Деца се собрале на улица,поставиле масичка раствориле сокчиња и продаваат.Цена само10 денари. Тетко ,сакате ли мраз да ви ставиме? Дојдете и утре и кафе ќе продаваме.Тие светнати очиња,со каков жар само продаваа,колку само беа среќни дека им купив. Срциња,ми ја разубавија вечерната прошетка!
Пред да навредиш некој прашај се зошто? Не знаеме што некој носи во себе и не сме свесни колку еден наш збор може да го скрши некого…
Некогаш зборот е потежок од камен или да го удриш некого фигуративно зборам. Некои луѓе се и поемотивни. А ако навредиш некој многу можеш и да го изгубиш како човек.
Сакам да кажам скроз се претворив во Debby Downer со тек на годините. You're enjoying your day, everything's going your way, when along comes Debbie Downer...
Сериозно? Со 3 неработни месеци, екскурзии, матури и полуматури е малку? Стварно не разбирам. Ако е малку нека си дат отказ и нека се префрлат приватно.
Читам пост во група за миленици, објава за улично кученце кое бараат да се вдоми бидејќи лаело навечер пред зградата кај што спие и им сметало на станари што имаат бебе...ми падна жал ако мораат да го дислоцираат ама па не оди ни постојано да лае. Си викам ај да ги отворам коментарите. Коментарите - зошто им сметало на станарите, они требало да се иселат?? Сите исчувале бебиња па не се жалеле, овие што се жалеле биле нелуѓе...оф Боже, да сакаш да имаш нормален сон и мир во станот кај што живееш е некако нечовечно. Да и јас себе се сметам за забегана по животни, ама некои се стварно отидени со изгубена способност за разумен компромис.
А што не каже оваа кои беа цените на прехрамбените производи, на водата, струјата.. пред неколку години и сега?
Е ајде де. Не се едниствени. Ете штрајкуваа. Си земаат дипломи,си плаќаат т.е. Си чмаат во штабови. А, ние што земаме 24.000 по приватници и немаме право на штрајк и ти велат ако ти чини седи? На кого да мрчиме и да се организираме? И ние сме луѓе. Сите си бараме нешто дополнително.
Samo eden prost plastičen primer ke dadam. Burekot 4rt so meso 2016ta 40 denara, sega 80 denara. 100% pokačuvanje
Grčkata pleskavica od 100 ka sea 200, i toa bez lebče bez kompiri bez niso! Te uste eden primer hehehe
Купуваш вода/сок во дуќан за 50 денари. Даваш 500ка - Немаме ситно, Даваш картичка. - Не наплаќаме со картичка за помалце од 100 денари Ае
Објава на Фејсбук, некој сајт објавил статија зошто младите денес одлучуваат покасно да родат. Требаше да ја отворам статијата да видам кои причини ги набројале, јас, наместо тоа, отворив коментари да читам. Не сакале обврски, според просечното македонско размислување. Себични биле. Јас би рекла, имаат свест и разум. Дете не е кукла, живо битие е со свои потреби на кое треба да му се посветиш. Некои сакаат и можат во рани 20ти, некои подоцна и сето тоа е во ред. Не мора да се вреѓаме и за луѓе кои воопшто не им го знаеме животот ни состојбата, да велиме "епа распрдени, никакви, себични" и "и ние немавме многу пари и услови па со помош од баба, дедо, овој, оној, сме го пораснале". Аха, ќе го родам ја и тоа нека биде обврска на сите од прво и второ колено. А уствари, кој вика дека во животот мора да се раѓа?
Значи ова па ко ќе го кажат. Јас сакам некој од тие точно да наведе кон кого се себични и конкретно да образложи како се себични.