Јас порано се јадев без леб,повеќе салати и иста си бев,не дека требаше многу да симнувам килограми ама сакав барем 3-4 кг,сега се јадам ама по малце,два пати дневно до 19часот потоа ништо не јадам освен ако одиме негде или на гости нешто мезе и послаба сум сега отколку порано кога ич не јадев леб, еден период јадев црн леб повеќе ме поправи.
Моето ментално здравје е како кога си купив Скечерс and I never went back Не "носам" веќе неудобни луѓе
Некогаш си викам абе шо и е на Феминка муабетот шо се контра со сите, им лепка вистини у фаца па со сс па со докази... До толку ли си викам и е досадно на девојчево шо буричка по теми... Ама па од друга страна понекогаш ме фаќа иритација од тролање, кога гледаш дека некој на празно куца нешто ради реда. Добро да сите сме на форумов со по некоја дијагноза ама па ова ептен апла испадна... Така да. @Feminka22 само јако
Па не е забегување, така се прави профит. Плаќаат царина за облеката и ја препродаваат и доволно им останува. 100% од таквите македонски accounts за облека така функционираат.
Царина се плаќа на одредена количина, материјал, цена. Ја до 8$ нишо не сум плаќала царина. А како се праи профит добро знам пошо тоа студирам. Затоа и не може нешо шо кошта 400 да го продаваат 4 пати поскапо. И маржа и трошоци додај шо сакаш, многу е. Дупло ајде де. Ама *4? може имаат овци за стрижење
Па не го нарачуваат секое парче посебно, туку повеќе наеднаш. Затоа тебе брзо ќе ти стигне, пошто веќе го нарачала и облеката е во Македонија, наместо да го чекаш од Америка. Тоа не ја дига цената за многу и сигурна сум дека не е квалитетно за 1600 денари, но едноставно така функционираат тие такви акаунти. И некој кој не може да го најде на странска страна или не им се чека, ќе го купат.
Да ти ја кажам математиката? Колку поише нарачуваш (количествено) поголем попуст имаш. Сегде е така. Не за џабе пример и на Кликни Јади, имаш бесплатна достава после пр 500 ден. Замисли за 2 и за 120 парчиња исто да плаќаш. Кој ќе работи така? Сфаќам дека треба профит, еве дупло дека е. Ама за *4 шипки мои. За 8$ за 2 месеци стига И не се само овие За шо да даам 1600 коа не вредат толку? ќе доплатам и у Tezenis ќе зеам асални.
Да, ама на поголема количина, имаш давачки за транспорт, царина и данок кон државата. Не е исто да нарачаш едно парче, и 100 парчиња. Не навлегувам во тоа дали вредат за тие пари, ама не ме чуди нешто да се продава х4 поскапо. Некој вложил време, труд, да одржава страница, да враќа на луѓе, да плаќа реклами, достава. Па соодветно и ќе си го наплати. И едно е да ти стигне нешто за 2 месеци, друго е да ти стигне утре или задутре. Не знам овие дали се преваранти или не, ама обично сите што прават на некој начин дропшипинг, така работат. Маржата е 3-4 пати повисока од набавната цена. Ама кога ќе размислиш, си има математика. Ти пишаа погоре, на некој не му се чека, или не знае да нарача, па ќе си купи од тука. Верувам и ти купуваш облека во МКД, наместо да си нарачаш од турција да ти донесе некој. Сите овие модели на облека што ги преплаќате во МК, во Турција се за 50% поевтини. Некој ќе купи, некој не. Зошто гледате негативно на сите што сакаат да заработат повеќе? Ти еве утре ако отвориш вакво некое мало бизнисче, набавна цена 8 долари, ти ќе ми го дадеш за 16 најскапо? Ќе затвориш за месец и пол. 80% од работите што си ги купила во животот, имале барем 3-4 пати поголема маржа од тоа што стварно вреди. Еден ајфон од 1000 евра, не верувам да ги чини повеќе од 50 евра за да го произведат.
Ја баш обратно Сѐ што можам нарачувам од Али Експрес ама си планирам. Купачи нарачувам во март-април. Не во јуни за јули. Или тефтери нешто. Општо зборам. И како сакајте мавајте математики, многу е. Не вреди. Сфаќаш? Знам дека не вреди. За 400 ден да. Ќе ги прежалам шо се вика. Ја еве лани купив купачи од Али Експрес. Уше сезонава и у канта. Ама 600 ден се земени ќе ги прежалам. Ако давам 1600 више ќе зеам проверени. Пенти, Сара Фешн, Тезенис. Нели?
https://360stepeni.mk/video-kako-izgledashe-zaprosuvaneto-na-izrekuvaneto-na-presudata-za-softveri/ Можам да кажам дека сега буквално сé имам видено.
Сигурно ваа ја има шифрата од сметките у странство со крадените пари, па да не го заебе. Иначе држечи стариов, па па па.
Сакам да кажам многу нешта. Али едно ме погоди вечерва. Госпоѓата едвај чекала прилика да ми изнакаже толку работи. Браво. Јас глупа дозволив. Најтажното од се, јас сум немала причина за тага, депресија, замор или било што околу кое се жалам. Она каков живот живеела, какви услови, што се трпела. Па јебига, стварно сум сама на светов. Само да не се борам пак сама против светот.
Глупо се осеќам како да го изиграв, имаше потенцијал да се случи нешто убаво но едноставно не беше тоа тоа, шо да праам ја, со сила убавина не бидува ама сепак ми е многу жал ако ради мене се осеќа повредено. Не ми беше намерата да те повредам, верувал или не ти ама вистината е таа.
Да. ама немој да мислиш дека на Сара Фешн набавна/производна цена на купачи од 1600 денари, им е 800 денари, за да имаат маржа х2. Ги прават на големо во некои забутани фабрики по светот (или во МК), со транспорт, царина, продажни објекти, кирии, продавачки, маркетинг, ти доаѓа до продажна цена од 1600. Тоа со квалитетот не знам, но не секогаш значи дека тоа што е поскапо е подобро. А и мене не ми е јасно како може да даваат за луј витон ташна по 5-10-15 илјади евра пример, па еве даваат. На таа, набавна/производна цена и е не повеќе од 20 долари. Така да производот вреди, толку пари колку што би платил некој за него. Тоа што ти нема да купиш, нема да ги пропадне овие странициве, или пак да ги збогати Сара фешн ако купуваш од таму.
Нека трепка тука. Поздрав од жените во Македепонија, самостални, амбициозни, и срдечни за поддршка и почит кон другите жени. Жена на жена - волк. Тема: ГАК и неусловите во истата (вреѓање пациентки и невнимание кон родилките).