Има има ,еве пример е моето свекрвче ,она уствари чак и на ќерка и знае да каже ај не туку се лигавете дека си го бацува синот. И на мм му збореше не го малтретирај детето затоа што ја бацува по раце ,не се бакнувало на врат. Мене не се бакнувало на теме ќе се срдело детето Е ко му рече еднаш малата не ме малтретирај почна да вика по свекрвче и ретко од тогаш да му збори за тоа.
СДК дека се согласувам со ова што го прочитав на treads: happiness is a habit, joy is a religion. Како што работев на себе во последните 5-6 години, создавајќи нови квалитетни навики, баталував стари штетни, се самозапознавав, си ја зацврстував самодовербата, си го менував менталитетот и полека негативните погледи и ставови ги сменив со позитивни, сфатив дека дури и да се биде среќен е навика што треба да се практикува. Не е форсирање, не. Туку животот никогаш не е совршен, ако едно средиш, друго ќе се расипе. Па така ако бараш совршенство, никогаш нема да бидеш среќен. "Среќата е навика, радоста е религија". Треба да сакаш да си среќен. Треба да ја бараш радоста, таа да ти биде компас каде ќе се движиш. Во име на радоста - и твојата и туѓата - да правиш нешта.
Прифаќање на работите е клучно. Прифаќање на проблемите во вид на задачи. И без негативни емоции. Перцепцијата на нештата е битна таа треба да е дистанцирана и рационална. Барањето среќа во екстерни дожувување не е паметно. Бидејќи тие се минливи и вон наша контрола. Перцепција е во наша контрола. Промена на перцепцијата на позитивна на статус кво е основа на среќата. После со акции се менуваат работите и се само еден фин бонус сите успеси.
Не знам дали само во Македонија е вака или по светот ама стварно се ги интересира луѓето. Кога купивме стан со сопругот абе нема кој не кажа браво бе абе од каде толку пари. Сериозно? Треба вас да ви кажувам од каде пари? А за тоа што некои имаат а се жалат дека немаат тие стварно не можам да ги смислам и избегавам после да правам муабет со нив. Ако немаш пари и си социјален случај ко што се правиш нема да плаќаш одмори по Италија, нема да купиш нова кола од салон итн. Или ќе се правиш до крај дека си богат со тие расфрлања или па не постирај ништо и не се фали па ќе ти поверувам дека немаш пари.
Одморот само во Македонија се смета за луксуз. Страхотата е што основни работи како одмор, вложување во својот изглед и приуштување на мали задоволства кај нас се одлика на луксуз и богатство. Уште поголема страхота е што голем дел од луѓето и покрај тоа што работат редовно, едвај крај со крај сврзуваат. Не е луксуз одмор да може да си дозволиш ако цела година си се скапал од работа.
Тешење за сиромашни. Нека им го каже ова на бездомните и на оние што не можат да ги купат лековите потребни за живот. И на оние што немаат чиста вода за пиење. Про*еравање од позиција на комфорт.
Ништо помалце, ништо повише. https://www.linkedin.com/pulse/snowflake-generation-what-happens-when-mental-toughness-sixteen-ramos
Баш. Еве јас ќе речам не сум богата, нова куќа, нов стан, нова кола не можам да си дозволам во моментов ама па можам да си дозволам одмор и шетање за викенд и да си купам нешто што сакам. Тоа е нормално и, што викаш, основното што можеме да си го дозволиме, не е богатство и луксуз.
Ova e shiroka tema, ama ja sekogash sum vikal...tolku li se nema pamet...Sakav sabajle neshto da pisham, pa sea kje probam...na mesto na nekogo da dadesh shto sakas (poradi nejzino losho odnesuvanje) ne go pravish toa, I davash na dr....Toa e crazy, ne znam dali kje me sfatite. But, the show must go onnnn.
Ај мене да ме прашаат колку заработувам, ама за мајка ми и тоа кај свекрва ми, па и стрина му на мм, и тоа што викаш ај еднаш да праша ама неколку пати. И порано кога идеше кај свекрва ми додека бевме во заедница секојдневно ме прашуваше што ќе правам за ручек, ако и кажам тоа и тоа, аууу па брзо правеше тоа, а бе ако сакам секој ден исто ќе јадам. Кога го правевме спратот намерно и велев по ресторани јадеме, прашина има дома кај ќе готвам, аууу па скапо е по ресторани, кај ви се исплати. Ок некој за фризура и шминка да ме праша, да си знае дали може да си дозволи, или еве пример за облека. Ама ако е скапо нека си ќутат, нека не кажуваат како ни се давало толку пари, не им земаме нив. И јас еве блиски сум прашувала ако купиле нешто колку да си знам дали можам да си дозволам, ама ако ми е скапо си ќутам, на некои им се даваат пари за одмори, на некои за облека. Или еве за некоја свадба кога сум одела за шминка и фризура, свекрва ми ми велеше што си давала пари јас ќе ти направев, она незнае плетенка обична да сплете, ќе ми правела фризура. Една пријателка си дозволи да ми каже да сме направеле поткровје кај мајка ми, а куќата на 2 спрата, и сме требале се да исфрлиме, ново да сме купиле, а се ново е и плус цел спрат направивме кај мм, нема само да правиме. Исто како јас на неа да и кажам маж ти што не положи (се уште нема положено), ама тоа си е нивен проблем не мој, или нека положи и купете си кола.
Ок е, опушти се, на безбедно место си. А како од ова стана ова, што би се рекло само Бог знае. Да, ако мислиш во смисла си посветиме внимание во градење карактер, резилентност и самосвест.
Sopstven Stan, Kola, Odmori, restorani,nova obleka ne mi se neophodni mozam bez problem bez niv da vodam sosema ispolnet i srekjen zivot i da ne custuvam deka nisto mi fali.
Сериозно? Ама некои нешта од овие што ги наброја се потреба, а не луксуз па затоа и не знам до кој степен ќе биде животот исполнет и среќен и до кога. Има ситуации кога не иде се по план и одеднаш ти се менува претставата за среќниот и исполнет живот па си имаш други потреби и барања. Ех, да не беше неопходно материјалното, да си живеевме само од љубов, се ќе беше полесно и поубаво.
100% сериозно немора никогаш да ги имам а и добар дел ги немам дури и не сакам да ги имам ама поради срединта мора да ги имам. Не ради самиот себе. И може слободно веднаш да се откажам од сето набројано. Најверојатно ми се на дното на листата на приоритети најверојатно има 20тина побитни работи од тие.
Хм, зашто поради средината? Што, средината те рани, те издржува, те исполнува и праи среќен (ова за пошироката средина се однесува не за потесната) ? Зборам лично за тебе и твоите најблиски, батали ја средината. Добро, може не ти се битни моментално и приоритет но еден ден ќе ти се, за потребите кажувам, луксуз е друго.