Добро, не се нервирај, полека ај. Кој рече да ми се правдаш, само диксутираме. Ај, секое добро. Убав остаток од денот.
Топло времево , а мене нерва ме јаде ко е жешко оти мразам жештини . Направивме еден круг со маж ми, викам дај пешки да прошетаме да ми излезе нервозата оти без причина се осеќам напнато, па тука у мое маало кај што живееме овие денови поставуваат големи шатори оти од 18 Август ќе има некоја забава со Трансформери, прашавме 20 евра е влезница. Еве слики ама уште спремаат, наредени се разни железа па треба да ги склопуваат уште. До душа го гледав последниот филм Трансформери и од сите други делови овој најзаникаде некако, ич не ми остави впечаток Изгледа имав големи очекувања од филмот , ама некако најновиот не е ништо посебно. Ај да читам што има на форумот
namesto mudruvanje za toa sto sakam kaj eden maz - really maz Michael Jackson - Beat It (Official 4K Video) - YouTube No one wants to be defeated
Денес во автобус, и да не сакаш толку гласно зборење едноставно мораш да слушаш... девојка некаде околу 25-26години разговара на телефон...Важи срце еве идам на фризер сега мама пушти срце ме почасти, и се смее како удрена, тато ќе ме донесе кај тебе и да утре сестра ми ќе ме земе ќе преспијам кај тебе, се сум се договорила сите сум ги организирала ама прво ќе пиеме кај тебе малце сум шворц вчера се искара со дечко ми.Во себе си мислам браво бе девојче цело семејство си организирала за ти да искочиш,и дури 500 ден за фризер си ќарила.Многу сакав да и кажам уживај сестро еден е животот, утре ден кога нема да имаш ни мама ни тато се чудам од каде ќе се гребеш... Паразити си ги направивте сопствените деца ...Паразити ....
Сакав да кажам ама забораив. Станувам од сон нагло, можеби и сонував нешто не се сеќавам и рипам буквално ко да ме брка некој, трчам и се освестувам кај сум и си викам будало кај трчаш бе па пак се враќам у кревет. Шо е бе ова нз, порано ми се дешаваше па прекина, сеа пак. Месечарење не е дефинитивно. Сеа сфаќам дека добро е коа ме фаќа sleep paralysis, се заштитувам на некој начин, шо ако се залетам па од тераса доле ама ај не е многу високо.
Се соочувам со проблеми за електронските услуги на државниве институции. Претходно ги имам користено сега при повторен обид нешто не е во ред. Ги имам точно запишано корисничкото име и пасворд. На пример за во фондот за пензиско. При обид за повторна регистација со друга адреса неуспешно е. Што е работава незнам. Како некој да сака да одиме по шалтери во денешно време или само за еднократна употреба да се услугите електронски.
Ништо неочекувано. Ти ја разбирам фрустрацијата и си во потполно право. С, што убаво ќе беше се да функционираше како што треба во оваа држава.
Се разбудив во 6.00 пораки и мејлови па си легнав во 7.30 пак и спиев до 8.30 сега кафе и да се расонам и да фатам работа.
Ме дебелеат десерти плус и лош филинг ми прават на желудникот. Многу калории а малку волумен, научен сум на голем волумен а малку калории. Затоа никогаш на јадам благо и некогаш не земам десерт.
Често кога гледам Италијанци, како јадат, како се дружат, фамилијарни собиранки, добивам чувство дека сме многу слични во тој поглед. (На пример овие https://instagram.com/jimmybigmuscles?igshid=NjIwNzIyMDk2Mg==) Дефинитивно нема ништо подобро од фамилијарни дружби со разновидно јадење, пиење, муабети.
Пуштете документарецот за во Тетово.. Да видите до кај сме Ми се плаче а ми иде и онде во Министерство една цигла да не оставам. Бетер да им се деси, БЕТЕР.
Ненен Мора Господ да ги казни У моментов не знам Сите би ги задавила 14 луѓе живи изгореа пошо граделе со ФУШЕРАЈ Да не се знаело за доста од пари Дај Боже да фатат некоја болештија, да не можат со сите пари да се излечат. Фушерај ставале оние од Брако Мамичето нивно Уште сеа оружје за НАТО ќе праат Е таму на прв фушерај, со земја ќе нѐ срамнат, шо и треба