За греота се јас ќе ти кажам.Еве стрикно за ќерками се утепа од плачење зошто немаше доволно просек за во карев а дете си учеше константно.И сега гледаме во карев примено дете од нејзин клас што оддвај поминуваше и тоа пишува со 75 поени.Јас ја прашувам добро сите му беа 5ки не бе мамо што ти е јас незнам како се запишал ама одговорно тврдам дека немаше 75 поени.Е тоа ти е со нашево образование за жал.И што сега карев јако школо и ќе паѓа таму или одвај со помош на тој што го "бутнал"таму ќе поминува со сила
Апдејт со мојава " диета " . Минус 7 килограми , и видливо намален обем ( ја прекршив на неколку пати , за убави моменти , затоа толку мал напредок , но убави моменти беа во прашање , не можев да не прекршам ) . П . С . Онака , за самомотивација ми е постот . Ништо посебно .
Ќе наидеш често на луѓе на јутуб канали, инстаграм итн со медицински совети, за исхрана и вежбање и ако некој тресе глупости, ќе се најдат други да кажат - па не го глејте ако не ви се свиѓа. Жалам ама ако имаш некаква јавна платформа со твој лик и име истакнати каде даваш совети некому, апсолутно имаш одговорност за работите кои ги кажуваш. Особено ако тврдиш дека имаш содветно познавање и образование. Оти не секој може однапред да познае дека кажува личноста небулози па да се заебе јако. Мислам...како може некој лаик да не му се свиѓа содржината ако нема познавање од темата, а само бара совет?
Па , ја не би рекла дека е баш баш диета , исфрлив тестенини , обичен бел леб и благо ( благо јадам само кога ептен ме фаќа криза т.е пред менструација и за време на истата ) тестенини јадам но гледам што е можно поретко и во што е можно помала количина да јадам ( порано јадев 2 чинии , сега по 1 па некогаш и толку не можам ) обичен бел леб само во недела ако заборавам да купам тонус . Бидејќи мојава диета се состои од речиси секаква храна ( јадам буквално се , освен горенаведените работи ) затоа е напишана така како што е , повеќе ме асоцира на начин на исхрана отколку диета . Се што направив е - се префрлив на тонус леб и исфрлив благо , тестенини и газирани и негазирани пијалаци . Ова е веќе 3ти месец како сум на диета ( со прекршувања за специјални прилики ( запросувања , крштевки , веридби ) инаку мислам дека да се држев строго по планот , ќе имав поголеми резултати ) но тоа е што е , да се откажам не планирам па колку треба нека трае . Си запишувам тука кога ми е намалена мотивацијата , за психичка поддршка од вас девојки и да мотивирам уште некој ако нема инспирација . Кога можам јас што сум склона на дебелина и јадам како да нема утре , можете сите .
Реално , золва ми 4 месеци држеше строг режим , навистина ослабе 35 кг , но кога го прекина режимот , за многу кратко време ги врати двојно тие килограми . Сега е уште подебела од порано . А мене тоа ме плаши , и со таа мисла влегов во оваа исхрана . Јадам се , но умерено , и се трудам да внесувам што е можно помалку благо , тестенини , сокови итн . Сеуште се мислам дали е правилен овој мачин на исхрана за да немам страшен јојо ефект , но ќе покаже времето . Секако во наредниве година ипол до две , ќе бидам на овој режим , зашто реално , да не се лажеме имам 35+кг за симнување , а ниска сум ептен и личам на ѓуленце .
Секој пут коа ќе кажам доста мори, ќе банкротираш, црви ќе ти излезат у дванаестпалачното ко оној Азиецон, ќе пцоисаш, секој втор ден суши шо лапаш ко него, е баш тогаш сушито е 3 за 1 оти ќе рокот му е до задутре... Шо викаше баба ми, стрвен гз два ку*а лапа, да ми извините на францускиоф. И порано пред да влеземе у рецесија, имаше суши со туна бе! А сеа само лосос, ја мајката. И официјално коа ќе почнат пак да го продаваат, ќе признаам се вратил животот у Немачка. Ебате животот досаден, и ја почнав за first world problems да спамам. Јбг. И ја сум чоек.
ТИ ограничен мозоку полн со шуплини,, ТИ главо недоделкана, ТИ подвижна небиднино, ТИ паразиту бескорисен... Зарем ТИ мене ќе ме предизвикуваш? Која си ТИ? Онаа полна сомнежи и мрачни мисли, онаа која не се сака и почитува себе си ни 2 посто, онаа која е неспособна ни гаќи сама да си испере.... Онаа, онааа.... Има уште многу. Ама ај ќе си поќутам. Зарем ТИ таква, никаква се најде мене да ме провоцираш? Се лажеш драга. Не ни си ми ни до колена! Во голема заблуда си ако си мислиш дека патам, сечам вени и паѓам у депресија заради тебе. Не сум јас ТИ! Мене не ми се приоритет туѓите мислења како ТЕБЕ. Тука сме различни сфаќаш? Дека ти можеш да преживуваш без "другарки", а јас да живеам. Едноставно е. Собери се, прибери се. Не сме деца. Шо имаш дојди кажи си отворено, лице у лице како возрасни луѓе. Не сме веќе деца побогу крижи мижи да играме. Доста е од игри, сфати више еднаш и чукни ја таа твоја глава што служи само за коса носење. Стави го прстот на глава и запрашај се каде грешиш. Порасни веќе еднаш!
Јас мислам дека кога веќе ќе се почне со тоа, така и треба да си продолжиш, без благо, сокови и леб. Ама ич да не ги јадеш. Јас додуша, сокови и не пијам, по благото не сум, само лебот ми беше проблем, ама сега без него ми е супер. И да ти кажам не планирам веќе да го јадам. Немам дома вага, ама ослабена сум, се гледам во обем, а и ми кажаа познаниците. Така да, нема шо да се плашиш, треба тоа во навика да си го створиш и ќе биде
Во случај да не знаете, а очигледно не знаете. Во Веро, Тинекс, дм има сет ќесички за измет и чинат околу 100 денари, а има сигурно 30тина минимум внатре. Јас што немам куче ги имам приметено сосе цена, вие што оставате торти на асфалт изгледа абер немате. Значи више да му дојде на човек изметот од кучето да земе во фаца да ви го залепи
Нешто посебно ме нервира кога се пишува по форумов кратенки за ,,маж ми" - мм или за ,,дечко ми" - дм Првото ми личи као нешто задоволство ммммм А за второво читам ко за дм маркет