Годините те газат. Сепак си антички. Спојлер Се шалам, знаеш. Јас сум за никаде. Ретко ме фаќа дремка, а не ми прави корист.
Се плашам да не ја доживеам песната. Не сакам моите деца да растат во семејство какво што израснав јас. Се надевам дека не сте сите мажи исти, иако повеќето сте , гледам и брат ми иако е растен во токсично семејство и знае како е и тој станува токсична личност, жал ми е уште сега за тоа девојче што ќе се ожени со него, се надевам дека ќе се смени на подобро ама тешко. Се молам на бога само да најдам некој добар дечко, кој ќе знае да ме цени, почитува, чува и сака пред се, неможам веќе да живеам во средина како оваа.
Сдк дека нешто не е во ред со овие свекрвите бе. Ви пишав некни тука дека бившиот маж ме вреѓаше преку телефон, а денеска мајка му направила нов профил на фб (на стариот ми е блокирана) и ми пишала да не го замарам синчето нејзино , само сум го потресувала . Наместо за внук и да праша, она го брани син и за нешто шо он беше крив. И пишав само да си најдат работа и да престанат да ме замарат и ја блокирав, не бива со овие луѓе бе, со човек можеш да се разбереш, со будали не.
Убаво значи реков и погодив дека исти памет имаат и маме и лепотанот мамин. Овие бре бетер од таа наводната тинејџерка што ја спомињал да ти биле. Жена у години да се замара со праење фејк профили... (смајлиштосекрсти)
Ма одјеби се тоа отерај у триста лепе материне.Не ти требаат такви малоумни створења.Ти одвај си се откачила од синчето нејзино не па сега да го замараш.Неможеш со тие женишта наречени свекриви да се разбереш џабе ти е па макар и бивши.
Здраво дечки, дали знаете добри апартмани во Скопје за 4 ноќи цена 60-70е? На боокинг за таа цена хостели ми дава ама сигурно има некаде поефтино.
Точна си, исти се, досадни како пијавици. Отерано е веќе се упм. Ми беше жал за син ми, сакав да се слуша со татко му и баба му али не се луѓе тоа. Затоа нема веќе јавувања. Нека си се карат меѓу себе тамо.
Јас никогаш не сум сакала кога на детето му се забранувало да неможе да се гледа со мајка му или со татко му.Ама ние мајките секогаш знаеме што е најдобро за нашите деца така да верувам дека имаш добра причина за тоа зошто нетреба да се гледа со татко му.Сепак е греота за детето што мора сето тоа да го гледа и трпи.Жал ми е
Новинарката што пред некој ден го нападна тој од синдикатот ми дава надеж. Сакам да кажам тоа е права жена. Современичка. Храбра. Со стил. Секоја ѝ чест. Дно бесконечно.
Не знам дали постои некое истражување ама моја претпоставка е дека има поврзаност на исхраната и козметиката со зголемен број на стари и појава на нови заболувања (канцери, алергии, синдроми итн)...
СДК дека многу ми се допаѓа вајбот на Њујорк во средината на 20ти век. Затоа и ја обожавам "Mad Men", покрај добрата приказна и ликови. Енивеј, еве еден одличен тамблр блог со фотки од тој период. https://oldnewyorklandia.tumblr.com/ Ќе ја издвојам фоткава, нешто посебно ме привлекува:
Јас стварно не знам што е со луѓево кои имаат храброст да прашаат колку плата земаш, а те гледаат првпат во живот. Одам пред некој ден во Нептун, сакав да разгледам да си земам телефон и девојката што работи таму ми вика као ако сакаш на рати, треба да аплицираш преку банка ама зависи од платата дали ќе ти одобрат. И викам океј кажи кој е условот па јас ќе си видам дали можам да аплицирам или не. И она вика не не, кажи ми колку плата земаш јас ќе ти пресметам... И од инает и викам ти личам ли на некоја што зема малку плата? Дали вработен во Нептун треба да те праша колку ти е плата? Тебе ти е работа да ми објасниш како одат стварите, па јас ќе си одлучам дали ми одговара и дали можам тоа да го направам.. Какво понашање е тоа....страшно...
Не направила ништо лошо. Така оди системот. Им кажуваш колку ти е платата и они пресметуваат на колку рати можеш да земеш, дали да ти дозволат итн. итн. И тоа прават пресметки за последните 6 месеци мислам, со извештај. На другар поради оваа ставка не му дозволија да купи техника за таа голема сума што ја бараше, па мораше поевтино да зема. Со банката немаш ништо. Kај нив доставуваш документи, они изготвуваат договор, и си вршат процедура со банката после.
Пред некоја година кога земав машина на рати, ми побараа просек од последни 6 исплатени плати од фирмата. Не прашуваат од што лично нив им е гајле, туку за висина на рата/рок на отплата.