Колку ми е мило кога ќе видам постари луѓе што си го задржале младешкиот дух и позитивната енергија што ја шират. Онакви секогаш весели и откачени, коишто не дозволиле годините да ја намалат долгогодишната љубов, ниту да ги спречат да се смеат и радуваат на мали нешта. Само некој поминат час со такви личности и можеш да научиш толку мудрости и искуства, да се почуствуваш како да читаш некоја енциклопедија, а во исто време и да ти го огрејат лицето со својата смисла за хумор... Милина е да имаш вакви прекрасни луѓенца во околина и ништо не може повеќе да ти го разубави денот од еден топол муабет со нив. Годините не се пресуден фактор за тоа кого ќе наречеш пријател, туку колку брзо ни минува времето со таа личност и широката насмевка предизвикана од разговорот со истата.
Денес сфатив колку сум неблагодарна едно девојче за неколку дена ќе оди во Грција никогаш нема излезено од државата пресреќна е оди само на неколку дена и чекаше цело лето сега може да си дозволи бидејќи цените се ниски а јас минатата година отидов во Турција а требаше подалеку и многу ми беше криво се нервирав плачев и цел одмор во морето не влегов
ТАА-Добар "look" беспрекорна шминка,поглед фатален,тело извајано,косата паѓа по рамениците,солариум, фитнес,сауна,силикони.... ТОЈ-Добар "look" јак парфем,обликувано тело,продорен поглед,средена коса,бели заби..... Дали овие работи значат дека сме во потрага по совршен надворешен изглед??? Не трагајте по совршенство кога ни самите вие не сте тоа никој не е совршен, постојат само сродни души...Зашто да живее човек во убава визија кога реалноста и не е баш така лоша!? Затоа прифатете ги своте мани но и туѓите како дел од карактерот.Бидете она што сте и не гледајте да сте од ВИП ложата која за мене поточно е ИКП-Имаш Кеш-Повели! Небаре парите ќе купат и љубов и среќа...ноу рулс вит мани дјуд...ноу ВИП витаут мани...БУЛ ШИТ ВО БОЈА!!!
Јас па обожавам да одам на забар, да можам секој ден би одела. Само што ми е криво за петстотчињата. Јесте да се заби и важни се... али моиве ко што се расипуваат ко кинески чадорчиња, па не ми се дава толку, ебаго. Дај стварно нека намалат ова у здравствово, доста ни се споменици. Е, а знаете како е да ве фати грч, додека ви ставаат анестезија у заб? Е нејќете да знаете. Три игли ми збута, ѕвезди изборив. Најитнересен дел ми е што после тоа шушкам. A не дај Боже после да ме натераат до продавница и да побарам ќеса! Оди ти, па кажи ќесе, кога пола уста и јазик не го осеќаш. - Молам?! - ЌедјеифеСе, ебаааааго, ќееенфиеСЕ! Дхај ми кјееесе.
Нема да се жалам и да објаснувам дека можам да успеам и да се снајдам далеку од овде. Самата ќе докажам дека можам да направам многу повеќе од тоа што мислат ,па за секој мој успех со душа ќе ги чекам коментарите од оние кои мислат дека нема да постигнам да го остварам мојот сон и мојата замисла за во иднина
Ех, Спешлке и да знаеш дека вредат како луѓе тешко е такви луѓе да ги одминеш или да не ги приметиш, сами по себе се истакнуваат, токму заради тоа што се такви природни, свои, и баш така како што викаш откачени, весели, мудри, паметни.Сосем си во право, секако дека годините не се пресуден фактор, годините не играат улога секогаш.
Не ти треба никој друг освен самата себе.Никој нема да ти помогне освен ако ти не си помогнеш. Сите се лицемерни .Има луѓе кои не го гледаат својот живот туку се замараат за другите и само зборат и зборат. Не сфаќаат колку им е празна душата .Го немаат тоа што го имаш ти и ти поставуваат замки. Не дозволувај да те допрат нивните зборови Самер. Има причина зошто не те вадат од уста ! Главата горе !
Колку е лесно да се заборави нешто,било па поминало,така ли? Па ајде ќе се играме глумици и ќе глумиме,како ништо да не било Епа јас не можам така,памтам на секоја лоша работа кој некој ми ја сторил,само што јас не враќам Но,бидејќи на некого му требаш и за да те искористи,ќе ти се умилкува и се ќе заборави!! Ете ,такви се луѓето
Боооо, каков хистеричен период! Во август листерија, во септември - хистерија. Да не знае човек што да избере, првото или второто. Првото е дефинитивно подиетално. Ми се испособраа обврски и службено и приватно, не можам да издишам. Од вторник би требало да биде нешто подобро. Само службено, приватното ќе се подолабави. Најтрагично е што уживам во вакви динамични периоди. Подочњаци до земја, од замор не можам да станам, а мене ми е убаво. Која сум јас тоа садомазохистка! Ако се оди според план, од вторник треба да се вратам во живот. Кое враќање, кога не само што живеам, туку уживам во секоја секунда од животов. Си викам, што ли ќе ме стрефи сега, волку арно не е на арно. Е тоа е лошата страна на панта реи, што не ти дава да си раат кога ти е убаво. А мене толку ми е убаво што почнав да се унезгодувам. Освен тоа што сум уфилмана дека сум трудна и покрај спиралата. Ме фаќа паника како да сум малолетна. Панта реи е уствари една тотално погрешна филозофија. Батали проаѓање, доживеј ги нештата со вистинскиот интезитет, затоа што се друго е илузија. Ако боли, нека боли до крај, ако е убаво, нека се стопам од среќа. Ама да знам дека сум ги искусила сите емоции со најсилен интензитет. Што работи изнакажав за ова кратко време...
Многу мразам кога се наоѓам во некој ваков недефиниран mood. Дома си дојдов од пред 2 ипол саати, ме мрзи шминката да ја извадам и до ништо не ми е. Некоја меланхолија осеќам, многу работи сакам да одам да видам и да искусам а моите едноставно не можат финансиски тоа да ми го пружат. И се се сведува на она "кути си може да биде и полошо". Тој што кажал парите не се најбитни во животот ете како се излажал! Деновиве треба да откажам преку меил присуство на еден семинар во странство заради финансии. За жал не се доволни 30% за покривање на трошоците за моите. Криво ми е од тука до месечината...
Конечно заминувам на одмор,без оглед на времето што не знам дали одам на летување или зимување Ајде де,есенување,тоа е.Да не се договоревме толку касно да одиме и да си останевме дома,сигурна сум дека и септември и октомври ќе беа пеколно жешки,кога се ми оди наопаку... Се е подготвено,торбите одамна спакувани,а јас го исчекувам утрото да дојде.Не знам зошто,ама се радувам како мало дете,како првпат да ќе видам вода.Се надевам на добар провод и барем малку шлапкање во вода. И да,се надевам ќе има уште некои туристи,да не изгледаме како паднати од марс за капење на дожд и температура пониска од 25 степени. Сонценце погреј и потопли не барем уште една недела! НИКАКО
Арно велам, хороскопот тука на почетна е прецизен, па дури и ми предвидува :geek: и викам на Кимка да не пишит толку директно :geek: