Ама и кога ќе ги тупнеш по лејката онака брзински неколку пати како со потценување да ги дисциплинираш и ко да им викаш оф бе греву еден, ти најде да се топориш...ко Бени Хил кога го тупаше она старчето со ќелајцата дека така понизок и ко припрост делуваше стариот
Сум имала долги, и... Прелесно е. Толку е се полесно да прајш шо кога и да сечам после се осеќам како прсти да немам и "наново" учам се. И зато крајно смешни ми се прашања ко: "како бришиш дуп" чиниш со кратки нокти ко да гребиш внатре, а не ко да користиш прст и хартија. Или готвење. Ај за месење - нема шанса ни со нараквици и или сум вадела гел и сечела нокт или не сум месела. Ама готвење? Cmon. Ezy. Храна до прст не ми допира, не па да ми сметат и "нормални" нокти ко ќе имам. А за сечко да приклучам в струја или да мешам со дрвена лажица - не менва долги нокти или не. Лично одамна немам растено нокти толку и праено со гел долги пошто чистењето на долг нокт ми зема поќе време и во последно сакам нешто simple пошто енергијата ја насочвам на скинќер ама дефинитивно има професии каде стварно не се добредојдени ради хигиена. Ко шо реков, долг нокт поќе време треба за убо да се исчисти и ради површината - поќе се валка, логично.
Аа тоа не е самодоверба, тоа е последен круг на бизерна самобендисаност. Плус да се надоврзам на ругањето Најјаки ми се оние типчиња со нози ко чачкалица, ама нее, тоа не е се. Баш тие таквите со 25 кг жива мера, ко ќе седнат ќе почнат да оговараат девојки, де слаби, де дебели, де вакви, де такви... А оно, мојата една нога негови две (ноџиња)
Кај некој е уметност, кај некој е курс од 3 недели. А бизнис па не би рекла, секој живее од платата. Јас дома си правам гел лак и верувај за 500 денари можеш едно 5-6пати да си направиш сам. Така да и 500 за гел лак не да не се исплати. Ама муабетот е дека таму и 300%заработка е океј. Јас лично, се научив сама и депилација и нокти пошо ми е без врска давање пари, не ти треба нешто талент техники се, се учат
Е сега откако дозна, "ќе почниш да одиш" еднаш месечно на маникир. После ќе речат не ти одговара нијансата на рацете и нозете, па ај и на педикир. Па ќе дознајш дека срамота е влакната на надлактица да ти се 3 дена, 4 сати и 32 минути подраснати, ај на депилација. Па ќе ти стрчи влакно на левата веѓа, ќе имаш бело влакно, 1×10−12 пораснат корен, килограми плус/минус, целулит, нема да користиш 420 козметички производи, нема да мирисаш на диви цвеќиња носени од Венера.... Се' нешто е срамота или неуредно, а ништо од ова врска нема со неуредност. Сфаќам и и' јас си прам работи од ќеф, ама то и треба да биди, ќеф, а не најбитната работа на светот па ајде одма си некапен од 29ти февруари.
Или на пример депилирани нозе а раце не, мислам што, зошто, како? Еве некој нека ми каже. It' not natural man. @Ugly Duckling еве една гушка и чајче од камилица
Исто скроз. Освен косата што е невозможно да ја ишишам или нијансирам сама, друго сѐ се учи. Како да е филозофија вадење влакна.
Апсолутно е океј. Не е на никој начин неетично. Нудат услуга која е луксуз (не е нужна), ти кажуваат цена, ти или прифаќаш или одиш на друго место. Секој има право да си го продава своето време и труд како сака. Јас не се замарам многу со нокти и никогаш нема да се нафатам сама да правам. Мој избор е да одам кај ноктарка по мој вкус и цени кои ми одговараат. Ама нема да им се лутам на оние што не можам да ги приуштам. Таа приказна дека некој со 3 недели курс скапо ќе наплаќа нокти ја нема во реалноста, оние што ја убаво испраксирале работата и вложиле труд, да.
Тоа иде у комплет со раце и нозе туто комплето, нели?.. Нели? Јас знам и да се шишам сама да, целосно самоодржлива.
Не да ја има, кај мене во населба има таква ама има смотани тетки што плаќаат Ама муабетот беше дека кај козметичарки се фрлаат пари, а за здравје се е скапо,( повеќето вака размислуваат)
Сдк дека многу злобен народ сме. Сега гледов пост во кој една мајка со дете бара помош, некои работи и требале и работа. И во коментари уауу, здрава е млада е нека работи шо има да бара, шо барала со турчин маж, како можела да има за филери на уста а за јадење нема, па ороспија па таква ваква.... па и пострашно шо и жени пишувале дел од тие глупости. Абе луѓе животот е тркало, денеска може се да имаш а утре ништо, на некоја може се да и е наредено и никад да не осети сиромаштија ама некоја друга може да плаче за леб за децата.... јас некни се чув со братучетка ми, плачеше на телефон, она е самохрана мајка, вика едвај се снајдов за стан од 15 000 и едвај за работа, нема кој да ми го чува детето немам никој, добро шо ја најдов оваа работа само прва смена, на друго место не сакаа да ме примат.... Абе каде ќе ви оди душата бре?? Кога веќе се ви е наместено, имате и баби и жаби и работа и коли и се, кога не сакате да помагате, барем не пишувајте такви глупости. Арно е кажана таа, ситиот на гладниот не верува.
Многу завист злоба и да се надоврзам,нека работела како порано работела како имала за ботокс и се така некакви коментари ретко кој пишеше дај да помогнеме акција само еден имаше да се отвори телефонска линија за помош на жената и кога сме патем кај тоа ,јас сакам да помогнам за нејзе конкретно и да отворат линии тел или некаков контакт за со неа ,а и на било кој друг еве ти братучеда ти ја спомна и за неа ако треба а и секому кому му треба помош луѓе сме денес си имаш се но утре којзнае кој од нас ќе нема ,затоа да се помагаме и поддржиме едни со други тоа е мое мислење