Едно време хоби ми беше туристичка промоција на Македонија, потоа еден период баталив, сега пак се враќам на истото, ама во поинаков формат. Аналитиксот не ми дава локации, не знам зошто, некои апдејти има, но одамна имав над 10.000 посети од странци.
Мастика орбит секогаш ме враќала на бакнеж во некои денови кога девојките повеќето беа непушачи и џвакаа орбит мастики коа излагавме во град. Покасно се соочив со бакнежот "пепељара" и секоја наредна беше пушач.
Концертот на Next time беше пре пре прекрасен. Не знаев дека момциве толку убава атмосфера прават. За прв пат нешто толку многу да ми се допадне. Преубаво беше
Гледам изникнаа многу онлајн шопс сега што нарачуваат од Shein.. Па морам да прашам. Shein прават достава до Македонија? Има преубај ствари.
Најголем себичлук, безобразлук и "не заслужуваш да си родител" како родител е да сметаш дека детето твое не заслужува да има убав живот и да ужива во обични работи како патување, храна и облека, само зашто ти некогаш не си можел да си ги приуштиш. Направете им ваквите услуга на децата и не ги контактирајте ич. ФМП
Искусив блиска средба со змија во водите на Охридското езеро... Ме допре повеќе пати на ногата, ко оние малите рибички што грицкаат, што ги има во водата и побегна... Немам ништо на ногата, за среќа, ниту ме боли... Ама језиво е, деца има околу, се капат...