Е тоа мислев, ама ме мрзеше да напишам. Као некад може и да бидеш изненаден позитивно, говорот на телото, плус ти се допаѓа на прв поглед за мене е ок да кажам да за кафе или да викнам. Никад не се знае, а и интересно ми е , цел живот сум/бев интроверта . Нормално пристапот да му е океј, и да се избаци така ,да вметне шега, нешто да остави убав прв впечаток, не да биде наметлив и упорен како говедо.
Апсолутно. Него, значи више не си интроверт? Има надеж може и за мене може... Чаре? Како искочи од комфорт зоната?
Ах, во љубениот ми роден град па, сеа да не го именуам, уште има '' пуштање'' со буткање среде улица. Романтики.
Не знам дали е до порното, дали е до тоа што сме многу години назад или до интернационалната ама не агенција туку интелигенција...ама се, ако е во граници на нормала
Кај нас улиците треба да ги мијат, не само да ги метат. Затоа кога излегувам надвор, на раце чувствувам дека имам прашина, дека ташната ми е правлива, па само бришам со марамици. Треба да се мијат улици, а тоа ретко го прават.
Чаре прави се она што те плаши. Колку повеќе се ставав себе си во ситуации што ми правеа анкс и страв толку повеќе станував комотна самата со себе .
Дали е ова најжешката ноќ од кога почна летото? Не се дише значи, нема ни да се спие.. 30°, а полноќ е.
Дали сум едина што у лето сака да иде во шума, а на зима на плажа? Еве ме, уживам во слики со замаглени шуми, колиби, дожд, парки и чизми. Ко ќе дојде такво време, ќе се замислувам на плажа...
Да ме просветли некој ако можи. Си шетам со една другарка, инаку мајка на две деца. Ја прашувам зашто иде у фармери на оваа жештина, одговорот беше : Па, мајка сум, ти си девојка. Мислам, сериозно?! Во 21 век.. Не знам како да ја разубедам дека е млада (36) и дека е нормало во лето да носи кратки пантолони
кој шо сака тоа нека си носи,шо се замараш ти кој како била облечена и зошто,ако сака и со јамболија нека шета
Може има целулит, вишок килограми па и е непријатно да шета со кратки панталони. Или таков вкус на облека има. Не е ни битно дури
Прв пат имаш опуштено мислење Ама... до некаде се сложувам со другарка ти. Јас имам 30 и две деца, и на шетање со другарки знам да облечам шорц или хеланки до колена. Додека имам другарка со дете исто, се шета со ептен кратки шорцеви и гради на мегдан и без гајле си се наведнува по децата или нешто. Мислам дека тоа ни е домашно воспитување и секој гледа различно на тоа. Јас на пример, оние најкратки шорцеви носам само на одмор и плажа.
Целулит или вишок килограми имаат милион млади девојчиња па без гајле се разголуваат. Пак ќе кажам, до карактерот си е тоа. Кој како мисли дека треба, така се облекува и ок си е.
Прашање на вкус. Или до карактерот е поради воспитувањето. Топло-нетопло, има места на кои кратки панталони се несоодветни. Друга ствар, целулит и/или влакна. Некои се срамат, некои немаат време да се средат. Што и да е, нејзино право си е. Ти глеј си за себе.
Полека, полека, одма со напад. Вели, МАЈКА СУМ, синќир откако ќе станеш мајка, не смееш шорц да носеш? За таа стигма зборам. Кој како сака нека се носи. Мене не ми смета, видов дека и беше нелагодно.