Не можам да верувам што прочитав.Отиден е светов у пропаст дефинитивно жално за детето оној кој требал да му пружи заштита подршка правец во живото му го уништил животот на детето.Жално! https://shilomagazine.com.au/2023/0...kbGbN-kJhI0yW6jJ8Kjg4F7Jo5tCQVSZZIGtmXCnu4r8M
Ме потсети за поштениве у пошта Идам пред некој ден да си земам пратка од алиекспрес, Госпожата си брои нешто и викам ај да не ја замарам ќе ја почекам да доброи . Ај среќа после 5 мин ме удостои ми побара лична карта , па ајде се врткаше навака натака дур ми го најде пакетчето. Е кога седна на компјутер нешто да куцка, мислиш цел роман напиша , и само ми подаде низ шалтерче едно просто документче да се потпишам .. Си го зема а пакетчето ми го остави од нејзината страна на шалтерот и си продолжи да брои .. Викам готово ли ? Само климна со главата а јас си брцнав рака да си ја земам пратката и конечно си заминав . Јас ни минималец не би им дала на ваквите
Ок, тогаш пинџурите. Ете, како апел до Македонци да готват пинџури ако ништо друго годинава, да видиме и ние македонска Есен ко што наликува.
Poglednav go videoto od toj monstrumot od Bosna što si ja ubi soprugata i se potresev mnogu, žalno i teško mnogu.. i deteto tamu duri beše
Сакав да споделам приказна во која јас бев изреволтирана, а моето дете тажно. Бевме во ”Оффис плус” Сити мол со голем мерак да и купиме на нашата двогодишна ќерка ранец за во градинка. Бидејки до сега не беше запишана, Целата среќна и со голем ентузијазам влезе за са бира, а и ние со неа и со количка со двомесечно бебенце. Додека биравме бевме застанати на пат каде пто не можеше продавачката да помине и наместо се извинувам дали ќе може да поминам од неа добивме “Ај малце потргнете се да поминам” и ок се потргнав со количката, си велам па зошто не може да биде културна и фина и да каже се извинувам, да се насмевне или да оди од другата стрена да помине гледајќи дека бираме ранец и дека сме муштерии.?! Нема врска продолживме да гледаме и малата асреќна пресреќна избра минии мики ранец , и велам супер сега земи го и однеси го сама на каса и ќе го платиме, сакав да се чувствува како да учествува во целиот процес и нормално да каже здраво, повелете, благодарам и пријатно. Сметам дека со учествувањето ќе може да ги научи сите овие работи и да биде културна и воспитана млада дама. Истат госпоѓа ”ај потргни се” работи непшто на компјутер, а до неа уште една продавачка која веќе наплаќа. Малите рачиња на ќерка ми и го подадоа ранецот на високиот пулт онака поткрената на прстиња за да може да докачи, и од неа доби еден ладен туш небаре е возрасна,ДЕВОЈЧЕ АЈ ИДИ ОД ДРУГАТА СТРАНА “ затоа што ја мезеше да подаде рака да го земе од тие мали рачиња и од тоа среќно лице и да и го предаде на колешката до неа за да го искуца. Нормално и кажав дека можеше да и го направи ќеифот и да го земе, зошто таков однос??? Нејзиниот коментар беше: е добро де еве ќе и го дадам. Се свртев си отидов и го оставив ранецот, а ќерка ми беше тажна и уплакана. Заради ваш лош ден не кршете срца на деца, имајте малку повеќе рмпатија и бидете трпеливи. Го учам детето да биде добар човек!!!! п.с не го купив ранецот и покрај тоа што срцето ми се кинепе, само од принцип дека за мои пари не може никој будала да ме прави, а она тоа не го знае се уште мала, но доволно голема за да каже ИЗВИНИ, БЛГОДАРАМ И ПРИЈАТНО, а вие со вашите години ќе останете само тажната тетка која сака сите да се тажни како неа. #officeplus Кој тука скршил срце, мајката или продавачката? Суетата на уште една мамичка. Продавачката некултурна, мајката суетна, детето несреќно. Како се создаваат неспособни деца? Ете вака... Светот е суров и тоа е реалноста.
И во Офис плус во ГТЦ се исти безобразни и некултурни, јас си бирам прибор, таа по мене оди, најверојатно да не украдам нешто се плаши, ама онака упадливо, да знам дека ми диши во врат и постојано за се што ќе фатам да видам ми објаснува што и како е.. А јас па ич неќам така, општо од продавачки што одат по клиенти имам одбивност, ама имаат убави работи, и квалитетни..
Одат затоа што многу им крадат, а продаваат ситни работи. Продавачки секогаш имало секакви, ама родители вакви немало. Осетливи кои создаваат деца неспособни за живот. Детето немало да плаче ако мајката не придала значење на ситуацијата и не направила драма. Кој е проблемот тогаш тука? Мајката. Малку е ненормално да очекува и да креира очекување кај детето дека светот ќе се прилагоди на него. Дете ко дете, ќе поминело, фокусот било ранчето, ама мајкичкава желна за драма му ја расипала желбата на детето. Ама не, во нејзината глава продавачката е крива. И оваа мајка станува токсик мајка, емоционален манипулатор потоа и со своето дете кога ќе стане возрасно. На крајот на денот ако детето го учи на нешто, можела и од ова многу да го научи, ама еднакво некултурна и неемпатична е ко продавачката.
Про Продавачката некултурна, мајката исто така што блокирала премин со количката, требало да помине од другата страна продавачка, оокаау. Тоа зборува многу и за нејзината култура. А и не знам зошто мисли дека на продавачката и е гајле дали ќе го купат ранецот или не. За плата работи не е нејзино офис. Се ежам од вакви мајки, a ги има се повеќе и повеќе.
Според муабетов детето не плачело од продавачката што и рекла туку затоа што не го купиле ранецот. Секакви родители има, детето ќе си го расплаче, ама од инат нема да купи пошо нејзе лично не и се допаѓа како збори продавачката.
Кој знае колку плакало тоа девојче по ранецот не сакам ни да замислам… му ветуваш ранец, ја гледаш радоста во очите без да размислиш дека за пар години нема да светат со исти сјај зошто тогаш нема да ја радуваат ранци и такви ситни тракатанци…. Како ќе објасниш на толку малечко мозоче дека нема да го добие ветениот ранец како резултат на нељубезноста на продавачката? Дали позади тоа ладно однесување на продавачката стои некоја причина како на пример лош ден, менаџер кој врши притисок или можеби и таа дома има две годишно детенце со температура па паметот и е на друга страна? Мајкава да не претерала малце со очекувањата на едно две годишно девојче кое уште не е свесно за своите физиолошки потреби ама ќе го учи на манири како ИЗВИНИ, БЛАГОДАРАМ И ПРИЈАТНО? зборови кои ниту знае убаво да ги изговара, ниту знае што значат… ако една нељубезна продавачка е пример за суров свет, ами што да кажат родителите на малечката со дијабет што ја избркаа од летниковецот??
А не го сфаќам ова "За мои пари будала да ме прави". За мене будала правење е кога некој пробува да ти продаде нешто што не вреди ич за многу пари, те убедува дека вреди, а не вреди. А не некоја што ете е некултурна само. Можела да го земе ранецот и никому ништо, и детето среќно и нејзе никој не би ја направил будала. Си земала, си платила
Јас пак често велам нервозата дома да ја остават вработените зошто никој не е должен да трпи фрустрации. Ова го зборувам од лично искуство зошто неколку пати сум била сведок на лош продавач во маркет, секогаш истиот незадоволен кој истура нервоза на други муштерии, меѓу кои и на мене и моите домашни. Чувството воопшто не е убаво. Ранец може да се купи и од друго место. За мои пари не сакам некој да ме третира ко идиот. Сум отишла да купам, очекувам да бидам убаво услужена. Не сакам да ја бранам мајката но понекогаш некои вработени се премногу дрски колку и да си фер поставен со нив.
Не дека мајката не направила малку драма, ама и факт е дека има многу продавачки што немаат чуено за култура и емпатија, сум видела многу пати. Само ради тоа што имаат лош ден, не се задоволни од платата и работата, имаат притисок од менаџерот или друго, не значи дека треба да им го расипуваат денот на другите. Има и дрски муштерии не дека нема. Ама апсолутно никој муштерија не е крив за нивната ситуација. За конкретниов случај не тврдам ништо 100% пошто знаеме само една страна на приказната. Општо кажувам од она што сум го видела. Не е до толку црн и суров животот да не се можи да си културен кон другите, па и да му се насмевнеш на едно мало дете.
Што се случува? Какви се овие случувања? ( Модуларни болници, силувања, насилство, убиства) Во какво општество живееме? Дајте да превземеме нешто. Што ???
Само сечење во корен на будалите.Друго чаре нема .Тоа значи никакви отстапки,милост никаква нека бидат казнети и никакво трпење на такви дегени во општеството.
Дали е за оправдување продавачката која е некултурна на повеќе наврати ? Која нема осет како со муштерии кои и носат профит . Можела и онс да го земе ранчето да го подаде на колешката ако има самата била зафатена и да го наплатат. Проблемот ќе бил решен . Него таа ќе изиграва курназ на дете од две години . Некои молимте . За мои пари нема да дозволам некој да ме прави будала и да ми се понаша ко да е богзнае што . Ако веќе работиш работа со муштерии треба да знаеш како со нив. Можела да замоли културно да направат место да поминат . Иако можела да види дека клиентите се со количка со бебе да отиде од другата страна . Ама она е бре курназ и се може да прави како сака . И јас не би купила од таа продавница со таков однос кон муштерии . Ќе отидам во дуќанче после нив и ќе купам . Не треба да се трпи неправда , некултура и лош однос. Само кај нас можеш да сретнеш обезбедување во најобични продавници како дм , Зара каде чичко (50+ се шуња низ дуќан и ги демнее купувачите и ги става во незгодна ситуација ) нигде вп светот нема вака. Ни продавачка да трча по тебе . Изгледа немаат доволно работа
Работава е дека на мајката побитна ѝ била гордоста него среќата на своето дете. Али јбг, секој со своето
Тоа што се чувствуваш лошо после донесена важна одлука, не укажува на тоа дека самата одлука била лоша. Има разлика!