Пишуваме со пријатели како ни е денот, јас кажувам како не сфаќам зошто сите луѓево се радуваат толку на петок, ко океј викенд иди, ама онака искрено не сум се израдувала на петок од средно, можда факс. Секој ден ми е ист (а не работам викенди), како дождлив понеделник во ноември кога претходната вечер не си успеал воопшто да спиеш а мораш да станиш рано. Спојлер isthiswhatdeppressionlookslike?
Па и јас мислам така , реално ако се опушти човек , ги враќа двојно дефинитивно . Ок е понекогаш ( мислам , кога ќе излезеш со друштво некаде ) да се скршне , ама да не се претерува , да не е секој ден Читајќи ги нутритивните вредности , видов дека во тонусот има состојка за забрзување на варењето на лебот ( и храната конкретно ) , а јас имам спор метаболизам дури и кога јадам лесна храна .. е сега , не се разбирам до толку ама мислам дека лебот колку - толку ми го забрзува метаболизмот .
Преубава песна слушнав на работа. На англиски. И мислев ќе го запомнам текстот за да ја најдам и не сум го запомнила. И сега ќе се изедам жива.
Лошо ми е. Со години никој ме нема прашано како сум. А господинот се лути зошто денес не сум прашала како е, дали е добар.. не ми е гајле затоа. Не прашувам веќе. Еве и да праша некој дали сум добро, ако кажам дека не сум крива ќе бидам. Ќе излезе дека се жалам. Не сакам никој ништо да ме прашува. Сакам само да сум сама. Секако сум сама на себе, не ми треба ничие присуство. Се ме притиска ужасно.
Размислував да пробам самопотемнување, ама се ми се чини ќе бидам Рос, втор дел Туку, запалив Рајд да ги истерам комарците, а чудото толку се запали и размириса, што на крај мене ме истера од собата. Или е иронија или и јас сум комарец
Кога ќе се научат луѓево кај нас на општа култура? Си чекам уредно ред на каса во маркет, доаѓа постара жена, дотерана, модерна, очигледно богата, со две ствари у рака, лабаво си почна муабет со касиерката и си се пикна пред мене, и викам "извини, јас бев на ред", ме погледна, преврте очи и си продужи? Wtf? Буквално сѐ што требаше беше да ме праша и ќе и дозволев, шо и е на луѓево?
Лелееее ме иритираат такви многу. И ја пред некоја недела си чекам, а се брзав, каснев, имаше гужва на каса, си чекаат луѓето ред најнормално и коа еден 'паметен' дедо ми се убута пред мене, не му реков нишо ради годините и што сум така воспитана и дека толерирам, само го погледнав луто и изнервирано, а него нормално мува не го лази. Ама нареден пат кој и да е, нема да остане на тоа, не можам више да се праам културна, ќе мора да повишам и ја глас. Простаци без култура, да ти се згади.
Да ти се плукнам во простиве алапачи на FB, под секој пост да се јадело гомна, пу сељаци. Ме стресираат.
Мразам баби и дедовци у три саат попладне во автобус кога ќе се качат.Во пикот сите од работа си идеме они на зелен пазар со торбите оние на буткање.Леллеле па мора да им станеш.Јас цел ден на работа нозе ми пукаат ама на нив мора да им станеш.Во ред разбирам и они мора да си пазарат може нема кој да им купи,ама немора у 3саат во најтоплото.Стварно иритираат па искочи посабајле посвежо е заврши си работа иди си дома ни да се бутка ни да мора некој да ти станува.
Исто е и на сабајле. Не ти даваат да влезеш во автобус, буквално те туркаат. Ние идеме на работа, они идат на плоштад да се шетаат со раце на газ. И вели шоферот по неколку пати се возат натаму наваму. Срамота, да се немало осет!
Одвратни се значи, мислам може лошо се изразив, сите ние ќе остариме еден ден, ќе бидеме слободни и без многу обврски па ќе сакаме и да се прошетаме ко секој нормален човек ама со осет малце како шо викаш. Баш го наоѓаат времето кога луѓето идат на работа или се враќаат или пак децата и младите у школо коа идеа, стварно непотребни гужви се ствараат и нема смисла. Некад коа ќе фати гужва голема, сите испопикани ко сардини, смрт ми е тогаш. Ама неее, ќе им избега бусот, се плашат да не останат таму кај шо се(и стари и млади), сеа почнав коа глеам дека има гужва да не ни пробувам да влезам туку да си почекам следен барем коа не брзам или пак да попешачам до некоја наредна станица и таман друг ќе дојде.