Ќе се здебеле 200 грама, ќе ти кука нарекувајќи се себеси свиња, а ти можеш буквално да ја изедеш за доручек, оукеееј је бич. Па, ќе ја тешиш дека не е дебела, дека далеку е од свиња, а во себе посакуваш да и удриш две-три воспитни што во таааака малтене затскриена форма ТЕБЕ ти се обраќа со свиња, а ти ги знае борбите, ама си велиш, заеби, не вреди
Се мислам нареден пат јас да и се вдадам со муабет:леле маче, навистина колку си се здебелила откако те видов последниот пат, ама срце не ми дава, знам дека ќе ја повредам. Па, ќе си покукам овде за да се олеснам. Јер, будала ко мене, само зад грб знае да каже тоа што и смета
Среќен роденден, сите желби да ти станат реалност Биди здрав, жив, сакан и среќен Па, ај до 30 и на свадба да ти играме
Одма ми текнаа неколку моменти, ти го крадам за стори. Ааа лесна старост ова, среќен роденден, сите желби реалност. Инаку за дебелината. Исто, ко бише, ми паѓа на прво глупо некоја многу послаба од мене кога вели дека е здебелена. Ама после ми текнува ко бев во перфектното тело и бев слаба и праев постојано body check и секој грам нагоре го забележвав и ми сметаше. Сакам да речам ни јас сега не чинам ама damn, ни тогаш. Обично кога прам ноќно шетање сама пред сатот со активност не дај 1 сат дека изминал - не бегам. Ама леле на сред пат кога ми се потроши батеријата на слушалките. Треба да почнам после неколку дена користење и резервните да ги паковам.
Добро утро Ехеее требаше да сум веќе на работа, ама втор ден по ред се осеќам издрогирано, без концентрација, поспано и фино лепо се јавив сабајле дека не идам на работа денес и ми посакаа убав продолжен викенд ебати германците скапани , поскапани и од мене До душа и вчера ко и пишав на форумот на @Tajnaotrovna се осеќав уморно. Маж ми е на работа и поима нема дека јас не заминав денес на работа - после ќе му кажам. Цело време се прозевам , испив 2 полни чаши кафе и не бе, концентрација нула, којзнае на какви дроги сум Онака како мисирка што дреми , вртам по темите, у полу легната позиција ама не, осеќам ми се спие уште Ништо, батали ќе продолжам да спијам , ептеееееен се осеќам поспано ........
У Германија боловање ти е човечко, неприкосновено право. На лекар а кажеш уморен сум, стрес на работа, а па не дај боже болен, одма се знае терапијата, чај, овошје и боловањце едно, минимум недела. Ако сакаш да ти го продолжат, само јави се на телефон, не мора ни на лекар да идеш. Германциве идат 6 недели на одмор, 6 недели на боловање годишно. И шајзе ауслендерите со визите од коа ќе си земеме неограничен договор, си легнуваме на брашното, и конечно после минимум 5 години маст вадење, си ги користиме човечките права у Немачка. А да, и да не заборавам - отказен рок обавезно на боловање. Таман да имаш време по интервјуа да идеш за работа.
За жал, иста бев. Не дека мислев слаба сум, па ај ќе речам дебела сум за тешење, туку мислев дека сум дебела. Будала. Тоа е, психички кога си имаш проблем. Сега бар стварно сум си толкава колку што мислев дека сум порано, ама сега па не се жалам.
Порано се плашев да излезам од комфорна зона, не сакав промени иако знаев дека се неизбежни. Сега се плашам да останам во комфорна зона премногу долго. Нешто што лани ми беше достигнување, сега ми е комфорт зона и тоа ме прави да се осеќам нервозно. Не се задоволувам со тоа што го постигнав, премногу е мирно и рутина, не се осеќам дека правам доволно во животот, сакам повеќе. На повидок е и можност, но уште е неизвесно и тоа уште повеќе ме прави нервозна. Истовремено помислата to settle down воопшто не ми е лоша, напротив. Is it just me или со годините си идат овие чувства?