Моорее ти дури се кезиш мислејќи го дека се печи на жешкото, си велам да не се лади со некоја некаде под дебела сенка
Ех, да, ги заборавивме релативизаторите- со се што сме отруени, па сега уште за ова Овој ли е рудникот @Munchmallow20 ? https://prizma.mk/drzhavnata-tajna-za-rudnikot-ilovitsa-see-strav-od-teshki-otrovi/
Поентата ми беше дека тие што се против рудникот се однесуваат многу антиекологистички за речиси сите други работи.
Одамна не сум пишала, ни отворила, гледам нема скриено катче, ај тоа небитно, туку ме интересира зошто ми ги нема пораките мои, моја содржина од скриено катче? Знае некој да ми одговори? Или јас не знам да ги најдам.
Дека моментално, со овој број на испратени мислења немаш пристап во скриено катче, па затоа не ти ги дава изгледа.
Да тоа претпоставив дека затоа не го гледам скриено катче, ама мислев моите пораки од претходно треба да ги имам во профил. Во секој случај, фала ти.
Тој е. Ова е стара вест ама рудников со години и години пробуваат да го почнат. Во 2019 се донела одлука да не се копа. Е фирмата што требало да гради тужела, тужбата сега пред некое време била усвоена и сега се на чекор да почнат да копаат. Читав што све како се одвивале тие работи и малце тие правни процедури не ги сфаќам нај нај, ама дека има опасност сега во блиска иднина да се копа, има.
Сдк некои луѓе, се понашаат како цел свет, и земја и вселена од дедо да ги наследиле, па к.. ми е, двор ми е. Сдк 2-само 4% од македонските граѓани имаат доволно приходи. Муабетот-ама кафаните полни- може да го прескокнете.
Ми нема ништо посељачко од веење знамиња на свадба и кинење гласни жици на некои патриотски песни за татковината. Се жениш бато, не идеш у поход или не си на митинг.
Нешто ме стега в гради. Не знам дали е болка или празнина, или и двете. Се тешам, си велам не смеам да попуштам, перод е, ќе мине... Не знам како да избегам од реалноста, болна е...
Можеби не треба да се бега од реалноста каква и да е колку и да е тешка, само треба да се прифати каква што е знам луѓе сме и онака не знаме што ќе се случува, а меѓу време живеј.
д е п р е с и ј а Ова од аспект на чоек оти опиша моето зимско чувство во телово. Друштво мое врви низ ваква фаза. Сакат да верват дека се социјални и секој ден се на кафе. Ама на исто место оти еден не оди подалеку од плоштад. Не шетање. Не одење негде. Не праење нешто ново. Еве една недела ги молам на Зрно да одиме и са се ко "шо ќе прајме викендов" и знам дека Зрно не е опција оти е Цапари. Ама и ова е форма на депресија ко ќе си затворен во круг дома-работа-кафе на исто место-дома. Јас од друга страна ради ова ич не излегвам периодов. И отворено им велам дека кога сум со нив мозоков не ми е entertained и само исклучвам дур се зборат истите теми. И ова е лошо, да. Ама само оти гротото не можи(ме) да се откажи(ме) од одредени луксузи не значи дека еколошка катастрофа треба да се прифати со отворени раце. Башка шо тешко е да не прајш ништо шо прај загадвање оти со самото постоење на пластика то се напрај многу невозможно за разлика од претходно. Ама секогаш можиш да се обидиш барем малку да смениш и нормално, да не поддржиш нешто шо јасно ко ден е лошо. На друга нота, веќе пола сат се тркалам в кревет само зошто кучката од комшиите ми лај под џам. С е к о ј ден во 5 сатот. Јас ионака не спијам ама и ова не си игра мајтап чим заспијам да се погрижи да станам. Е ај добро утро.
Не ни знаат не ни пробуваат не ни протестираат против други проблеми. Така да мислам дека се е поради вести и политика. Се изнаслушав глупости од лица кои завршиле факултет од една област само поради вести и политика. Животот си го прават потежок и губат пари само поради вести. Од дамна се имам откажано од вести. Штом некој е информиран што се случува не му верувај. Само се верува на неинформирани стручњаци. Тие знаат теорија и не им е поматен умот од вести. Живееме во време на дезинформации. И јас станувам рано но само поради тоа што легнувам рано. Не се будам и цврсто спијам. Маж ми повеќе се жали. Што да му правам кога се занимава со ситници и работи многу на непотребни глупости.