Добро во овај луд свет секакви трендови се нормализираа, што не би и ова Нов морбиден тренд во светот: Гробарите заработуваат со Барби ковчези
За Барби е ново ама општо вакви themed ковчези не се нешто ново. Во Бутел имаше уште одамна 2019 мали ковчези како за деца со слики од Спајдермен, фроузен, Дизни принцезите. И мене ми дое тогаш чудно ама океј
За трендов со Барби имам само едно нешто да кажам. Сите што беа Wednesday Adams лани, сега се Barbie, до година, ќе видиме што ќе бидат. И така.
За жал да,дури и на мајка и ја прекорувал ако била повеќе дотерана.И се додека е во таткова куќа,тој АЛФА МАЖЈАКОТ ,ќе диктира. Да не се чудиш ама во Македонијава наша сеуште владеат застарени сфаќања.
Кришка топол домашен леб сиренце и лубеница мммм омиленото јадење на баба ми ми легна искрено.Слатко се најадов. Следно лебче со лут пинџур и диња Ми фали и дудинка и лебче и ќе биде иста фештаа како онаа за време на летниот распуст и поседокот кај баба
Шеширот за сонце на закачалка, за надвор ќе треба топлата капа да ја барам. Хебем ти и глобално затоплување и све
Многу сакам кога сум дома со моите, на прва ќе речат разгалено вака така али не во таа смисла. Можам сама се, да чистам, оддржувам куќа, двор, перење, храна и итн итн. Но, за мене нема ништо подобро од цело семејство, сакан да се близу и физички присутни во хармонија
https://fokus.mk/hipitsite-vo-mavro...p_pDKYuOjRC0xMX7zigNUPq_eFkEUS29xDo0y1Ql_E6Z0 Интелектуалното население на Жировица се побунило оти сега изгубило осет колку пиво има испиено, зошто хипициве им го исчистиле ѓубриштето од лименки. Шега на страна, смрден народ сме. И сакам да сум хипик.
Никогаш не можев да ги разберам луѓето што имаат power nap, као ќе дремнеш пола саат и после си свеж. Мојот power nap трае 2 саати, топ не ме буди и кога ќе станам се осеќам ко да ме прошла стара Сканија
Препорачливо е 30 минути сон,тогаш си посвеж него да спиеш 2 часа,напротив тогаш си таков како што сам опиша. Јас ставам на 30 тина минути аларм,за да се разбудам. Проблем кај мене пак е што тешко заспивам ,а тоа ми одзема драгоцено време од денот.
Утре сабајле свеж ќе бидеш, како не. Така кога праам само полошо ми е или асално ќе отспијам ко човек или не спијам ич. Па после иди презаспи во нормално време да те видам..
Јас имам power nap 1:30h, и откако ќе станам сум како прегазена од воз ама тоа е кратко некои 15мин и после сум свежа цело време ама вајда е навика некоја.