Леле Гош, проблемиве и описиве ти се крај. Значи...мислам не сте ваљда толку различни ти и Елон... он не е глуп, ти не си глупа...е сега, за други ствари може сте на спротивните полови...а, за типов не знам шо да кажам, он е ваљда небитен
Денешните девојки се преценувале, муабет од машко. Се разбираме за што станува збор. Кога немаш шанси, не добиваш нешто што сакаш, девојките се криви.
Многу сакам да медитирам можам со сати да лежам во кревет и да се опуштам. Многу ми е убаво да имам време би медитирала и по 4 часа дневно.
Вчера, гледав вести после 2 месеци. Се фокусирав на економскиот дел зошто за тоа сум стручна. Генерално нецелосни информации, селективно информирање, мисрепрезентации, битни факти фалат, непрактични. Народот е дебело манипулиран на негова штета од новинарите. Мој совет не гледајте вести ако сакате да знаете што треба да правите и да имате точна перцепција за нештата во Економијата. Ако се води некој по вести осуден е на загуби, сиромаштија, нервози и несреќа. Што помалку тв особено Македонска тоа подобро. Најголеми непријатели на народот се новинарите, не политичарите.
Добро утро Денес се разбудив со мисла дека не ми се оде на работа и фино лепо се јавив и се пријавив болна, им реков здравје се гледаме у понеделник. И ко што е редот појдов кај докторката да ми напише боловање за денес и утре и Херера не е Херера ако не ја згреши вратата Си почекав, ми го дадоа боловањето , го пратив по мејл кај овие од работа да знаат дека се си е регуларно. Се прибрав дома и викендот може да започне , па не сум будала да живеам за да работам , треба да се има и граници и така. Да си ја спремам сега кадата и да си пуштам музика, па со маж ми ќе се чуеме после телефонски да знае дека дома ќе сум и да го прашам шо сака за ручек. Ај да се освежам сега
Леле луѓе не знам како е во Космо во други градови ама толкууу ми е непријатно кога мирисам парфеми таму. Знаете како ми е глупо кога ќе преминам од една на друга полица и тие со мене и во врат ми дишат, толку блиску да ти е незгодно. Мислам втф, знам дека се така тренирани ама толку лошо и непријатно искуство е, не знам тие што ги тренораат така, како планираат некој да им купи нешто. Плус освен што мораат така да прават, продавачките кај што бев беа екстра арогантни кога им реков дека не ми треба помош и само гледам. Мислам ало. Мислиш музеј е, а не продавница. Лошо, мислев дека се подобри сега, ама бетер станале.
Meне не ми смета миризбата дури ми е и пријатна. А парфеми не купувам ми купуваат зошто не ми прави разлика како мирисам. Само се трудам да не на пот и турам рандом мирис. Важно е на другите да им се допаѓа и да ми викаат дека е ОК. Мене лично ни потна не ми смета многу.
Деновиве по какви се не работи трчав да средувам, навистина се осеќам ко независна возрасна личност сега.
Не ми смета кога сум испотен, не ми пречи миризбата барем не многу. Не ми смета ни кога е таа испотена. Ни за гушкање ни за секс.
Знам личност што не може да поднесе мирис на парфем или дезодоранс ама смрдеа на пот поднесува. Чудно ама вистинито. Како дојдовме до муабетов