Таман се израдував дека ова лето комарците ме заборавиле или сум им станала невидлива сега ко за беља се отепав од чешање Одвај чекам да го начекам и да го шлакнам
Седам со една постара роднина и пола саат ме потече како била у Штип, па на Исарот па доживљај, па ова па она. Мислиш у Дубаи била а на у Штип. И ај јас слушам од почит, ама на крај ми пукна филмот и и викам знам сум била. И она зачудена фаца шо напрај, и едно КОГА ко од пушка пукнато. И кажувам пред година дена последен пат, ама и претходно сум одела. И ми вели без грам мозок : аа па не знаев, немаше ставено ништо на фб.. И тука веќе експлодирав и и викам ако не сум ставила слика на фб /инста не значи дека не сум била. И као а да да. Мсилам океј е луѓе. Фб не ни е РЕАЛЕН живот! Не значи дека ако не ставаме слики кај одиме, шо прајме, шо пиеме и јадеме, дека воопшто никаде не одиме, не јадеме и не пиеме. Не мора се да се објави. Не сум како вас алоо.. До сега поретко користев социјални мрежи, ама изгледа од сега па натаму дупло помалку!
Околу жалопејките за летните горештини, потсетник само дека до пред месец дена седевме со дуксери и греење, и за месец дена е Септември, па здравје ќе слушаме есенски жалопејки штом трепнеш. Така да, enjoy it while it lasts... I guess. Исто така, Jeremy Bearimy strikes again.
Незнам што е со комарците оваа година. На секој прозор/врата имаме мрежа и повторно успеваат да се протнат. И тоа од оние малите, ни зуењето не им се слуша. Ама затоа пликови по 2см. За друго дојдов. Дојдов да пофалам еден постар господин кој решил да се грижи за цвеќето што е поставено на сред тротоар. Знаете она кое е поставено за да го разубавува просторот но без систем за наводнување. Па е на милост и немилост на времето кое овие денови е права суша. Е овој постар господин секоја вечер решил да го наводнува ова цвеќе што му е пред зграда за да му го разубавува просторот. Драг господине ви благодарам на муабетот и што ми го разубавите денот. Ви посакувам многу здравје и долг живот. Се надевам еден ден ќе имаме повеќе луѓе како вас во оваа земја.
Драги, Уфилмани,разгалени, бескичмени, на*увани, арогантни, нарцисоидни, модерни и немодерни простаци и слепци. Што прогресирале и еволвирале уз пат. Ќе прогресирате и еволвирате ама у бестрага, ака три лепе, вие. Само напред. Ај добро утро!
Она кога ќе ги изненадиш луѓето дека можеш да им го начравиш истото што тие ти го направиле тебе... Не било убавко... нели?! Глупоќата е страшна штом ги довела во заблуда да мислат дека се повластени.
Мразам себични луѓе. Кога ќе остареат на што ќе се сеќаваат? На тоа дека само тие си биле битни и дека не сакале ни малку да помогнат на некого кому тоа ќе значи многу, а имале прилика. Дали им се билда егото или се задоволуваат со тоа да бидат поуспешни од другите? Од себичност никој аир не видел, ама ај ќе чекам самите да си го дознаат тоа.
Да се умешам у пар муабети. Прво, Биг Мек е супер бургерче, некад ми се пријадува. Не би го јадела секојдневно, ама еднаш, два пати годишно ако ми се пријаде, и те како би мцнала еден. Второ, добар сладолед од ванила со сочни црвени смокви е едно од највкусни десерти. Трето, сладоледов од ф'стак: Е еден од најдобрите што ги иам пробано.
Сладолед од смоква е д шит. Малку и носталгично ме фаќа пошто ми бил многу вкусен ко дете и само таков јадев, како и слатко од смокви. Сега како возрасна имам уште "попрефинет" вкус и сум "удрена" на ф'стак. Лошо е шо одамна не сум купила сладолед од ф'стак. А кога многу ми е жешко често одбирам од оние замрзнатите сладоледи, ко вода со вкус на овошје. Тие ги сакам за свежина, за вкус овие кремасти со смоква, ф'стак и реално солена карамела ми е гилти плежр.