Дали Арсовска и останатите градоначалници во моментов се на штрек да излезат на терен ако настанат поплави случајно и зашо не?
Ретко се расправам,ама денес не се воздржав на една баба да не и се развикам. Ја гледам, вади леб од хартија и го пипка.Ја одминав земав нешто ,се враќам ,а таа уште пипка други лебови.Па уште и силна на вилица,ќе купела таа леб,како божем сите лебови ќе ги купи што ги испофаќа. Не знам дали се прости или крајно себични,мислам дека повеќе второто.И невоспитани секако.
Јас те разбирам што сакаш да кажеш.Некои уште ако си со шорцеви доживуваат дека тоа е срамно.Баш ми се жалеше вчера девојка од 32 години дека татко и не им дозволува со сестра и да носат.
Лелееееееее одвратно, гнасно, поодвратно здравје.. Па у она пекарата у Кам колку пати иам видено такви идиоти да ти се згади живот шо праат, една крофна видов гризната и ја остаиле бе.. Луѓе ли се стока ли се, добро стока да беа ова се амеби па и што викаш на јазик се јаки, они криви и безобразни, а се силат. Одвратни створења.
Ај допир али ко ќе се закашла или внесе у тоа за пекарата внатре да одбере.. хаха реално кузнае што прават сите, никој не носи веќе ни маска ни ракавица. Ја у љубовна куќичка нарачав асаи кап, чекам ја гледам како го прави ( збори со дечко на шанк му зима картица му наплаќа, куца сметка, и фаќа телефон на кратко и се врати бананата да ми ја сече заедно со осталото овошје..
Колку е пријатно надвор, да не беа ова громотевиците ќе беше совршено. Конечно да испијам едно кафенце на балкон а да не ми е жешко. СДК некогаш си ги анализирам своите чувства. За некои свои емоции понекогаш се прашувам дали се нормални или не. Посебно ваквото време ме тера на размислување....
Мене не ми е јасно од кога и зошто почна ова. Порано не беше/било вака, а ем поконзервативни биле луѓето, а со тоа и стилот. Океј превише вулгарно и јас не сакам. И разбирам tonig down, после одредени години, и станување мајка. Ама, па воопшто не носење кратко? Баш ми е прекул и овој стил mom shorts и планирам и здравје, и ја вака да носам. Не можам да најдам на нет, ова само ми испаѓа, колку да ја доловам поентата. Да се врати овој Мамасита Керен стил, оти работите излегоа од контрола . Спојлер: .
Истури од врнење. Во ред. Ме истушира цел. И тоа во ред. Ама зошто улицата од Рекорд и низ партизанска имаа пена секогаш кога ќе поминеше кола. Од каде доаѓа таа пена? И порано врнело и поминувале коли низ вирови ама немало пена. Катастрофа.
Да се чудиш е работава искрено имам и јас слушнато од девојки шо се млади мајки. Не ми процесира мозокот такво размислување. Еве јас сум мајка стилот воопшто не ми е сменет. Се шо носев пред дете носам и сега и скрос комотно си се осекам. Тоа сум јас.
Јас како мајка на 2, сега почесто носам шорц отколку кога немав деца. И тетоважи прв пат ставив после децата Иако имам деца, не сфаќам зошто одредени мајки го ставаат тоа како дефиниција. Демек, мајка сум, па... Освен што сум мајка сум си изградена своја личност, зошто тоа што сум мајка би било единствено нешто што би ме дефинирало?
Чисто за инфо,гледав во хрватска емисија ,ја истражуваа новинари ефикасноста на познати вс непознати производи за заштита од сонце, а добиените лабораториски анализи покажаа дека заштитата е потполно иста. Така да ако на некој му се вишак тие 1200 денари ,подобро нека ги донира.
Сакам да кажам дека одамна не сум спиела така длабоко и цврсто... Сакам да си легнам и разбудам покрај некој што ќе се чувстувам безбедно и спокојно, мирно... Сакам да кажам дека не паметам кога последен пат сум заспала и разбудила толку исполнето... Сакам да останам заглавена во нечии прегратки, да ме гушнат нечии раце толку силно...
Да посветев време на правење на работите барем пола од времето што го посветувам мислејќи за нив, анализирајќи ги, ќе бев посреќен човек. Што комплицираш главо букова...
Рушење стигма за ментално здравје не треба по секоја цена да вклучува оправдување за идиоти со комплекси во главата кои напаѓаат рандом луѓе наоколу само зашто "може има некој проблем, греота е, не судете така одма" Ај и за педофили вака да кажеме, оти да не.
Сакам да кажам, вчера толчени пиперки и домати со сирење, тестенини со песто и наполи пица ми беше гозба. Ама денес ко ќе му влезам на мекиците со овчо сирење и домат ќе е најголемата гозба евр. Се надоврзувам оти се согласувам. Јас вервам дека треба да разбериме зошто некој се однесува на одреден начин за да си олесниме себеси. Да видиме дека и не е до нас третманот кој сме добиле. Ама то не е оправдување. Возрасни сме. We know better. И не е грев да се клајме пред некој шо не повредва па шо сакал нека има тој некој.