Кон кутрите јајце клетки и сперматозоиди што никогаш нема да станат дете кое би пронашло лек за ракот или би ја спасил Земјата од метеор
Други времиња, други услови, друг живот. Не можат да разберат дека не може да ја споредуваат нивната младост со нашата. Ако веќе го прават тоа, нека го прават со споредба на нивните родители и која била разликата. Пошто ако се употреби истата аналогија што они ја употребуваат за денешните генерации, и они се разгалени за генерациите пред нив. Нивните родители имале по 5 деца уште на 20 години, спиеле на рогозини, пиеле вода од бунар и переле алишта на река. Додека они имале 3 пати повеќе услови од нив, па чекале дупло подолго за прво дете. Па чекале и посебна соба да имаат. Распрдени. Можеле исто на 15 да родат и да спијат во една соба 20 души, на под.
Некој нека им го објасни ова на снаите во темата на форумов што не сфаќаат зошто некои од нас немажените велиме да не се рипа во брак неспремна (без сопствен дом и финансии).
Ако немаш финансиска помош од страна, или некако и двајцата да сте со плати далеку над просек па да крпите цел живот крај со крај и да плаќате станбен кредит, скоро па невозможно е да имате сопствен дом. Па сама да купиш сопствен дом... Скоро па невозможна мисија. Дури и да си со високо образование и со добра плата, додека собериш пари, заминал животот за деца правење. Така да, не можеш да ги судиш.
Не е осуда, ама е критика. Животот во заедница не е живот. Поради тоа треба да се мисли пред да се рипне.
Пази го ова син ми вика продадов карактери од видео игра на сонито. Имам 700 усд и дај ми картичка да си нарачам ајфон 14ка. И гледам стварно има 0.3 етериум, крипто валута што е окулу 2000 долари парче. Има 14 години. Јас се гребев од моите за сладолед и семки тогаш .
@nextredstyle Зашто критика? Секој си знае за себе нели? Ти си имала услови, си купила или ти помогнале, ти си знаеш најубаво па затоа нема што да се критикува, а и не сите имаме исти размислувања можеби баш сака некој живот во заедница од кај знаеш? Дали е живот или не она си знае. Сака може да види како е, да проба, не е наше да збориме за тоа, крај краева има и што живеат у заедница па супер си фунционираат луѓето. Затоа пред да се критикува стај се у туѓи чевли па после критикувај, вака лесно е коа не ја знаеш ситуацијата ама добро твое мислење е тоа.
Исто ти се фаќа дали осуда, дали критика. Секако треба да се мисли, ама повеќето немаат друг избор. Или ќе основаат семејство и ќе живеат во заедница, или ќе останат цел живот сами. И нема потреба тука да се критикува затоа што решиле да си основаат семејство. Тие што решиле сами да се ги критикува некој? Не. Нивен избор. Исто и со овие.
Од една страна овде на форумот цело време се кажува дека младите треба прво да создадат услови па да раѓаат деца, од друга страна според коментарите на објавата истите тие што гледаат прво да имаат услови, па потоа деца се себични и не сакаат обврски. Крајот не ни се наоѓа.
Во Македонија ако чекаат сите на сопствен дом за да стапат во брак и да имаат дете, колку ли малку луѓе во брак и со деца ќе има. Верувам секој сака сопствен дом и никој не живее со родителите од голема желба, и за брак и дете треба да си спремен и одговорен и психички и финансиски, да се трудиш да дадеш максимум од себе за да си создадеш убав живот и услови, но не сите успеваат во тоа и не се сите за осуда или критика што не успеале да создадат сопствен дом. На крајот ништо не е гаранција за успешен и среќен брак и родителство, некои сами и во сопствен дом се несреќни, некои живеат во заедница па имаат успешен брак.
Кон родителите што нема внуче да имаат Која си ти па правото на внуче да го ускратуваш. Многу си ми еntitled
Јас како што сфаќам, себични се затоа што не сакаат да поминат низ тешкотијата и да си ускратат од свои задоволства, што неизбежно се случува при одгледување дете. Демек, вредноста на изградување добар човек е многу поголема од тоа кое е твоето задоволство. Што е иронично, затоа што и тие што имаат деца го прават за да исполнат некое свое задоволство, никој не ги прави од солидарност кон општеството за да не се истреби човечкиот род. Или со други зборови, себични се затоа што имаат различен тип на задоволство .
Ги ценам одговориве, ама комплет ја промашувате поентата. Поентата е баш тоа, аргументот им е многу глуп и лесно може да се побие. Затоа треба да им се постави нив тоа прашање и да им се даде до знаење колку се прости. Се кладам дека 80% од нив нема ни да знаат да одговорат полуасално, ако им ги постави некој прашањата.