Ne e normalno od 33 stepeni da dojde na 18 za 24h,ne e normalno sto za 10 mon so ziva voda a potoa te stresuva i ladno ti e...znaci sekoj tret covek kaslje srekja ne e korona aktuelna . Me gusi ovaa vreme,mi stvara nervoza,se osekam kako da ne sum spiela 3 dena katastrofa
Убав е денот за човек да игнорира се небитно, дали неред во просторија, дали небитни луѓе и нивните "добронамерни" коментарчиња. Како беше, деј офф, фак офф
Уште полошо е и ако имаш пмс. Ја,готова сум. Едит:Честит Курбан Бајрам на сите од исламската вероисповед.
Мајка на две деца си го одзема животот со труење, а прошталната порака укажува на можна тортура, заклучување и психолошко насилство Зошто за овој случај никој не објавува, никој не реагира, никој не протестира за злоставувањето што жената го трпела од 6 (ШЕСТ) мажи што ја довело до степен да се самоубие? Кај се институциите да работат на случајов? Кај е полицијата? Зошто била закопана без обдукција иако била во вториот месец од бременоста? Кај е црквата да искаже став?
Луѓенцаа спуштајте ролетни навечер или гасете светло ако планирате да се гушкате, се се гледа. Инаку си седам на тераси, си пијам кафе и случајно упатувам поглед во зградата карши мене и гледам ќе имаме нов член наскоро во мало.. Убава вечер дечки кои и да сте, слатки бевте ама срамота е да ве манијачам. Spoiler: . Ако сте на форумот се пронајдете и прочитате спуштете ролетни
Кога пишувате мудри мисли од твитер, барем пратете скрин од твитот. ФМП Бтв и ние што плаќаме струја чекаме да донесат закон да не плаќаме, си ги бараме правата. Оти МПЦ не се секирале за сиромаштијата и корупцијата. Додека другите што крекаат за албанофобија не се свесни оти дел од срањата у државата ни се од тие што не знаат да гукнат македонски додека работат во државна институција. Исто срање со различно паковање се со МПЦ.
Не бери гајле чедо, законот за неплаќање ќе биде донесен со европско знаменце, а извесен амбасадор од извесна еу држава, кој е против законот, е верски индоктриниран Сдк -стилска фигура-сарказам.
Едвај чекам. Клима, бојлер, машина за перење уклучени 24/7 беспари Ма биткоини ќе копам бе. #богаташицадабудем
Пушти ја и водата да тече Е, и друго на тема вода. Сдк битно известување- измислиле и стаклени шишиња. https://kumanovskimuabeti.mk/zoshto...-piete-voda-od-shishe-koe-stoelo-vo-avtomobil Сдк браво за незнајниот пронаоѓач на стаклени шишиња, без никаков сарказам и слични стилски фигури.
Се собрале група од 5-6 деца пред зграда и си играат,нормален џагор ,ништо посебно бучни. И слушам глас на соседот,ајде сите секој пред своја зграда да играте ,правите бучава. Ај што не разбирам едвај се собрале и тие 5 деца,ретко денес и да видиш деца надвор,кој по дома на тел.,кој отселени и тие возраст кај 9 години,па уште и секој пред своја зграда. Па сите сам по сам ли ќе си играат бе човече пред нивна зграда?!!? А да си се напиеш ти едно дијазепамче и да ги оставиш намир и на децата а и тие по дома што те трпат таков намќор. И убаво што денешните деца ,знаат да се спротистават,па убаво ти одржа едно од нив лекција ,на многу покултурен начин,па ја вовлече главата внатре. Вештер.
СДК дека мозокот ми лежи у hammock у глаата и се љуља. Не ме заболе за нишо, ама во позитивна смисла. Иначе, ако на некој му треба да се изнасмее, нека ги прочита коментарите на видеово: https://www.instagram.com/reel/CtuXI-bAFhD/?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
Основната намена им била за на палуба на брод,антиалергенски ,и удобни.Ги рекламираат познатите,затоа и се толку популарни а производителот има од продажба заработено вртоглава сума. Плус некоја самохрана мајка ,ги патентирала и оние дополнителни тракатанци што се ставаат на нив како додатоци и се збогатила. А дека се грди, се согласувам ,прегрди се.
Кој сака нека се навреди, (чест на исклучоци) ама да сум газда на продавница сите овие што пробуваат облека и истата ја флекаат со пудра, би им ја наплатила 10 пати дупло да ја купат, па понашајте се како дома тогаш, мада чисто се сомневам дека дома сте толку невнимателни, дома е дома, ама продавница па што ти е гајле, значи недај боже да ви се свиѓа нешто и да не можете да го купите бидејќи некоја невоспитана го направила со пудра и баш ја заболе. * Убав остаток од денот
Никогаш не вели никогаш. Се дешава да се уплеткаш у ситуации за кои си се лупал у гради дека никогаш нема да си ги дозволиш. Живот, јебига.