби. Да, јас сакам да си риболовам од мала имам трска, знам и трска да си купам и да ја наместам се, комплет. Ми текна само дека цела недела сум на работа Животееее не си фер…
И јас кога бев мал, татко ми стално ме носеше на пецање. Ама ја бев доста нестрпливо дете, посебно ако не јадеше рибата. Он, можеше да помине со часови без да фати ништо, едноставно така, да фрли, и да чека. Никогаш не научив и како јадица да врзам. Потоа сфатив дека уствари не одиме да пецаме за да уловиме риба, туку да уживаме во процесот, и да имаме квалитетно време меѓу нас. И сега ми викаше да одиме на пецање, а не сум бил со години. Па, чекавме забраната да помине... Ама сега со дождовите не било идеално за риболов, не јадела рибата во матното. Проблем е што и јас сум со многу ограничено време. Ама наместо да одам на викенд некаде, треба да му ја исполнам желбата и да одиме летово бар еднаш.
Да Били многу релаксира и ти го опушта мозокот, баш кога мислиш дека рибата не се фаќа тогаш ќе се фати. И за многу теми можеш да си направиш муабет со пиво за освежување. Чувството прајслес.
Абе мајка ако не те изгори со збор кој друг. Се жалев дека за чистење морам да се затворам во една соба сама оти ако е мачорот со мене ептен се возбудва и го фаќат зумис. Де на крпа ми скока, постели ми растура, во метеното се препелка итн. И ми вика, мртва сериозна: "па знајш мачките се многу чисти животни, а ти толку ретко чистиш шо ко ќе конечно почниш за него то е среќен настан и не можи да ја скрие возбуденоста".
СДК дека на форумов се претерува со генерализирање на странство. Се' што се прави тука во Македонија, се прави и таму некаде во странство. Дали тоа странство е Германија или Тајланд или Бразил или Њујорк, нештата се прават. Секаде низ светот има луѓе што живеат со нивните родители, секаде во светот има луѓе што прават прослава штом им се роди дете, секаде во светот има луѓе што не работат од икс причина додека нивниот партнер работи, итн, итн, итн. Сите тие нешта ги има секаде низ светот, а не само и единствено во Македонија. Многу е глупаво да кажеш "тоа и тоа го има само тука во Македонија." Секако дека во подобро развиени држави и кај економски постабилни луѓе и фамилии се има повеќе избор и шанса за понеограничен живот, затоа и во нашава држава поголем е бројот што има проблеми. Ама не сме единствен народ што ги води тие битки. На крајот од денот, битно е да си среќен. Ако не успеваш да најдеш начин да бидеш генерално среќен, која е поентата на било што.
Мора да дам апдејт. Се препотив. Од мачорот, не од варосвањето и генералката. Братот ми се закачи во поликолорот, ме касна дур му чистев шепите, хиперактивен е од 11 само трча, ми се криеше под најлоните на мебелот и се бркавме низ соби (и чистев по него) ко лагано си ги помина со боја шепите и оставаше бели чекори. Понатаму се бркавме да го приберам во една соба, се качи над собраните теписи за да бега од мене, скокна се преврти и дур пробваше да избега се излизга и заврте неколку пати. И сега лежам на кревет, се околу мене е лом и конечно прв пат денес застана и гледа од џам, а јас преморена не од четката и дамки шо бришам, туку од него. Сакам да кажам, да мачки прат да е потешко ama god damn колку е забавно. Башка кардио и пол. Некои мачки се мирни. Некои мачки се ко мојов. Спојлер
Сакам да кажам дека the best feeling е кога ќе излезеш од фризер со измиена и средена коса,и се чувствуваш како нова ти