Ако гледаш така ќе има многу што ќе бидат стари моми и ергени. Со просечна плата во Македонија едвај се преживува а не па да иде да се задига кредит да земе и да плаќа рата 250 евра месечно 20 години и јаче.И јас сум за тоа дека најдобро е секој сам да живее ама не секој има услови за тоа.
Мене кога ме фаќаат вакви моменти си ја пуштам Summertime sadness и го романтизирам чувството до фул. И тоа ме враќа во расположение. Еве, можда некому помогне, летна кафана на Балкану на Фемина, па нека иде (летњи) живот.
Сдк имало министерка за животна средина. И ќе одела на протест против рудниците. И протест ќе имало @Munchmallow20 https://kanal5.com.mk/shukova-kje-p...-euromaks-ja-obvinuva-za-pristrasnost/a591123
Знам за протестов. Ама министеркава бе Инаку најголемата далавера е што судот половично пресудил во корист на фирмата што ќе гради, ама не дозволиле спојување на концесиите што било клучно за копање (што е колку толку добро). Е владава наша дозволила тоа, тајно. И сево ова откако човек близок човек на ДУпИ (морав) купува акции во таа фирма што веќе имала загуби. Или со други зборови, нашиве на тацна им ја дале Струмичка котлина на ДУИ. Значи министеркава против нејзина влада протестира
СДК дека ми е криво што другарките со кои се дружам цел живот немаат желба и интерес да се држат со мене како тие меѓу себе. Прво од мрза беше претпоставувам, сега веќе од чувство на оддалеченост. Кога се преселив и бев трудна, сè се смени. Сите стари места на излегувања ми станаа предалеку, а нив им останаа блиски и продолжија редовно да се дружат. Ги викав на гости, не доаѓаа. Кога станав голема, не можев да шетам. Кога бев со бебе, пак не доаѓаа. Прв пат дојдоа да ја видат ќерка ми кога имаше 4/5 месеци. Ретроспективно гледано сфаќам дека и кога бев трудна ретко ми пишуваа, да ме прашаат како сум. Кога се породив ич па. Секогаш ги разбирав зошто сфаќав дека имаат свој живот и сфаќав дека живеат скроз различен живот, живот на сингл девојки. Ама сега кога ќе размислам подобро, криво ми е дека не им беше многу гајле, па дури и би рекла дека не се радуваа на моите радости. И тоа уште подобро го согледувам зошто сега кога другата другарка проаѓа низ таа фаза, поинаку се однесуваат со неа. Им се радуваат, и на мама и на бебе. Се дружат. Ама па блиску живеат, малте не треба само да се симнат пред зграда. Ваљда до тоа ќе да е. Еднаш да признаам дека се осеќам тажно. Некако не е фер. Али тоа е, не можеш никого на сила да натераш да те посакува и почитува.
Мислам дека едноставно луѓето ги интересираат само луѓе со кои имаат сличен живот и слични интереси. Близината на живеење ептен многу влијае колку често ќе се гледате и со тоа ќе се оддалечувате. Не си ни прва ни последна на која и се случило. Од другата страна па, јас како човек кој нема деца на моменти се фаќам дека едноставно не ми се излегува со некои мои другарки, кои ги сакам и ценам, ок ми е да се чуеме кратко, но секое наше групно гледање, буквално секое е муабети за свекрви и бебиња, живот со деца и слично. Јас разбирам дека особено на млади родители се им се врти околу децата, ама од друга страна тоа се работи што мене сеуште не ми се интересни за слушање, а во меѓувреме имам 100 други проблеми и поминав ни 100 работи последно време, и не добив ни едно вистинско како си, кај што буквално не се ни доискажав, пред да се смени темата за децата. И до некаде разбирам зошто тие мои проблеми па не се од нивен интерес. Не викам дека тоа е случај кај тебе, ама сакам да кажам, пријателите генерално ни ги одредуваат слични животи и интереси, сакале да си признаеме или не. Неколку пати ми се има покажано дека не постои толкава другарска блискост за цел живот, верувам дека може да одржуваш контакт и се, ама сепак, во меѓувреме се случува живот кај што секој си фаќа своја страна и тоа е во суштина ок.
Нема врска тоа што си била трудна и си добила бебе, ниту па тоа што си на растојание од нив. Тоа е само причина, барале причина да те откачат шо се вели (сори што сум дирекна). Минав (минувам) низ слична па да не речам иста ситуација. Само што кај мене не е во прашање бременост и бебе, туку студирање во друг град. Небитни се изговорите, битен е мотивот... Нема да те тешам, доволно си паметна да сконташ дека ви се окончало пријателството, само сакам да ти кажам можи и подобро што е така. Со тоа се покажува дека тебе (и мене), тие "другарки" не ни биле вистински... И подобро сега да се расчисти него да се мачкаат очи. Верувај дека се е со причина, секое запознавање и разделување. Бог најдобро знае кои личности треба да ги спои /оддалечи од нас... Гушки до тебе
Во право си. За активно дружење, мора да се имаат слични интереси и живеење. Иако го знам тоа сепак криво ми е, ваљда уште го немам скроз прифатено нашето оддалечување. Низ бременоста и мајчинството проаѓав сама, односно без нив, без другарките. И тогаш ми беше океј тоа, нормално ми беше нивната незаинтересираност зошто ги правдав со тоа дека живеат другачии живот. После бебе кога се дружевме, пазев да не зборам бебешки ствари од страв дека ќе бидам досадна. Само ако ме прашаа нешто конкретно, само тогаш зборев на таа тема. Јас бев прва во друштво што пројде низ брак/бременост/бебе и немав со кого муабет да правам на тие теми. И океј ми беше зошто нејќев никого да форсирам. Ама сега не ми е океј, зошто кога друг проаѓа низ тоа, јас сум тука за тие муабети. И сите се тука за дружба, мама и бебе не се игнорирани. И така сфатив дека уствари немав никој и сите ги правдав. Јас сум уствари единствената која е тргната на страна. Може е доцна, ама ќе се обидам уште еднаш да се зближам, зошто се уште ги сакам и почитувам. И ти си во право, зошто кога сакаш и почитуваш некој, ќе сакаш да го имаш во животот. Животот се менува, промените создаваат потешкотии, ама криво ми е што никој не се потруди повеќе. Отворена сум за нови пријателства, ама ги сакам и нив во животот зошто до вчера што се вика ми беа ко семејство. Време не можам да вратам, било што било, ќе го надминам. Ќе се потрудам пак, ако не бива, тоа е, ќе знам дека не сум се откажала лесно.
Од целава ситуација во очи ми падна тоа што со другата другарка се однесуваат нормално иако поминува низ истата фаза како ти. Не мислам дека тоа што си се преселила малку подалеку би требало да влијае на нивниот интерес (ако добро разбрав пак сте сите во истиот град). Кога настануваат големи животни промени пријателствата знаат да се сменат, дури и да се посложени, но тоа воопшто не мора да значи оладување и оддалечување меѓу вас бидејќи се зголемила физичката далечина и/или колку често се гледате. Секако, најбитно е да има effort од двете страни, инаку иднината на пријателството е неизвесна. Сите имаме различни желби, соништа, патишта по кои ќе фатиме во животот, сосема нормално е работите да се изменуваат, да имате други интереси и приоритети од порано. Жално е кога луѓето се оддалечуваат само поради тоа. Јас сепак би рекла разговарај со нив и кажи им го тоа што ти лежи. Искрено, отворено. Ако ти биле вистински другарки ќе те сфатат. Но ако ништо не се промени, не вреди да се вложуваш.
Шознам. Другарките и да зборат за мене нешто неинтересно - само оти нив им е интересно ми е убо. Исто ко јас шо имам 3 дифолт теми и тие имат. Ама оддалечување е нормално и многу често едната страна има грешна перцепција за пријателството. И се вложва поќе ама не добива поќе. Тажно е ама колку побрзо сме свесни со кој на шо сме - подобро за нас. @MissChievous мислам дека и кај тебе то беше случај. Извини ако грешам. Ама јас побрзо од 4-5 месеци бев да видам бебе на брат на другар, а не па да е за другарка. Другарките в сала ќе му влезам ако смеам за да манам полароид ко ќе го изват бебето. И стварно ми е жал. Оти не е сеедно ко ќе сфатиш дека другата страна не е вложена колку тебе.
Да, сега кога со другата другарка се однесуваат поинаку, сфаќам уствари дека со мене беа многу дистанцирани. Можеби созреале повеќе во меѓувреме, сепак луѓето се менуваат, еволуираат.
Луѓето НЕ се менуваат!! Само со тек на време им паѓаат маските, или едноставно кажано ги мрзи веќе да глумат...