Зависи кој/а како е растен/а. Ако си морал/а да бираш едно од две нешта, поверојатно е одморот да го сметаш за луксуз. Ако не си морал/а да бираш, поверојатно е одморот да го сметаш за потреба.
Знам за луѓе кои во средно беа просечни ученици, имаа тројки, четворки, па после тоа научија програмирање и сега земаат после неколку години земаат и по неколку илјади евра плата, а знам за деца кои во средно им беа сите петки, отидоа на факултет, таму заглавија, се откажаа, и сега работат нешто сосем трето колку само да се каже дека работат.. Сакам да кажам, во животот, ништо за ништо не ви е гаранција, сечија приказна е различна, секој има свој пат..
Апсолутно се согласувам, и тука иде заклучокот дека оценките не се дефиниција за успешен живот! Прав пат ја и ти да се согласиме околу нешто
Оценките и училиштето воопшто не се важни за понатамошниот живот. Важно е колку си паметен, упорен и амбициозен.
Па да ви кажам и можност да си дозволиш живеалиште и нова кола не е некој луксуз или знак на богатство, баш напротив секој еден што работи по теорија би требало да може да си дозволи, само во вукојебинава и нормалното ни стана ненормално.
Се осеќам како мозокот да ми е прелапнат. Вчера ми беше Петок. Денес пак. Утре конечно е Петок. Имам потреба да одморам. Толку Петоци едно по друго не е забавно ако наредниот ден не е Сабота.
А тоа што темине за брачни совети и снаи вс. свекрви се полни со проблеми од живеење во заедница оти не можат да се одделат... И тоа што сите млади треба да си имаат свое живеалиште и да се одвојат од родителите ама тоа колку е во Мкд изводливо... Да мораш кредит да земаш и цел живот да должиш за дом, за кола или за одмор на подалечна дестинација. Е затоа може да речеме дека сме сиромашна земја и сиромашен народ, за такви работи, а не за еден летен одмор, одење во козметички салон, купување облека и полни кафичи. Макар што, некој ни за тоа нема, па затоа му се гледа ко луксуз.
Како за толку капитална инвестиција не ми звучи како лош момент. Никаде во светот просечен човек не купива стан во кеш. Е сега за одмор и слично не би земала кредит.
А еве и едно мое мислење околу живеалиште еве свекор, свекрва пак оставаат на деца и да речеме имаат дом живеалиште кое воопшто нити они го одржувале ниту деца одржуваат што од памет што од ниски примања и тој дом не вреди ни 5 пари а и се заковале во едно место наместо да одат напред цел живот тапкаат во едно место. Ако не можеш да заработиш едни плочки да смениш или кујна или што и да е мрза си нема друго.
Немој да ги труете денешнивне деца со вакви глупости, оценки не биле важни а богами ни училиште, доктор не се станува само од памет, упорност и амбиција…
Значи јас кажав училиште а не факултет. Факултетот е битен за некои професии да, ама во Македонија и тоа не ти важи ако не си упорен да бараш врски за да си најдеш работа по струка. И јас не трујам никој ништо туку тоа е вистината , и жал ми е шо тие деца шо ги спомнуваш не го учат тоа во училиште.
Ако има слаби оцени во училиште, автоматски отпаѓа да се запише на било кој добар факултет. Не само во мк, туку секаде важи тоа.
Тоа шо некој завршил еден , два или три факултети не е показател дека ќе биде успешен и спремен да се соочи со вистинскиот живот. Знам многу успешни луѓе шо го немат завршено ни средното.
Сакаме да ти кажеме дека не можеш да знаеш кој ќе биде успешен, кој не. Не можеш на дете да му речеш: сине не мора да учиш, за да бидеш успешен во животот.