Денот ми започна со преубави вести, кои ги очекував со нетрпение цело лето! Кога и реков на мајка ми дека до крајот на годината ќе ги имам двете дипломи за кои што се спремав изминатите неколку години - не ми веруваше! Но, едната веќе тука е! Ми фали уште факултетската, но ќе биде и таа наскоро. Се чуствувам пресреќно и исполнето пред се заради самата себе, затоа што вложив премногу труд, време, трпение, така да успехот беше неминовен! А кога се чуствувате среќни заради самата себе, и кога насмевката не е само на лицето туку и во срцето, знаете дека ноќта што следи ќе биде само ваша, ќе биде за паметење. Ете тоа сакав да го споделам со вас, како што велат - споделената среќа е двојно поголема! По тој повод, и како што е редно - да ве почастам! Spoiler
Кај мене во маало 80% од луѓево се тешки богаташи баш ко што ги опиша па би рекла дека и многу повеќе од тоа имаат, да не ги именувам сега ќе ти стане јасно дека за едни од најбогатите луѓе во државава ми се низ маалово. Ние останаите 20% сме обичните смртници, просекот во државата. Верувај дека потажни лица од нивните јас немам видено и поосамени. На сите тие милиони што ги имаат живеат сами во огрмоните куќи, навечер можеш да ги видиш жените стутукани во ќебенце порај телевизор како го гледаат Султан Сулејман. Куќите им се празни, немаат живот, еден или двајца во ограмна куќа со базени и чуда, а ни 5 саати во денот не се дома. Се надевам дека барем слугинките си уживаат во нивните луксузи додека не се дома. Се враќаат дома со најскапите коли, со милион кеси кои неможат наеднаш да ги внесат, не биле тука цело лето најверојатно биле по најубавите и најскапи места, а на лицето само некој тап поглед изгубен во далечина и уста во права линија. Една од тие жени е и пријателка со моите, мислам не нешто блиска туку онака чисто комшиски добро утро, добар ден, баш им зборувала колку многу луѓе се собирале кај нас во двор, колку сме се смееле цело време, за слави и прослави колку било тоа весело и искрено и полно со среќа и им рекла блазеси ви. Еднаш ја видов и како ѕирка. Сакам да ја викнам некогаш стварно, очигледно е дека парите неможат да и купат се, како што рече нели дека е мејнстрим ама верувај дека не е. Неможат парите да и ги донесат нашите семејни мигови исполенти со топлина, вечерите кои ги делиме со пријателите или кога на скара и пиво ќе се соберат сите комшии и секој од дома ќе донесе по нешто. Ние што немаме толку пари колку што имаат некои секогаш мислиме дека им е многу полесен животот и дека се посреќни ама не е секогаш така. И јас го мислем истото кога ќе видам некој во каква палата живее и ми доаѓа да речам блазеси и, има милиони, си го наредила животот, се додека не доаѓа ситуација каде што ќе ја видиш и другата страна зад фасадата на богатството и скапиот луксузен живот. Сега мислам дека мојот живот и живото на моите родители е многу полесен и посреќен одколку на таа жена. И покрај се на крајот од денот се секогаш насмеани и среќни, се имаат еден со друг и не имаат нас, а таа ги има само парите и материјалните предмети. Немој после да ми кажете дека поубаво си живее од некој со скромни примања.
Прекрасееен ден!!! Изненадувања куп! И што е најважно позитивни се. Денес и јас сум позитивна и тоа до максимум. Вријам од среќа. Одамна немало ваков ден... Тотално разбивање на монотонија и нејзино заменување со радости, исчекувања, возбуда и што уште не... На накои работи уште неможам да им се изначудам и изнарадувам! Пресреќна суууум! Ви го посакувам истото и на вас, пријатна вечер!
Кога ќе го достигнеш врвот на знаењето, е дури тогаш всушност откриваш дека ништо не знаеш. Така ни кажа професорот по физика. Незнам дали е точно ова, точно е? Професорот ни е шегаџија па незнаеш кога да му веруваш, кога не.
Копнеам да ти раскажам читателу за обликот на облаците кои се простираа на бескрајно синото небо,ми шепотеа илјада стихови потоа оставаа јас да ги составам и да им дадам душа,да дишат и бескрајно да шумолат заедно со морските бранови,се бунтуваа крај срцето да им дадам вечност и да им вдишам слобода,тие се како птиците. Од песокот во срцето си созадаов безброј мозаици кои ги обоив со секоја воздишка и насмевка,илјада бои и уште толку облици,небаре бев некој уметник кој има за задача да ја создаде среќата од облаците песокот и брановите,и давав облик и пеев долго,долго во ноќите.И одново следното утро имав нова песна и мал мозаик.И времето секогаш ми ги кушуваше,во замена за вечност. Во вечерите зборував со месечината ја молев да ми раскаже за синилото на морето и кого повеќе таа љуби нејзиниот дом небото или морето каде се вгнездува нејзиниот одблесок. Тој ги затвора очите,а јас му зборувам,му го слушам дишењто и претурам по соништата,му раскажувам за црвената и тиркизната боја на рамите од прозорците на таа бело обоена куќа,за оградата што го чува тој мал свет,нечиј,наш.За шумот на завесите кои ветерот ги носи,за ширум отворените прозорци. На песокот си отавивме стапалки и испишавме букви,за да можеме преку песокот да му оставиме дел од нашата љубов на морето,за да допре таа до школките и длабочините.
^^^^ Навиките се менуваат кога доаѓаш до поголеми финансии. Претходно со комшиите или роднините си се збирал по дома пример, во двор на скара, и цело маало може да ве види колку си минете забавно. Кога имаш повеќе пари, истата дружба можеш да ја имаш во фин ресторан или на некоја егзотична дестинација. Соседите нема да знаат каде си бил и како си поминал и ќе те видат само како се враќаш дома и гледаш тв, па ќе претпоставуваат дека си осамен и несреќен. А денот можеби си го поминал врвно. Не велам дека парите неминовно носат среќа или несреќа, така отсечен заклучок не треба да се има, велам дека не може нечија среќа да се мери така оддалеку и површно.
Години поминаа и некои возачи уште не научија како се вози по кружен тек. Секој ден-нова приказна. ** Читам попуст, се за 190ден., внатре една кошница и во неа не се знае што е ракав, а што ногавица и само тоа е намалено, се друго е да си оплакниш очи. Ама, битно напишале со огромни бројки 190. ** Една од поверните другарки се вработи веќе 3 месеци и зема плата 26 000 и едно кафе нема частено. А, јас кога одев 6 месеци на пракса со 4000 ден., обавезно ја частев кафе. Не ми е мене за кафето, си имам пари фала му на господа, ама една ситница е, еден гест. Иначе истава другарка е најоговарана во друштво за тоа колку е скржава. Цело лето го помина со едни влечки (на све ми стоје), и потоа се ценкаше за едни апостолки од 250ден. и на крај не ги купи. А, колку пари имаат ни самите не знаат. Ама пуста скржавост им е во душата влезена. Малку оговарање. ** Читам статија каде е сликана некоја скопјанка, колку била секси, убав стајлинг и се прашувам законски дозволено е да сликаш некој по пат и да го објавиш на веб портал? Или местени работи се ? Иначе девојкава убава си беше, ама такви како неа има на секој ќош.
Сакам да кажам дека конечно ќе можам да се смејам без да се кријам. Па сега сакам на сите да им дадам повод за зборување. Леле бубо колку си се разубавила. Барем една вистина да излезе од нивните усти.
Луѓево што се буткаат со сите сили (тука рачунајте и бонус по некоја пцовка и истурање нервоза) во секоја ситуација со чекање ред или гужва пред врата за први да завршат работа, по цена и да смачкаат некого, успеваат ли понатака во животот? Или пак, оние што немаат некаква работа строго поврзана со време, а се буткаат во првиот автобус што ќе им дојде и во којшто игла не можеш да фрлиш. Просто не можам да разберам, како не ве разубедува гужвата кога не се брзате никаде? Ех, потврдено и докажано е дека сум антиталент за туркање и лактање, и во буквална и во фигуративна смисла... :geek:
Е Спешлке, трај, се буткаат чиниш нема да стасаат, па и за во автобус истото важи, се туркаат, буткаат, ако може и ќе те згмечат, сендвич ќе те направат или се тутнале сите у еден автобус, ко да нема друг во градов, само еден е, еден и вреден ами ај со се туткаат, па шоферите, брзо возат, мислиш компири возат, абе ќе летнеш низ цел автобус од што толку брзо возат, ќе немаш ни време да се задржиш.Мислам дека тоа само кај нас го има, сите се брзаат некаде и сите се живчани, кога станува збор за автобус или кога се чека ред некаде.
Една од работите што најмногу ги сакам е овој период од септември, кога не е студено, а дува свежо ветре, и кога има сонце, но сепак можеш пристојно денски да прошеташ без да се сториш пржена сланина... Плус, на „тежина“ добива и со самото тоа што го најавува последниот „крик“ на летото и служи за збирање на сето она што се случувало во изминатите (луди) три месеци. Не знам за вас, но кај мене ова лето не беше одбележано со ништо повеќе од работа (Одмор? Што беше тоа?)... Океј, еден прилепски Пивофест нека се рачуна за моето лудо и незаборавно YOLO летување, но тоа не одзема од целокупната вредност на периодов... после кој следи студената и зимска сезона... Доцна есен не сакам (иако велат дека го сакаме времето кога сме родени), зима па неќам ни да чујам, но на ден како денешниов се чувствувам преубаво, со блага доза меланхолија. Една попладневна прошетка, зачинета со свеж ветрец и комшиските миризби на пржени пиперки (и секако, неговото Височество, Ајварот), и јас сум како препороден. Enjoy the night, guys! I know that I will!
Не знам зошто, но чувствувам потреба да им се оправдувам на другите. Без разлика дали имам направено некоја грешка, ете имам потреба да им кажам што мислам, или пак што сум мислела со тоа што сум го кажала. Еве еден од многуте примери - Поставувам прашање некому, добивам одговор. Потоа јас морам да вратам, да кажам зошто сум го поставила тоа прашање, поради кои причини итн. Зошто имам таква потрба да им се правдам на другите? Зошто морам да им полагам сметка, да им давам отчет? Се чувствувам лошо, како да сум им на тацна на другите, а тие кон мене се ладни, затворени... Би требало да се сменам, инаку ќе продолжам да се чувствувам бедно и секому достапна, најверојатно бидејќи сум премногу искрена, па морам се што ми лежи на душа-да си кажам. А, некогаш тоа скапо ме кошта.
Бидејќи средното е задолжително толку ли не можат да воведат училишни автобуси па кај не воведуваат па уште и на пензионерите им даваат бесплатно па што се должни децата секој вторник и петок да се буткаат.Денеска некоја пензионерка ја бутнала сестра ми во автобус паднала цела нога и е со модрици па стварно нема смисла
СДК дека сакам да кажам ми е омилена тема бе , и дека ДА- месечината е прекрасна вечерва и дека многу ми е фино што се дружиме и најмногу од се сакам да утре татко ми добие добри вести,и ако не се ние сме секогаш тука со него. Пријатна вечер феминки
Денес беше убав ден. Утре ќе биде поубав. Од сега сум back on track. п.с. И мене оваа тема ми е омилена п.п.с И јас ја видов месечината, прекрасна е.
Денес конечно се подновив со вториот пар очи. Мислам дека сега светот ми е HD, на се' се чудам. И како за „беља“ денес има полна месечина, да можам да и' се восхитувам по толку долго време што ми беше само една жолта топка. Туку, има и лоша страна ова. Јас досега си мислев дека имам совршена кожа, а сега кога ќе се погледнам во огледалото можам да си го видам секое дупче на лицето. За целулитот отпозади па да не зборувам. Отидов јас да му се радувам на светот, убав бил, што не кажете.