Значи ако мажена жена ти вика оти тоа да ти направи маж ти дете на сила и да те потшлапнува од време на време е сосем нормално, треба да ја слушаш јер ти си зелено недоквакано створење што уште верува во љубов и те нема животот уште акнато од земја. Дека она во брак, искусила сѐ, знае сѐ, ти ќути си, уште мислиш све што лета се јаде. Ахам, јасно. Или не? Или сепак има некое правило дека некои работи се погрешни да ги кажеш (дури и помислиш) макар и 50 години да имаш "искуство", а? Е да. Јебало ве искуство.
Пуцање во гради од типот :' Тој е мој човек, одма ќе ми заврши работа за у странство, имам јас А2, треба да го земам само Б2, он ќе ми помогне, па ќе ме вработи мене у Немачка. Ти не знаеш чоекот колку е способен, колку пари има, одамна е заминат он таму, сеа што е од село, мсилам пак си ги има тие селски манири ' се изживеани и прости. Не знам луѓево што мислат со вакви муабети. Као, еј јас, јас. Не знам што ќе прајме со вакви егоисти. Добро, ај дајте некој скромен чоек и муабет асолен.
Трн во око ти се младите? Кој нормален оправдува пљачкање и секако дека е страшно тоа што им се десило ама во секоја прилика младите па младите, не ги бивало за ништо, неработливи, дебили, арогантни и некултурни. И од младите и од старите има секакви.
Да, некои работи се погрешни по дифолт, независно од години и искуство. Ама кој ќе ти признае Ивана дека цел живот го поминал според грешни принципи и убедувања
Ти ако си млада, не се наоѓај во секој пост, веројатно не крадеш по куќи, така? На еден украле 300 евра, на друг 1.500 евра, плус 2 телефона и тоа крадците од друга општина биле. Нека си работи келнер, ако не може друго, нека земе чесни пари.
Леле сеа и крадец станав? Веројатно вика, значи се сумњаш. Нигде не реков дека ги оправдувам крадците скраја да е бе Тање. Зборам за твојов револт и омраза кон младите, повеќе пати те читам дека си негативно настроена кон младата популација, јас ти кажувам дека сите млади не се исти, како и сите стари. Дегенерици има во секоја генерација.
Џабе кога знаеме какви институции имаме. Прашање е дали ќе бидат казнети. Пари не се чуваат дома. На мој бивши од дома му спраштија 5.000 евра додека бил на свадба. Имаше сомнежи кој е, тоест знае кој е и никому ништо.
И јас не сум стара, релативно сум млада, не како тебе, ама млада. Нормално дека млади крадат. Сигурно нема пензионерче да се отшлепа во друга општина да краде или некоја баба да скока преку тераси да оди да краде. Форум е, ако доживуваш лично, во секоја тема ќе се навредиш.
СДК дека смачено ми е постојано да морам да праам ствари. 24/7 и сè во брзање, нервоза, напнатост. Како глушец заглавен во тркало. Сè е измешано, хаотично, една досадна какафонија од бесконечни обврски, задачи, нешта за правење. И таму некаде попатно се изгубив, ме снема.
Пробај ова. Почни со 15мин, колку треба, време за себе. Ако треба и ливче и молив. И ако навистина треба закачувај и потсетници околу тебе додека не се потсетиш и фокусираш на она што навистина (ти) е важно. Да се потсетиш што порано те радувало, колку денес те радува, зошто веќе не те радува, и како повторно да те радува. Негде имав слушнато, Ако немаш време./во денот да одвоиш за она што навистина (ти) е важно, ти треба целосна промена во дневната рутина, која што ќе биде базирана на она што навистина(ти) е важно.
Сдк: еден час разговор на телефон. Како навиена. Некои луге се забавни да ги слушаш, и муабетот лизга. Настрана што толку долго време без комуникација, ме направи некако лагодна па што на ум, тоа на друм. Битно да ми е интересно. Друго мање-више...