@Munchmallow20 Таму во темата совети од машка страна или како беше, на последнатa страна. Случајно се зачитав и најдобро е да не читам
Уште бетер се "возачи" кои паркираат авта на тротоар. Па за тоа ли е тротоарот бе неписмени?? Оној пат проаѓам да обиколам едно авто, позади мене вози друго авто и ќе ме згазеше. Побрзав да стигнам пак до тротоарот, а другово авто се расвирело како последно да му е. Па кај да поминам?! Ако не да одам по онаа лентана што е на патот. Се изнервирав, повеќе време одев на улица отколку на тротоар.
Не можам да заспијам, постојано мислам на бубачката што ми е под креветот.. Имам чувство дека ќе ми дојде и ќе ми влезе во уво во секој момент..
Не можам да ја најдам, секаде ја барав, веќе три дена искача кога сака и бега одма, а јас одма по неа за да ја убијам одам, мислам дека се крие на некое тајно место..
Неможе ништо да ми направи, бубачка е сепак, ама јас имам страв, кога ќе ми текне дека може во уво да ми влезе, од тоа највеќе се плашам.. Се се, ама во уво не.
Može i vo ustata da ti vleze, ako spies so otvorena usta, podobro vo uvo šalam se, dobro e barem ne brče tvojata bubačka, kaj mene komarci tepam sekoja večer brčat ne možam da zaspijam
Иста е аналогијата и со некој минијатурен остаток од храна кој ви се пикнал во заб и колку и да сакаш да му го скратиш постоењето никако не можеш да се ослободиш од него и од тоа колку е упорно, досадно и претставува закана од гниење, физичка болка и загрозување на твојот душевен мир...нешто толку безначајно и со однесување на примитивен окупатор врз здравата средина на кутриот заб може да ти предизвика трулење и скапосување на здрав заб ако навремено не го отстраниш
Најубав помин во последниве година две ми е во кафана. Седиш, јадеш, пиеш и си свират чалгии. Боље нема
Ниту МПЦ. ниту woke левичарите што се испотресоа во темата за законот ги нема да зуцнат за еколошката катастрофа што се припрема во Струмица и остала источна Македонија. Да заклучиме - и тие се на иста страна со попчето хехехе
Оти? Ти мислиш има вистински бунтовници? Ноуп, се е по форуми и групи на фб, во живо се бубалки како таа од Нина.
Излегоа едни кај десничарот Бетмен, се убаво си објаснија луѓето. На пример, и леви и десни дека се исти. Све е тоа зелено, теорија на заговор, пари ќе врнат и слично.
Во принцип сум за отварање на бизниси и рудници. Добро е за платите. А и за инвеститорите. Колку е еколошката штета не знам.