Оти Струмичка котлина е со плодна земја и луѓе си одгледуваат земјоделски култури. Некои низ цела Македонија се разнесуваат Знаете и сами оти рудници бараат и вештачки езера за прочитување на рудата Е тука ќе имаме брани, копање што ќе уништат шуми, можда и дел од котлината. Башка за измивање и обработка на рудата се користат киселини и многу опасно цијанид. Иако наводно според закон, цијанидот е забранет за употреба, се збори дека сепак ќе се применува тука. Браната би била висока 250+ метри. И нема да има само вода, туку и тешки метали, цијаниди во езерото. Да попушти, нема само поплава да настене. Цела котлина ќе плива во отрови. Вода, почва, земја, све е на ризик од тешко загадување.
Ако е така, незнам колку може народов да направи со овие протестиве против рудникот, они веќе ако решеле пари да вадат од таму, нема да ги интерисира ни шума ни вода ни здравјето на луѓето....
Има екоинженери, геолози, градежни инженери, рударски инженери. Неможам да имам став едноставно не се разбирам од таа област.
Заборавив само да додадам дека и рудников би бил со отворен коп (open pit mining на анг ако некој го интересира да прочита) кај што рудата директно се изнесува надвор на површина, не се пренесува подземно низ тунели. Значи све што ќе се работи, изнесува, ќе биде у директен контакт со воздух. Базените/вештачките езера полни со отпад и отрови, исто така се на површина Општо секаде низ свет, вакви рудници се опасни за околината. 2019та во Бразил загинаа 270 души откако им пукна на ваква брана Инаку се предвидува после отворање на уште еден сличен рудник во Валандово. Накратко, отиде источна Македонија у три лепе. Едит А кај нас како што ништо не е по прописи, сумњам дека воопшто ќе има некакви заштитни мерки
Се планира таму оти пола источна мк се исели, само пензионери останаа, уште малку жив човек нема да има, и нормално дека ќе праат рудници
Прашалникот нема да ви одземе повеќе од саат време, исто така прашањата: Кои ти се најголеми животни цели? Кое ти е најголемо достигнување во животот? Што ти го подобрува расположението?
Несреќа и да не се случи, рудникот секако ќе загадува. Пиши пропало на земјоделието таму ако се отвори. Цијанид во почва е сериозна работа.
Коли загадуваат сите ги возат многу ефтини се. Одиме на одмори далеку, купуваме глупости, кеси за се, месо јадеме. Екологија...