Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Ivy89, и мене ми е омилена :D идам, горе доле ве читам, удирам тоа лајковите,
    чукам тоа што мислам набрзина :tmi: и до некое ново читање, сдк се читаме...

    Шетнав малку по Карибите...Мајами, а бев и до трите прстени на егејот...
    Јадран малку го sирнав :worried:
    Седнав да гледам филм и влегов во некој филм, ме разбуди мобилниот со мацо ти си :o
    Мачки да ти мјаукаат кога ќе легнеш да спиеш недопеан еден :^)
    Како бев тргнала и на марс ќе стигнев :D
    Исклучете мобилните кога шетате во ниедно време :wasntme: :!:
     
    На Ivy89, Elennaa, duffi и 2 други им се допаѓа ова.
  2. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Обожавам позитивни луѓе во школото, а меѓу тие најпозитивните сум и самата јас.
    И покрај тоа што есента не ми е баш период од годината кој го сакам, има денови во кои уживам. Ако мислите дека тоа се оние есенски денови проследени со дожд, кебенце и топол чај во кревет, се лажите.Тоа се оние есенски денови кога после многу дожд, и ладно време , сме жртви на сонце со заби со што автоматски мене ми се јавува насмевка на лицето, расположение, желба за шетање, а и за чудо желба за исполнување обврски, учење, читање и сите оние работи кои и ме исполнуваат и кои не баш ме исполнуваат.
    И така денешниот да го наречам лажен топол, сончев ден ме направи и покрај непреспаната ноќ, и покрај седум часа активна настава, да шетам по Широк Сокак со другарки и да ширам харизма.

    Има работи кои ми тежат на душата периодов, но на кој не му тежеле и кога ми било совршено?..Така да, уживам.
    Си правам некои ситни планчиња, ме чека матура, факултет за година дена, нов град, средина, луѓе, ама како е пишано ке биде.
    Останете поздравени, убава вечер, јас ви посакувам добра ноќ од мене. :*
     
    На Lella, eliesaab и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски

    Шо убо мор Озбилна :( баш ми е мило, осеќам се како со тебе да сум била :wasntme: Ами на муте ќе си ставиш мобилката и готово, шо :wasntme: нека певља тивко после мобилниот :wasntme:
     
  4. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Другарки,држете ми среќа,за мала работа е. Ама многу ќе ми значи.
    Срцето ми е како лешник стиснато од страв,нервоза,возбуда. Најлоша особина ми е што многу мислам и се тревожам за се. Само се надевам дека ова ќе биде како што треба.
     
    На sweet-cherry, bittersweet, eliesaab и 19 други им се допаѓа ова.
  5. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Е убо мор :D на муте ама од овој филм во другиов непланирано си тргнав :D
    Напорен ден, навака - натака и на крај се најдов на местава. :* :hai:
    И антиталентот за туркање и лактање ја :* :hai: ме мрзи да одам во сп :angel:
     
    На Gordana10 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.874
    Допаѓања:
    101.846
    Пол:
    Женски
    А ти се случувало да кажат за тебе дека се правиш важна и не сакаш да поздравиш никого по улица,а ти гледаш како був во ден,со замачкани бои??? :D :D :D
     
    На marama и feminium им се допаѓа ова.
  7. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    незнам нејзе ама мене да :rofl: а иначе и ја мислев дека имам перфектно лице и затегнати нозе ;) :rofl:
    eee одамна беше тоа...
     
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.874
    Допаѓања:
    101.846
    Пол:
    Женски
    Знаеш,пред да правам операција на очиве,имав висок диоптер,буквално не сакав да гледам во далечина.Зошто да се мачам да видам кога не можам?
     
  9. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    На градов мој,неописливо е,колку само муе потребно еден психолог.
    Абе ниту еден да се немало,дај нека се осуди некој нека студира надвор од државава по квалитетна програма,па да се спасиме сите.
    Сериозно на секој од нас ние потребно нели ?
    Па дури ја тупам другарка ми со моите проблеми,љубовни маки и интриги,ќе го тупам психологот,а воедно ќе знам дека ќе добијам стручен feedbacк,и со сигурност ќе знам дека муабетот останува тука.

    Секој со различна мака ...некој изгубил блиска личност,некој дошол на дното од завршеток на љубовна врска,некој ја изгубил работата...не е лесно човек сам да се бори со своите мисли.
    Затоа можеби сите сме по малку напнати и депресивни.Затоа што планини чуваме во себе,кои ни тежат.
    А нема кој да не разбере,кој да не ислуша.
    Дај нека стане и кај нас тоа нормална работа,па и ние да бидиме нормални!
     
    На Ivy89, anggell, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.885
    Допаѓања:
    23.865
    Пол:
    Женски
    Онаа чувство,кога едноставно универзумот те тера да одиш во СДК и да го напишеш најубавиот пост во историјата на постовите и на крај сфатиш дека немаш ништо да кажеш.
     
    На luci22, eliesaab и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  11. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.278
    Мимс не секогаш мора да значи дека скромен/сиромашен начин на живот гледан во материјална смисла, под дифолт ќе биде извор на среќа, љубов и задоволство кај секого!
    Ова се толку различни и релативни поими кои ќе зависат единствено од добрата (не)воља на луѓето. Башка сите водиме различен начин на живот, исполнет со успони и падови само разликата е во тоа што кај некои едно од овие две повеќе преовладува.
    Затоа и сметам дека генерализацијата е сведена на апсурд, а твоево е груба споредба околу тоа како стојат стварите.
    Зборот ми е, не мора да значи дека ако твоите соседи се онакви какви што ти ги опиша, а твоето семејство среќно со скромни примања, насекаде е тоа така. Не, него тука влијаат уште многу други фактори, што упатува на тоа дека светот е колоритен, а во него можеш да најдеш секаква сорта на луѓе.

    Имено јас преку постов конкретно не ја критикував онаа група богати луѓе кои умеат да направат баланс меѓу високата работна функција и семејството. Напротив, ним капа им симнувам.
    Туку јас конкретно зборував за богатите снобови полни со себе кои делат ,,мудри'' лекции околу тоа како треба да се живее, (на оние со значително пониски примања од нив), притоа заборавајќи на поимот емпатија, па кажуваат само колку нешто да се каже, да не е без ич.
    Сепак заклучокот е дека среќата или несреќата не може да се измерат парично, ама пак од друга страна оди купи леб, млеко, и јајца за дневни потреби со насмевка топол збор и притоа биди среќен да те видам. Не бива, нели? :) Бидејќи не заборавај дека понекогаш е тенка границата меѓу скромноста и сиромаштијата. Многу потенка од што некои замислуваат...
     
    На eliesaab, Ivy89, Lella и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    575
    А јас веќе предолго време се чувствувам толку некомплетна и недовршена. Впрочем, што и да почнам оставам недовршено.
    Почнувам книга и ја оставам, заслушувам некој албум и гасам после 2 песни, читам поезија и завршувам после 2 стиха, филм одамна одбивам да симнувам зошто не знам колку ми се почнати и не догледани.

    Толку сум безволна, толку омлитавена, толку некако празна..
    Предолго.
     
    На eliesaab, blueeparadise, SparkyAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Ај малку асоцијација. :rofl: Вторник... автобуси... и се' е јасно. Не? :rofl:

    Автобусчето си вози. И јас стандард си стојам, бидејќи не сум расположена за држење лекции дека омладината е за никаде. :talk: Океј, повели, седни си, само ќути, молим те. :wasntme:

    Значи се', се'... ама да седнеш на едното седиште и да не пушташ никој да седне до тебе? А притоа во автобусот да нема место игла каде да се фрли? :fubar: Ниту измрцварено бабе, ниту изморен дедо? И после омладината била лоша, океј!

    Нека си постават знаменца за освоена територија и готово.

    Значи смачено ми е! 65 минути порано излегов од дома, и повторно закаснив во школо. Па во колку саат треба да излезам од дома бе, во вторник и петок? Од Охрид побрзо ќе стигнам. Или можеби да преспијам во школо, за да не им фаќам место. :x
     
    На Dreams.678, sweet-cherry, luci22 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.405
    Пол:
    Женски
    Оној момент кога некој те замара, а ти само гледаш што побрзо да го откачиш. |(
    Епа еден таков крлеж мене ми се закачи, ај со лесно нека ми е! :angel:
    Магнет ко за психопати да имам изедено хаха. :?: :lol:
    Добра ви ноќ, посакајте ми среќа да го откачам типчево како знам и умеам. :!: :D
     
    На Valerin му/ѝ се допаѓа ова.
  15. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.361
    Во духот на ајс бакет чаленџ, застанав на ивицата од базенот со солена вода за бран од атланскиот океан да ме испере од глава до пети. Толку убав, син, ама студен океан. Од ветерот поцрвенев како варен јастог. Колената ме печат, ме гребаат од што ме печат. Барем нема да ми е ладно ноќеска и надвор да ме истераат да спијам.
    Додека ја гледам месечината, и тој дел од водата на која и дава светлина, сакам да го снимам во мозок секој звук од секој мал бран, секој плесок на камењата и мал жубор, да го зачувам и однесам со мене, во мене, и така штедливо да си го трошам во секој момент на нервоза, на анкс, на немир, тука да се вратам.

    Ѕвездите се толку поголеми колку поблиску сме до екваторот. Пружи рака и ќе ги фатиш ти се чини. Ти доаѓа прашањето, зошто во вакви мали бисери од убавина народот е сиромав(финансиски) а толку богат да биде опкружен со ваква природна убавина? Дали е воопшто и свесен за таа убавина? Некој закон на природата ли е ова? :^)

    Светот е толку голем, толку убав. Отворете ги очите.
     
    На bittersweet, Ivy89, Lella и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Зошто не може да имаме по 2-3ца дечковци? Онака официјални, без проблем да си ги шеташ низ град.
    Од кај тоа морало еден? |( Па зарем не е претерано да бараме сé од тој едниот? Вака поштено ќе си имаш еден за добро утро, еден за на театар, еден за по шопинг, еден за авантури, еден за романтики, еден за добра ноќ...
    За виновни ги прогласувам оваа посесивност и љубомора што налагаат ваква норма. ;)

    [​IMG]
     
    На julie77, bubac, Valerin и 4 други им се допаѓа ова.
  17. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Прекрасно помината вечер со старите пријатели.. зарем некој би останал рамнодушен? .. Долги разговори,насмеани лица,топли прегратки .. повторно бевме забавачиња,првачиња,матуранти,апсолвенти и тооа све во една вечер .. кога се сака све се може :)
    добра Ви ноќ
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    ^ Добра идеја Мадам.
    Се сложувам со тебе. Би било одлично да можевме да имаме повеќе дечковци. Така ќе си бевме ем задоволни, ем среќни. И волкот сит и овците на број. :rofl:
    Ова е посебно добро за девојки кои од еден дечко бараат премногу, а тој не може да им овозможи се`.
    Вака тоа што не можеш да го добиеш од едниот го добиваш од другиот, и обратно. :)
     
    На Madam-A му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.977
    Тие два дена во месецот кога во стомак чувствувам милион пеперутки без очигледна причина, кога ми се гледаат љубовни филмови, софт порн, кога се заљубувам во рандом лик од телевизија, кога го "малтретирам" маж ми во ниедно време во ноќта додека спие, кога еден најобичен бакнеж од филм буди во мене страст, знам дека овулирам. Календар не ми треба, ко да вриска телово ОПЛОДИ МЕ!!.
    За жени во брак кај кои првичната огромна страст од една врска одамна завршила, овој период е благослов :D
     
    На ozbilnazena и Lovely93 им се допаѓа ова.
  20. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    КУФЕР- нешто што кога од дома го пакуваш е најмалото на свет што не го собира дури ни списокот на најнајнајнеопходни работи, а кога го распакуваш вадиш само непотребни глупости.

    ***
    Го знаете чуството кога сте банкрот и ги броите фрлените железни 50ки и 10ки по џебови и ташни исфрлени од употреба- е во таков момент најдов 500че во ташната од матура :party: :party: :party: :dance: #се радувам ко циган на фичо :rofl:
     
    На eliesaab, Lella, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.