Се согладувам... Жално е што имаме академски граѓани, но за жал не образовани... Е ова произлегува од носењето јагне на директорот за 5ка, и купена диплома од факс... Паразити на општеството
Ова се случува, кај нас за жал... Неписмени или полуписмени насекаде... Затоа секоја оценка треба да биде заслужена.
Не бе, ако оди без диплома ајде вработи ме како професорка некаде баш да видам дали оди така. Битно пари да се прават, да, сите ќе работиме во фабрика или во маркет, или во угостителство да се малтретираш цел живот. Ќе живееме „ОК“, без диплома и ќе нѐ лечат баби со тревки, ќе ги учат децата некои со средно нели?
Овие што велат дека образованието не е важно за да си успешен, тоа се тие што не знаат кои зборови се пишуваат одвоено, а кои заедно (незнам, несмеам, неможам, што мие, што тие) и не знаат што се пишува со голема, а што со мала буква. Не знаат ни да пресметаат сложени математички задачи. Битно се снашле и пари прават, што е битно другово... Едит: моментално не работам по струка, но никогаш не се покајав и ниту за момент не помислив дека не ми требало високото образование. Животот е пред мене, а сум размислувала и за втор факултет, што би значело и повеќе работни шанси и повеќе знаење.
Секако дека е личен избор и дека е во ред што и да се избере и одлучи за себе својата иднина, се' додека не е ништо криминално. И да се надополнам, патем. Мене знаењето ми значи. Сакам да знам што повеќе работи, се' уште учам, истражувам, читам, слушам, гледам, се интересирам. За разлика од мене, мојот партнер не е таков. Нема високо образование, после средното решил дека треба да работи, како знае и умее. Значи, јас ниту им судам ниту мислам нешто лошо за оние што одлучиле и сметале дека факултетот не е толку важен. Знам луѓе кои се на високи позиции благодарение на своите вештини и тоа е супер. Убаво е и едното и другото, вештините и снаодливоста од една страна и дипломите и знаењето од друга страна.
Факултетот е предност во секоја смисла, тие што велат дека не е се себезалажуваат. Тоа што денес имаш многу со високо образование, а не знаат течно да зборуваат на пример: Англиски, Германски итн се оние кои имаат помали опции. Ако си со факс и знаеш да ги зборуваш течно овие јазици нема да имаш гајле. И не се само правописните грешки, проблем е и вокабуларот, изразувањето, погледите кон животот. Треба повеќе книги да се читаат.
А јас да се надоврзам за книгите, имам добиено коментар, цитирам :па ја не читам книги ама гледам филмови, нема разлика, и во двата случаи се вртат истите приказни. Дури и повеќе филмови можеш да изгледаш додека прочиташ една книга "... И мене реакцијата ми беше као ок, ако така мислиш
Оние луѓе што успехот го мерат само во пари се најчесто истите што мислат дека дипломата не е потребна.
Си гледам стари детски емисии на мрт 5 и уживам. Следно пуштив мрт 1, па како културно да се прочистив од сељачаната на другите национални телевизии. Ајде да потпишеме петиција пред да станат презентери или било како да се изразуваат на телевизија да мораат да научат да зборуваат литературно. Колку се забележува разлика во говорот од пред 30-40 години и сега.
Супер што ХИВ+ лицата можат да имаат односи и да забременат без да го пренесат вирусот на партнерот или бебето ако примаат редовна терапија. Само ај не им ги бутајте статистикиве во фаца на луѓе што им е шубе воопшто да имаат таков партнер. Збориме за вирус што останува во тебе цел живот, вакцината за него е дискутабилна, терапија примаш додека знаеш за себе ама си фрлал стигма зашто не сакаш да се ебеш со нив. Ае важи.
Со такви е ептен тешко да се одржи разговор во живо, се трудиш да почниш разговор на интересна тема, одговорот е, ами не знам јас, не читам. И се враќа назад да си поскрола на мобилен. Туга.