На нашиов интернет простор издефилирале многу ликови, некои уште актуелни, некои подзаборавени. Некогаш си мислам... Каде се сега луѓево? Што прават? На пример дечково, дали си го најде сонцето?
Скроз сум океј и за резервации во ресторани и слично. Меѓутоа задолжителни резервации за журки и вечерни настани се голем дел од причината што ноќниот живот во Скопје изумира.
Врска ти нема муабетот Резервациите се за да имаш прво место кај што сакаш. Прв ред, втор, ВИП. Плус не е исто да знаеш дека вечерта сигурно ќе дојдат 100 души и да не знаеш дали 50 души дека ќе има. Со резервациите се прави и ред. Секој ќе си има свое место, а не хаос. Тие што немаат резервација, најчесто се ставаат што поназад.
Драга, во која дискотека има прв, втор, трет ред? Убаво е напоменато задолжителна резервација, ако немаш, нема да те пуштат воопшто. Читај малку што зборам.
За муабетот погоре: плус се изгуби спонтаноста! Сакаш да излезеш на едно место? Не може, нема резервација. Сакаш на друго? Не може, нема резервација. Сакаш да правиш нешто, не може, не си резервирал!
Сериозно ова? Не ни знаев дека е опција зошто секако ги бојкотирам местата каде мора задолжителна резервација...
Ќе однесеш на хемиско јакна, ќе ти ја вратат со 3 залепени мастики, па уште на тошо се прават... Платив за да ја фрлам у канта.... море на суд би ве дала, во што се претворија хемискиве, среќа не ми е некоја нова јакна.... Се што можете исперете си сами луѓе, баталете хемиско, ако сакате да си останете со облеката
Сугреби се викале, барем така најдов. Сдк не знам дали се рачунаш наркоман ако се навлечеш на зачин. Во све живо турам рузмарин Ама и мирис и вкус негови ми се нешто нај
Мислев дека квази нутриционисти што велат да исфрлиш јаглехидрати се доволно кринџ. Во меѓувреме наидувам на веганка на јутуб што јаде неколку кила овошје на ден и вели дека на телото не му требаат дополнителни масти и протеини. Дури советува да исфрлиш протеини ако сакаш да ослабеш и дека црниот дроб се оштетувал од нормално јадење здрави масти. Само јаглехидрати требало, толку. Женска се надевам целиот остаток од времето не го поминуваш на шоља.
Јас во живо имам запознаено веган "фрутиријанец". Дури мислам дека од глад само за здрава исхрана зборуваат толку многу, се едно те исто.