А домот тие тој од родителите или сама го купи, и си веќе финансиски стабилна со добро платена работа?
Имам и јас, препишан, дуплекс и тоа. Ама на овие години да купам мој, без кредит со доживотно отплаќање, евентуално шенаниганс, мало морген. А зошто да очекувам поинаку од маж, освен евентуално спонзор-маж, кога таа е реално ситуацијата кај нас, слеш нашите простори, а и надаље. Иначе fun fact: Денес младите со две просечни плати имаат исти трошоци што некогаш се подмирувале со една просечна плата, минус можноста да се тргне настрана и се заштеди (за огниште на пример). Feminism son! И прогрес, секако прогрес, увек прогрес, абе да не речам пре-прогрес. А зошто е тоа така, дали е ок и треба да е така, дали е прогресивно да е така,... и уште многу други прашања, во подоцнежните вести... ваљда.
Мислам дека е време да ги прежалиш и си најдеш нови пријатели, не само со слични интереси, туку и вистински пријатели. Но сепак твое е.
Ќе ти дојде некое мало слатко маченце додека си бркаш работа надвор, така ќе се изгали со тебе и ќе мора после со тешко срце да одиш... И се прашувам дали мачето знае дека тој ден некому денот му го разубавило
Кога видам искинато парче во бутик веднаш ми текнува на една од тие анонимните српски исповести. Некоја девојка имаше напишано дека кога одела во Зара и сличните, ги кинела патентите намерно само затоа што парчето нејзе не и бивало. Па така, ако таа не може да го носи, нема ни другите @Waverly Raven Tell me about it. Понекогаш ми се иде до нив да ги прашам дали квантна физика решаваат на банкоматот Постари луѓе ќе разберам, ама млади
Чоек, шо ти е со траумиве од детството за тетоважи?! Жими се, по тоа те иам запамтено, и по тоа шо цело време се жалиш, и тоа пази ја прв форумски мрчатор ти кажуе. Аман веќе, остај луѓето да си живеат! Бркај си твоја работа, поарен ќе ти биде животот.
Се осетив ко средно. Станата од 5, серии цел ден вртат. Грицки. Цртање и тарот. Со деној сум останвала дома за викенд за да достигнам ваков ден и не сум успевала. Денес успеав. Шубо. И да почнам да учам. Ријл фијл: средно. А и на одмор сум. Инсомничар и хронично онлајн дур гледа серии а треба да учи. Дефинитивно враќа мемории.
Не мрчам, реков само. Си го гледам мојот живот, без галје. Не знам, што си сфаќате и како ги следите постовите на членовите и како имате време да анализирате кој, што и како пишува.
Како постојат луѓе од 20+ години што не знаат ниедно јадње да зготват? Тестенини со некој сос? Пиле, риба да испечеш со зеленчук? Ориз со копани? Палачинки? Динстано месо или зеленчук? Барем една идеја за десерт?
Вчера на инстаграм видов македонска инфлуенсерка како рекламира ташна во Швајцарија била 50% поевтина од овде. Не дека јас можам да си дозволам, но ме интересираше и споредив. Дали сум јас слепа што не гледам ташна овде 40,000 а таму 20,000? Спојлер: /
Некои муабети едноставно не завршуваат со едно кафе.. Завчера седам со една драга личност, и муабети за муабет си ги шмркнавме две три кафиња. Онака неприметно. И денес капирам дека со таков добар, квалитетен муабет едноставно не поминува само со едно кафе. И си ги сакам таквите личности, мили ми се на душата. Ај добро утро форумче