Ами нели така се велит за човек да не се нервира, а и да се нервира, исто ќе биде.Не е возможно да не се нервира, ама кога човек ќе го изгуби здравјето, што после? Пак џабе, кога основното нема да функционира, нели она што е темел во животот на човекот.Едноставно човек не може да ги смени работите, кога не се во негови раце, не може да направи да биде онака како што сака, па посебно за тоа, нема потреба од нервоза.Што дошло, прошло.Токму за ова, некогаш човек и не треба да се замара, бидејки и онака никој не го прашува за она што тој сака.А особено тешко е ако се обидува човек да смени некого во карактер.И тоа е џабе... Само отсекогаш е така, кога болеста ќе му тропне на врата на човек, тогаш му текнува дека избрзал со нервозата и стресот, се заборавил.Затоа се поминува.
Го гушнав на прагот, го поњавив, му ја стиснав главата, му ја разбушавив косата и со преправен глас како Агнес му реков - јас сум бебе панда, а ти си мојот бамбус. А внука му, четири години, си застанала до нас,не гледа и ни вика- леле како во игротека Чекорче сте... Сакаше да каже зрела си мори како 2 години да имаш,позрела сум од тебе...
При вакви постови они сакаат да пишеш - Имам дечко! Си фатив дечко! Мајка ми е од оние жени кои се трудат нивните деца никогаш да не доживеат разочарување па се труди на секој можен начин да го спречи тоа. Понекогаш ми се смачува да објаснувам дека тоа и не е така лошо, така се учи, да направиш грешка е нормално, да ризикуваш исто така. Ме убедува со недели дека тоа што го сакам не е многу сигурно, исплатливо, не можам да го направам итн итн. И конечно вечерва од неа добив - Пробај, прво пробај па нафати се. Соништата не секогаш се исполнуваат! Јас само не сакам да се разочараш. Кој сака да се разочара? Ама убаво е да се надеваш на добро.
Свети Валентајн е, затоа ја користам оваа прилика да ја побарам за жена личноста што тука ја запознав, мислам дека е ред и тука да ја побарам. Пред да те запознаам тебе, се плашев од брак, сега се плашам од осаменост, пред да те запознаам незнаев што е тоа среќа, сега незнам што е тоа тага..........се смеев со усни, сега со срце, не уживав во задоволствата, сега уживам и во обврските. Дали ќе ме удостоиш со твое вечно присуство покрај мене, дали ќе ми дозволиш да го имам покрај мене она за коешто другите сонуваат, ДАЛИ ANOUK-че МИЛО ЌЕ СЕ ОМАЖИШ ЗА МЕНЕ ?
Дали постои во некој паралелен универзум, некоја втора јас која е среќна и безгрижна и не си ја чука главата за се и за сешто?!...Епа ако постои и порачувам таа да почне да размислува повеќе, да се плаши и таа за "подобро утре", за да можам јас овде да здивнам малце.
Денов пре-на-по-рен. Но, во исто време интересен и исполнет. Ги сакам овие денови кога целото време ти е организирано и имаш распоред со обврски и нешта кои планираш да ги правиш во текот на денот. Неделава што изминува ми беше една од подобрите. Недела во која скроз ми се измени ритамот на живот. Работа, фитнес, кафе, слатки и музика вит мај грлс и веќе се` е подобро. Св.Трифун или Св.Валентајн? Секоја година на овој ден сум сама. И никогаш не сум го прославила ни едниот ни другиот празник. Или пак сум ги прославувала малку подоцна. Годинава организиравме собир со друштвото. Сите со статус сингл. Ќе славиме Св.Трифун. А ако дојде до неочекувани настани може и Валентајн да се прослави. Јас, уствари секогаш сум вљубена, само што таа љубов нема со кого да ја споделам. Имам љубав али коме да је дам?!? ТОЈ моментално не е тука. Всушност, како и секогаш. Сакам сета среќа и убави моменти да ги споделувам со него. Сакам да го видам, ама сигурно ќе мора да почекам уште месец или два. Останувам со позитивни мисли и надеж дека се` ќе биде во ред.
Имам некоја алергија што секогаш ми се јавува во февруари. Не знам на што е. Главно на полен треба да сум алергична. Јак овој поленов февруарски. Да го обожаваш мирисот на природа, а да не можеш да го почувствуваш. Тоа е баксуз. Отечени црвени очи, темни подочњаци, исфрлена кожа околу очите и бледило на лицето што со ништо не се покрива. Па уште и косата ми е како на Марта од Денис напаст, така ми рече спанково до мене. Има денови кога се гледам во огледало, она што го гледам не ми се допаѓа и ништо не преземам. Има други денови кога очајно се трудам да преземам нешто, но ништо не помага. Како ништо што не ги трга двете линии од моето чело и покрај сите мои напори. Колку и да мисли човек дека е подготвен за првите знаци на стареењето, се лаже.
Ајде дојде и св. Валентајн. Искрено немам ништо спремено, не ни планирам да спремам. Едноставно го неќам празникот, јас си го славам нашиот св. Трифун. Тешко прифаќам нови традиции, а и не гледам зошто би ја прифатила оваа. Денот на вљубените. Можеми ќе биди клише, ама навистина доколку сакаш една личност не ти е потребен посебен ден за да го искажиш тоа, едноставно ќе го покажуваш тоа секој ден. Инаку денов доста продуктивен и буквално сите секунди ми беа корисно искористени. После ваков ден кога ќе успеам да завршам се што сум испланирала се чуствувам прекрасно, задоволна и секако горда на себе. Сакап почесто да се случува тоа Трето, секој кој би ме видел што правев досега би помислис дека не ми е арно. Решив да гледам филм. Пуштив еден и иако сум научена да гледам без чипсови, пуканки, сокови, баш вечерва некако без да грицкам нешто не ми одеше. Лепо фино си зедов си уклучив шпорето, си ставив тенџере и си пукав пуканки. Мајка ми само што си имаше легнато и целата трча да види шо се случува оти стварно многу гласно пукаа. Кога ме виде жената рече само "А, ти си" и така ладно си излезе од собата. Навикната е де на вакви работи од мене, не ми е прв пат Се распишував јас па се заборајв. Ајде одам јас да гледам филмо дур ми се топли пуканкиве, а вие имајте убава вечер и славете св.Трифун, само не претерувајте со виното. Поздрав девојки
Може се перчам, а некој може ќе помисли дека глумам, ама моето ми тајм не содржи козметичка компонента. Ми тајм е кога пуштам музика, ја зимам својата папка со магични рецепти за душа, големиот тевтер и уште една бележница па си ставам маска на душата, па и правам пилинг, па ја мачкам со ноќна крема. Да не речам, зборуваме, јас и јас. И завршувам со неколку реда книга, а вечерва тро поезија. Дали имате често топка во соларниот плексус? Како да не ви е позната и не е ваша? Е и јас ја имав. Повеќе ја немам, веќе некое време. Тоа била разликата во среќна јас и не толку среќна јас. Јасно ти е што ти е важно, а што не. А чуда допрва ќе се случуваат. Лесно се спие во мекотиите на своето откако на чисто си со себе си каде си грешиш, каде грешиш и каде некому грешиш. Маваш цртка и сфаќаш дека некогаш си се извинувал на места каде не требало, а требало само себе си, некогаш си одел со глававо ѕид мислејќи дека си во право,а не си бил. Најдобриот момент на сознание е дека се е онака како што треба да биде макар не секогаш било убаво. За работи кои ми било криво,за луѓе за кои ми било криво... повеќе не ми е. Што сум грешела на себе си простено ми е, што сум грешела на други, не знам, ама знам дека искреното извини ме ослободило од тежина, а оние со кренат нос во облаци... баш ми е жал. Мачкиве се парат, чувствувам дека ова чудно мјаучење е некоја мачорска верзија на тендер ис д најт. Годинава барем се токму, февруарски. Мачиња на пролет, мали шепи и тенко мјИИИИУуУуУ со мини опавчиња! Најти-најт!
Многу ми се интересни, кога некои луѓе so called роднини за нешто што не е нивна работа се дрзнувааат да коментираат. Вака треба да направиш, така...бла бла празни зборови. Ајде да речеш нешто да ти помагаат па да си речеш имаат право на мислење, а вака само солат памет. Нема никогаш да заборавам кога пред неколку месеци ми требаше документ Спојлер за пракса да ми потпишат, каде што си наоѓаш сам познат работодавач и државата т.е агенцијата за вработување ти плаќа пари по 5000 ден и кога во последен момент се предомислија имало инспекции казни, а ти им кажуваш се е регуларно пред закон и дека нема никаква казна да платат. И дека доколку испаднеше нешто од работата дека регуларно ќе си доаѓав на работа, ќе помогнев и ќе научев нешто ново. Ама тоа е лицемерие, јас би ти помогнал ама...му доаѓа како long distance hug... се разбираме. Само да коментираат а никаде на дело да ги нема кога на некој му е потребна мала помош.
Дај и на жена три работи: љубов, внимание и верност и светот ке биде нејзин. ..добро сеа, некои сакаат и кеш.
СДК дека прилично долго време сум член не форумов, ама за жал многу ретко се осудувам да напишам збор-два. Не знам зошто... А многу сум среќна кога после неколку години ке прочитам некое мислење на некоја тема. Си се восхитувам. Најискрено. Еве сега буричкам низ темите... какви дуели сум водела. Дури ми е смешно како сум можела на некои теми да реплицирам Лудача сум. Ту бичи, бат итс океј ама убаво ми е Ладниот ветер денес лошо ми влијаеше Проклет ураган....
Спојлер Откако се соземав и престанав да цимолам, откако се собрав од целиот налив на емоции: Секако дека ДА сонце мое најмило! Единствено ти ме воздигнуваш толку високо, што можам лесно да ги допрам облаците и истовремено ме топиш како некоја капка роса што паѓа од најубавата роза..... Најубави се утрата што почнуваат покрај тебе...
Не треба да чекаме да дојде празник за да ја празнуваме љубовта и животот со убаво вино. Јас си го викам љубовден,и секој ден си го празнувам,инаку повеке си го сакам нашиот празник св. Трифун но како и да е сакам да ви ги честитам и двата празника па ајде честито св. Валентајн и Честит св. Трифун. Поминете си најубаво.....и имајте убав работен ден
Љубов бре!Ви значи нешто?Мене да.Иако како поминуваат годиниве наидувам на неколку видови на љубов и замислете,сите се пријатни за душа. Ја паметам првата љубов во забавиште,детето кое порасна и кој ме најде на фб. Ах,спомени.Па во петто кога тој беше најголемиот фудбалер во училиштето.И тогаш просто молев да ме ѕвекне со топката за да му привлечам внимание.Па во седмо,ни дојде млад професор по географија,и немаше девојка која не беше заљубена во него.Се разбира и јас спаѓав тука.Инаку заземаше многу интерсесни пози,кога ги покажуваше океаните и движењето на Голфската струја.Но кога еднаш ме испраша и ме праша таму за влив на некоја река и ми залепи кец како врата,сместа се одљубив.Тука некаде се провлекува еден кој ми пишуваше писма ,се разбира јас му возвраќав ,а сретнувањето со поглед беше најголемотот доближување.Но татко ми ,барајќи низ мојата соба ,ми ги најде писмата...и цврц ...и таа љубов заврши неславно. Е средно училиште,прва година,25 мај ,денот на младоста во тоа време,јас си фатив дечко.Што да кажувам ми ги разбранува пеперутките во стомакот и бргу ги смири.Тогаш сфатив дека не е злато се што свети. Понатаму имаше некои позначајни и незначајни врски,обични и необични,смешни и тажни ,на сите им дојде крајот. Факултет,е тогаш ми се случи вистинскиот бум.Врска како од филмовите ,со разбирање и почитување,за жал не ни било судено.Иако и ден денес ми трепери душата кога помислам на него. И за крај маж ми.Таткото на моите два потомка,некогаш ми доаѓа да го убијам,некогаш да го утешам,но секогаш го молам Бог за неговото здравје. А денов,иако како Валентин не го преферирам многу,повеќе е трик на трговците да тријат раце од денешниов пазар.Не купувам подароци за овој ден,но денес маж ми ќе добие колаче во облик на срце. И посно гравче на тавче со марулка салатка.Малку ли е? п.с. и со мало доцнење и вчерашниот ден е за честитање.Значи среќен 13 февруари денот на љубовниците или ако повеќе сакате швалерите.
Ви го честитам празникот Свети Трифун и посакувам оваа година да биде плодна, не само на лозјето, туку и на сите дрвја и растенија, животни и луѓе. Свети Трифун потекнува од малоазиската област Фригија, село Кампсада близу градот Апамеја, кој се сметал како прататковината на лозата и виното, па оттука и Свети Трифун го слават лозарите и винарите. Роден бил во сиромашно семејство а се прочул како исцелител на болести кај луѓето и животните како и "истерување бес". Се зборува дека ја излечил од лудило ќерката на царот Гордијан, но за време на царот Дециј Трајан кој ги прогонувал христијаните, Свети Трифун бил измачуван и убиен. Се верува дека ако на денешен ден завее снег-годината ќе биде плодна, а ако на овој ден е ведро без дожд ниту снег-годината ќе била сушна. Кај нас цела зима немаше снег па ниту дожд, се плашам каква ќе биде оваа година. На денешен ден се верува дека Свети Трифун прободува факел во земјата кој започнува да го топи снегот. Нека ни е за многу години празникот.