Па реално за вакви работи најмалку треба казни. На блиска ѝ се деси ова и да, баш така ѝ кажале кога стасала таму 10 минути порано од терминот за нејзиниот преглед, дека не ѝ се чекало да докторката. Оти ние еве од лепота идеме по доктори на 40 степени.
Баш прошли пат размислував како докторите без срам кога сакаат, колку долго сакаат и колку пати сакаат прават пауза. Барем во мојата амбуланта и се прави ужасна гужва. Или најиритантно кога се менуваат докторите на смена и овој во 2 си оди, другиот доаѓа во 2:15, пола сат пауза со сестрите за кафе и цигара и му оди сат од работното време. Срамота...
Неам проблем да почекам 15 минути ако излегол докторот на кратка пауза, еве си кажувам. Ама ИЧ да не се изврши прегледот ради глупа причина, а некој може се довлечкал таму едвај на жешково, епа стварно е безобразно
Коа нема казни они го искористуваат тој момент и баш ги заболе за пациентите. Ох бе, да беа докторите хумани и човечни добро ќе беше, повеќето се исфрустрирани и себични створења и не си ја заслужуваат титулата. Мене баш ради нив ми се темни коа треба да идам на преглед, не е ни до толку поради условите него те третираат ко партал. Не ми е јасно едно и по Германии коа идат вака се понашаат, смеат ли? Или како бе магично се мењаат истите коа ќе отидат у приватна болница или ординација, одма друг однос некако, за матичните не важи ова, баш они ич не се замараат со пациенти. Значи се можело. Ние зарем криви им сме шо не се задоволни со платите па нас да ни го истураат бесот, ѓубриња. Секоја чест на исклучоци кои си ја работат професионално и посветено работата.
Мене минативе два месеци две докторки на државно ми направија услуга да ми закажат снимања многу порано од што редовно има термини. Зошто не знам, онака по нивна волја, не ги ни молев ниту бев со врски отидена. Сакам да кажам точно дека здравството ни е ужасно од многу аспекти, ама дека сите што работат таму се ѓубриња, не се.
Незнам каде да пишам затоа тука. За таа братучетката шо пишував. Девојката бара работа ама само прва смена и одговара, живее во Кисела Вода. Има мало детенце дома и не е во можност во смени да оди. Исто ако може да биде неосигурана, пошо има многу долгови на извршители, станот и е 15 000 и не би можела да пристигне се. Ви се молам без осудувања. Девојката е стварно во лоша ситуација. Ви се молам на сите скопјани ако знаете некој или некаде каде би можела да се вработе, да ми пишете.
А казни за пациенти што не доаѓаат на термин!? Колку ги има такви ехееее многу повеќе него овие, ама за нив никому ништо.
Јули, месецот во кој ништо не се дешава, па истовремено и се се дешава, и кога ќе погледнеш наназад во ретроспектива, се се и изменило и веќе ништо не е исто. Bye, bye Јули. It's been something alright. Always is.
Ај тоа… ама пациенти шо доаѓаат по неколку часа пред термин, терминот во 12ч, пациентот чека уште од 08ч., па се ствараат страшни гужви, кавги, нема кој каде да седи, па чекале со часови… Убаво на упатот пишува датум и час, ама кој да прочита.
Вака сум сретнала за пациенти од други градови што идат. Оти во 21ви век од некои градови има едвај по 2 термина за превоз до Скопје дневно
Тоа е, секогаш е хаотично, посебно по клиниките, ти тоа подобро од мене го знаеш. Од цела Мк идат луѓе на прегледи и нормално е да има гужва, малце и културата и едуцираноста кои не ни се на завидно ниво си го праат своето. Но сепак нема мислам споредба пациенти што праат гужви и не доаѓаат на термин и доктор кој зашто му се сакало си отишол и не го прегледал пациентот, а тоа му е должност, за тоа е платен.
Апсолутно, воопшто не го споредувам едното со другото. На ревматологија бев сведок на вежби каде една професорка прекина со прегледи и ја заклучи вратата, со шо сите непрегледани се должни повторно да идат во Скопје дури по една недела, оти таа еднаш неделно има амбуланта.
Абе, од кога е срамота да се носи, користи нешто евтино? Често слушам од познаници, колеги, пријатели, или пак и овде читам купила евтино, користи евтино.. Без разлика дали станува збор за евтина кујна, кола, парфем, дезодоранс, бурма, евтино место за летување, парадајз туризам, џукела куче спроти расно, или шта год.. Па така ко ќе ве слушнам, копуци едни, одма ве читам колку ви вреди душата. Колку патите од комплекси, од докажување пред народ.. Абре уживајте во животов, не етикетирајте ги луѓето по тоа кој кај се шиша, која колку ноктите ги платила, или спалната или тоалетната миризлива дал му била. Што луѓе сте, што чума се сторивте. Да простите на францускиов , ама лајнари сте.
И ова социјалниве мрежи се пресеравање, се е идеално таму, сите се среќни и материјално обезбедени од кај па сега дека у државава луѓе крпат крај со крај. Ех, 21 век време на информации а ние застанавме на тоа да ни испливуваат комплексите на инста и фб. Мислам шта речи,а не заплакати ?!