Се паркираат лошо, е почитуваат сообраќајни прописи, не пазат на децата, имаат 3 големи коли, плукаат на улица, не се возат во автобус, имаат големо куче и швалерка. А да пијат шток и јадат шарска и најбитно не знаат како не знаат се пишува.
Зашто се паркирал ко идиот е едно. Ама кога оставаат деца во лето во коли, е за тоа треба дебело да го јадат.
100% од популацијата што; а) дише б) завршила образование се смета себеси за ако не образована, тогаш дефинитивно интелигентна. По вибрацииве на постов и општо, претпоставувам и ти се рачунаш меѓу нив. Како и сите други. Поготово во 2023, попозната и како дел од ерата на нарцисите. Side note though: Прашање е колку од нив што не се, имаат самосвест за ова? Е ова прашање навистина може и да се изучува и по Филозофија. Спојлер: . Уште еден сајд ноут: Се отиде у бестрага кога престана да и се дава значај на Филозофијата. Дефинитивно последен сајд ноут: Отсуството на самосвест и превисокото ( нереално, и непоткрепено со докази и дела) мислењe за себе како и ароганција како пропратник, НЕ е врлина и Е најголема одлика на не-интелигентните. Образовани или не. Со правопис или не. Иако (квалитетното)образование и едуцираност( како и информираност) е еден од најбитните фактори на едно општество и цивилизација, тоа не се оспорува никако. Е сеа колку тоа образование и информираност е квалитетно, тоа тек е поопширна дискусија. Таман и да се надоврзам за дискусијата со @Mrs. right Е сеа да не навлагаме во филозофии и психологии, ама кога сме веќе тука може и да навлеземе. Каков успех? И повторно, успех по чии стандарди? Што. Е. Тоа. Успех.?
Епа тоа е, сакале само пари и успех мерен низ призмата на пари, а да се поработи на култура и на образование, да се прошират видици, не мора. До паметот е се', нека имаат прејака модерна куќа со 3 коли во гаража, ама ако не си свесен дека дете не се остава во колата на 35 степени, џабе ти е.
Фасциниран сум како е можно толкава неедуцираност и lack of common sense да постои а 99% денес завршуваaт факултет.
Ама они можат слободно да ја доловат, џабе тоа ако нема кој да ја сфати(од веќе споменати причини нели).
Во ерата на изобилството на училишно и сајбер насилство и булинг дефинитивно фали поголема едукација на децата за справување со ова.
Имаш поминато емоционална траума, т.е секој човек кој доживеал нешто многу тешко во животот ги губи розевите наочари, ја немаш женската наивност во себе. И кај мене е така моментално, на никој-ништо не му верувам, а некогаш кога видам како филозофираат овде без поткрепа на животно искуство/разочарување ми се смешни.
Секој човек доживеал разочарување и болка, но не секој станал ладен, со негативен поглед на животот и врските меѓу луѓето, ниту изгубил верба, за среќа.
Не знае, не знае да напише и не читал романтични книги од 19 век. Гарант забава му е инста, кафана и навивање фудбал. Може и партиски е врзан. Тоа е култура и образование. За кого како е успех. За некого кешот, кафаните и почитта за некого дипломите, книгите и почитта, а на некого не му е грижа за ништо. Колку луѓе толку нарави, идеи и цели.