Ќе прснам парфем и едвај ќе остане на мене 5 минути ама затоа комшијата кога ќе помине во зграда со машки парфем се осеќа мирисот наредни 3 работни дена од први до петти спрат .
Јас познавам многу жени што користат машки парфеми.Незнам мене тоа некако ми е безвезе.Али во секој случај машките се појаки и подобри од женските.И незнам дали имате приметено и машката облека е многу поубава од женската.Абе какви маички има панталони стварно многу убави а женскиве катастрофа се како некој партали,шарени никакви.А во машки бутик да ти е мерак да влезеш јас просто уживам кога одам со мм на шопинг можно е поради тоа што јас мислам дека и на 70 години ке носам фармерки и маичка,спортски тип сум и може затоа ми се свиѓа машката облека
I'm curious... Зошто? . . . На крај на ден ако нешто ни е поубо не треба да го прајме то место то шо "мораме"? И шо е уствари "машки" парфем, а шо "женски"? Дали лаванда или кора од трска ( ) се користи? Оти ако ја сакам трската ( ) ќе ја земам безразлика маркетингот шо упорно пробва да ме тргни од то. Или маички. Ако нема "женска" Марвел маичка, ама има "машка" шојма врска ако ќефо си напрам и ја купам? - Ништо. Барем према мене, рушење на воспоставени норми со себе експресија се позитивни. Да сме слободни да се покажиме онака како шо сакаме и ни е најкомотно. Штета никој нема од то ако гледаме реално.
Многу се појаки ама многу, еднаш така пешачам со кучето околу 30 тина минути во еден правец и поминувам од кај една автобуска станица и некој тип се намирисал, се туширал со парфем ама некој преубав и јак, ми остаи впечаток. После се враќам пак по истиот пат, и мирисот е тука уште. Се изненадив позитивно, сигурно некој од дизајнерските бил, од поскапите, не верувам некој "обичен" да беше и да е дотолку траен. И тоа со облеката го иам приметено и јас, колку се само пософистицирани некако материјалите ама добро тоа пак зависи кој бренд е, сегде не е така.
Добро што е со шминкериве што не знаат туш да ставаат??? Значи ако сакав да бидам Китка-Матка, ќе му дадев на дечко ми да ме шминка…. Покажуваш едно излегуваш ко избацен од поплава.
А шо е со термините за нокти? Попрво за ренген ќе најдам термин отколку за нокти. Завчера и пишам на една, ми вели после 11ти, пред тоа се е зафатено.... Да се чуди човек
Би било убаво работниците да се фер компензирани и да има повеќе отворени продавници во недела. Мразам да плаќам 30-40% поскапи цени на места ко бензински.
Дека се нема пари нели, сиромаштија... Ноктите најбитни се, лето е сеа, како на плажа без маникир, не иде. Да но нели и тие треба да одморат за викенд? Да е до мене ни една не би дозволила да работи, освен аптеки дежурни, си има денови, ќе си испазариме све шо треба, недела е ден за одмор. Разбирам дека некад итно ти треба нешто ама сеа тоа е, ќе се снајдеш некако, ќе поминеш и без тоа. Како порано фунkционирале така па ништо не им фалело?
За кого како. Ја преферирам природен изглед па и без маникир сум често. Не значи тоа несреденост и неуредност или да? А и не мора цело време да се иде на праење нокти, можеш и дома да се средиш. Затоа пишав за кого како, кој како преферира така нека праи, негово е и никој не смее да се меша. Него поентата ми беше, сите се жалат немаат пари, кукаат, а секоја недела со нов маникир, може и два пати у неделата па одморчиња неколку пати годишно. Секоја чест, нека уживаат ама шо се жалат, тоа не ми е јасно.
А јас што никогаш не сум била на маникир, гелови, надградби и не трпам многу долги нокти Една грижа и трошок помалку И дома средени со турпија и гел лак може да изгледаат пристојно
А јас што ни турпија ни гелови не користим? Само ноктарица, гледам секад да ми се кратки, пошо ич не трпам нокти.
Од лани летото јас почнав со редовно одење на маникир, секој месец по еднаш. Не ни правам којзнае што, со гел и лак само. Интересно е да си барам идеи на Пинтерест какви да си ги направам следно ноктите. И жената каде што одам воопшто не е скапа, плус како терапија ми делува тој еден час што ќе го поминам таму. Ама да, одржувани нокти не значи дека мораш апсолутно на маникир, па со надградби и сл. И сосема обични без ништо можи да се одржувани, зависи колку време им посветуваш.
Пред некој да се нафати да каже, ќе ве задавам ако речете дека жена мора секогаш средени нокти да има (женствени).
Pod sredeni se podrazbira da bidat zdravi, cisti i skrateni se drugo e "sminka" a mene pa mnogu losho mi izgleda koga ke vidam nekoja so noktista ko vestica nekoja.
Ќути што знаеме ние, не се разбираме у нишо, не сме фенси.. И ја не трпам долги. Коа па ќе видам онакви предолги вештерски нокти однадвор средени убав маникир све џам ама демек хигиенски се тие и се грижи за себе женската, а под нив може триста бактерии да има, у ред е тоа. Е мене таквите ми се језиви и ич не ми се допаѓаат ама секој со својот вкус. Иначе се согласувам со сите што пишавте дека треба да се средени и да се внимава на хигиената, тука збор нема но јас не подразбирам под тоа стално да се со маникир, типсови, гелови, лакови и што ти знам. Нема ништо лошо у тоа ако некоја не се ни лакира и сака да и се нонстоп кратки и рамни, не се чудете толку, не е грев тоа ваљда? Или по дифолт истата не посветува грижа за себе и шета несредена? Мене ми е несфатливо таквото размислување. Ете ова. Кажете и вие мажите што е подобро.