Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.898
    Допаѓања:
    23.656
    ..океј?
    А кој спомна било што за бенефитите не сфаќам? Јас не.

    Имаш бенефити и од планинарење
    И од слушањето музика
    И од медитирање
    И од гледање филм.
    И од спортување
    И од чување мачка
    И од одење на море
    И од живот со партнер
    И од живот без партнер
    И од живот без деца и живот со деца
    И кога работиш работа што ја сакаш
    И од пеење и свирење на музички инструмент
    И од цртање и боење и сликање
    И од патување
    И од јадење ѓумбир
    И од јадење боранија што и мене ми е гадна.
    И од учење
    И од пишување
    И од многу други

    Дали ги правиш сите до една работиве и зашто не?
    Еве што реков има куп бенефити од немање деца ама ти имаш зашто така сакаш.

    Целиов муабет е што читачи на книги се преценуваат дека го нашле патот до мудроста.
    А вистината е дека само уживаат во една работа во која други не уживаат.
    А искрено не поднесувам читање книги зашто сакам движење, промени. Не можам да седам во едно место.
     
    Последна измена: 28 август 2023
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.818
    Пол:
    Женски
    Не се разбраме, а и тешко да се разбереме.

    Сакам само да кажам дека читањето книги може да ги отвори очите за многу работи, да создава далеку поемпатични луѓе кои и те како се потребни во море на себичност, да ги прошири видиците во секоја насока.
    Да не зборуваме за развој на имагинацијата. Така што читајте, уживајте во читањето, има цели непознати светови во книгите. :inlove:
     
    На *Amethyst*, crimson, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.898
    Допаѓања:
    23.656
    Па пак ќе речам, многу работи имаат бенефити па не ги правиме сите.
    Зашто не уживаме сите во исто.

    Книга не е the ultimate задоволство.

    И јас ќе кажам истото за планинарење.
    Ама нема да ме сфатиш зашто не го сакаш истото нели?
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Космонаут

    Космонаут Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2023
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    780
    Пол:
    Женски
    Сама се пронајде во ситуацијата на прости и неписмени па се огласи. Ние едно збориме ти друго. Ама во право си, нема потреба за објаснување, терај си.
     
    На cresa-jagoda, elimkd и sino.o.oka им се допаѓа ова.
  5. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    5.329
    Пол:
    Женски
    Да
     
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.194
    Пол:
    Женски
    Бенефитите на книгите во споредба со други медиуми се тоа што се подобри за очите, за фокус и концентрација. Останатите работи како вокабулар, емпатија и имагинација не се поврзани со книгата како медиум, туку со (типот на) приказната. И можат да се најдат на други места.

    Да се надоврзам на муабетот, театар е исто така хоби кое многу погрешно се восприема. Сум била само на една претстава што беше океј, останатите (комедии демек) ептен ми беа ко... кој го напишал ова и зошто. Зборот ми е, некој може да каже дека оди на театар, а да гледа некои такви лоши неквалитетни претстави. И не е тоа поинтелектуално од гледање турска серија дома, ама тоа е hard pill to swallow.

    Инаку, постојат едукативни содржини, non-fiction книги, јутуб видеа, документарци, артикли од научни списанија, подкасти. Постојат квалитетни приказни, без разлика дали во роман, во серија, филм. И постојат приказни лимонатки, лесни, неквалитетни, за пуштање мозок на пасење, и се наоѓаат секаде, од љубовни романи, серии, филмови, до тикток видеа, риалити шоуа и теми за свекрви на форум.

    Нормално е од сè по нешто да се консумира. Не постои човек што чита и гледа само едукативни работи и само квалитетни приказни. Ама читање автоматски не те едуцира, ниту пак театар те прави културно просветлена личност. Многу луѓе сакаат да го фатат тој шорткат и едноставно е смешно. Дозволено е да се примаат содржини што не се едукативни, не мора да се трудиме од петни жили да покажеме дека сме се едуцирале од роман на Фицек.
     
    На *Amethyst*, Bezimenka90, Ugly Duckling и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Darko90

    Darko90 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    3.028
    Пол:
    Машки
    IMG_2523.png
     
    На cresa-jagoda, eliesaab, sino.o.oka и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.853
    Допаѓања:
    41.144
    Пол:
    Женски
    Лол сликава.
    А што е погрешно во серија или подкаст или филм? Има и аудио книги кога сме веќе таму. На некои луѓе повеќе им лежи слушање или немаат доволно време за читање и тоа е скроз ок.
    Вакви слики за споредба се баш сппредба на баби и жаби, не може и не е една категорија на уметност и/или забава супериорна.

    Пред да ми се стави некој дека сум - неписмена, читам сѐ што ќе ми се најде околу мене буквално откако знам за себе. Ама добро е што ја надраснав фазава на holier than thou, премногу кринџ беше. :D
     
    На Gosh, Bezimenka90, Ugly Duckling и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.898
    Допаѓања:
    23.656
    Имаше и една друга слика некаде (не во темава сега) со девојка демек облечена прво "курвински" како ѝ се пуштаат само за секс и после случајно наоѓа книга и почнува да чита и после тоа ја даваат во "нормална" облека и демек попаметна и веќе не ја гледаат ко лесна и не ја бараат само за секс зашто машките ја перцепираат како паметна.
    Мислам...:D
     
    На Gosh, Осе и Angie1432 им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.818
    Пол:
    Женски
    Поинаку се восприема книга и филм, тоа мислам не е ни спорно. Филмот го гледаш каков што ти го прикажуваат, од приказната самата создаваш слики, да, со помош на имагинација.
     
    На *Amethyst*, cresa-jagoda, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.376
    Допаѓања:
    37.502
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека сакам да се мрднам од оваа состојба на депресија или неподвижност и да се јавам онаму каде што треба. Толку ми е тешко да се јавам некаде немам зборови. Нема опција за меил. Од итно поитно е. Не знам што човек сум.
    Јави се џокерче, пушти машина за перење, па за сушење, измиј садови, измиј коса. Не е многу. Помести се од место.
     
    На Anie93 и Осе им се допаѓа ова.
  12. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    3.473
    Пол:
    Женски
    Кога ќе ја разбереш сликава нема да пишуваш ЛОЛ.
    Ништо погрешно и во филм и подкаст таман работа
     
    На Осе и sino.o.oka им се допаѓа ова.
  13. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.265
    Пол:
    Машки
    За се ова што пишувате јас сакам да ја кажам мојата гледна точка без да ја наметнувам никому, а кој како ќе ја сфати останува до светогледот и вредностите што ги негува човекот...Прво најбитно посочување и истакнување за работиве што се дискутираат што треба да се направи е добронамерно да се објасни дека кога човек сака да ја оправда својата гледна точка се повикува на тоа дека се е релативно дури и ако не го кажал тоа ама така е...Tочно е дека не постои ништо апсолутно на светов освен љубовта како најмоќна сила на се што постои, а сето останато е релативно..И тоа е точно дека се е релативно па затоа човек може да застане во одбрана на она што го вреднува и цени бидејќи се е релативно ама ако се работи за вредности или веќе втемелени закони со универзална полезност тогаш за таквите работи не можеме да кажеме дека се релативни.Поврзете ги универзалните вредности со тоа што го истакнувате како нешто што треба да биде подеднакво квалитетно како вредност и да има долгорочно едукативно влијание врз сите луѓе и ќе заклучите дека сепак не е баш така.Точно е дека сите имаме право на слободен избор и слободна воља да размислуваме и поддржуваме нешто онака како што сметаме дека е исправно.Ако вам вашиот избор ви помогнал да си го подобрите животот и да ви ја зајакне едуцираноста од многуте работи што ги спомнавте, значи тој пат е исправен да се следи.Ама ако е само самозалажување и отпор поради тоа што внатре во душата се кршите и доаѓа до судир со вашите вредности и универзалните вредности со кои доаѓате во судир од друга страна, тогаш тоа значи дека треба да си го преиспитате вашиот став или барем да размислите малку за ова.Не се работи за тоа дека треба да попуштите при констатацијата на другите кои застапуваат поинакво мислење.Некој спомна дека ријалити шоуата, тик ток содржините (зборувам за негативните работи т.е. предизвиците меѓу младите што завршуваат трагично кога се спроведуваат па од играчка станува плачка), театарските претстави и турските серии или било кои други серии од која и да се земја исто така на свој начин едуцираат како и книгите.Тоа е така (не секогаш ако се работи за тема поврзана со криминал, убиства и слични девијантни однесувања) ама откаде им е инспирацијата на тие турски и останати серии, како и филмови за да наметнат некоја универзална порака за љубов и позитивни работи ако не од книгите? Беше посочен пример дека заради изолиран случај и неоправдување на очекувањата одредена театарска претстава да го оправда својот настап како комичен и да изгледа како комедија, целосно потфрлила ама треба да се запрашаме прво дали сме ја сфатиле пораката од театарот и дали заради една претстава која не ви ги задоволила високите критериуми за гледање и доживување на комедијат како таква во вистинска смисла на зборот, ја намалувате вредноста на театарот и неверојатно-важната улога што ја има во разобличување, критикување, отворање очи на поединецот и истакнување на сите актуелни проблеми,стравови, слабости, предрасуди, закани и предизвици со кои се соочува едно општество чија улога е грандиозно едукативна...За ријалити шоуата и тик токот нема да коментирам воопшто бидејќи таму работите се многу поочигледни..Можат да едуцираат (повеќе да разонодуваат и забавуваат и поттикнуваат на виртуелна дружба) ама не на начин кој низ историјата на човештвото бил потврден како поделотворен и попродуктивен иако и ова е дискутабилно во одредена мера ама во секој случај е поедукативен од сегашниов.И овој модел на однесување има свои слабости што е одделна тема за разговор која не треба ни да се начнува бидејќи има моќ да сруши други концепти. Уште не сме ни стасани до таму, така што ова нека мирува. Пораката ми е, книгите се прозорец во светот со неограничени можности и радости кои никогаш нема да ве изневерат,а благодарение на фантазијата која многумина ја исмеваат и потценуваат, имајќи предвид во какви сурови услови живееме, не заборавајте дека токму поради неа се направени многу револуционерни пронајдоци, измислена е напредна технологија, измислени се лекарства кои спасуваат животи, вдахновени се многу луѓе кои ја изгубиле надежта и оптимизмот со пораките од книгите кои им помогнале да поверуваат дека работите за нив ќе станат подобри.Така што не се само овие позитивни придобивки од читањето туку и нивното исцелителско својство т.е. имаат способност да ни ја излечат душата.Сепак на вас останува да процените и да го примените во реалниот живот она што сметате дека ќе биде подобро за вас и ќе ве направи посреќни без да ви ги ограничува вашите слободи и избори.
     
    Последна измена: 28 август 2023
  14. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.454
    Допаѓања:
    25.105
    Добро, логично дека читајќи сам ќе си го создадеш филмот во глава, неспорно е тоа, таков е форматот, читаш - замислуваш. Ама и филмовите поттикнуваат имагинација, само на друг начин.
    Јас мислам дека индивидуално е, зависи од човекот. Има многу добри филмови со одлични јаки пораки што на некои им се глупи и досадни. Таму кај што еден влече порака, инспирација, промена на перспектива, ЗНАЕЊЕ, друг не го прави тоа, не се поврзува со тоа што го впива, и готово.
     
    На Gosh, Ambitious и theowndemon им се допаѓа ова.
  15. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.853
    Допаѓања:
    41.144
    Пол:
    Женски
    Ај објасни ми ја плс.
     
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.194
    Пол:
    Женски
    Зборот ми е, за да кажеш дека книгите ги имаат сите тие придобивки кои ги наброја треба сите книги да ги имаат тие придобивки. А голем дел ги немаат, особено популарните книги на кои всушност се повикуваат луѓето кога зборат за ова. Еве нека биде и без имагинацијата, останатите работи навистина зависат само од типот на содржината и подеднакво можат да се добијат од различни медиуми.

    Напиша олкав трактат и поентата ти е ,,Книгата е прозорец кон светот". :D Да си жив и здрав.
     
    На Bezimenka90, theowndemon, Waverly Raven и 3 други им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.818
    Пол:
    Женски
    Не зборуваме за содржината, зборуваме за начинот на кој се прима содржината, а тоа е едноставно така, па до утре овде да разглобуваме, нема да се смени. Според истражувањата, кога се чита книга се користи многу повеќе области од мозокот, за разлика од тоа кога се гледа филм, бидејќи гледањето на филм бара помал напор генерално.
     
    На *Amethyst*, cresa-jagoda, sino.o.oka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Космонаут

    Космонаут Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2023
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    780
    Пол:
    Женски
    Да нагласам, барем јас кога зборувам за книгите, не зборувам за љубовни романчиња, ниту за книгиве на Хувер и сличните. Ниту па зборувам за новиов бран на „карантинска“ поезија. Точно е и дека не треба само да се чита, туку и да се чита нешто квалитетно.
     
    На Spicy Senorita, sino.o.oka и elimkd им се допаѓа ова.
  19. Pacifist

    Pacifist Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2018
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.265
    Пол:
    Машки
    Ти благодарам за мудрата забелешка и тоа што ми ги отвори очите колку безначајно е сето тоа што го напишав.Се надевам дека само со тој еден моќен збор за обезвреднување на тоа што добронамерно го напишав ќе поттикнеш било каква поддршка и критика во таа насока и жал ми е ако ти е повредена суетата.Тоа не ми беше намерата нити го правам тоа за да се себепотврдам или да докажам нешто. Од се нешто што ќе чуеме, осознаеме, израснуваме во подобри верзии на самите себеси освен ако сме нерационално тврдоглави за да го кочиме тој процез за напредок.Ако ова што го напишав го гледаш како закана по твоето постоење, разбирање на работите и функционирање, имаш полно право да се спротивставиш и да иронизираш и никој не смее да ти го одземе тоа. Ако ваквата реакција е она што ќе те направи посреќна и посамоуверена, дејствувај на начин на кој дејствуваше и сега во исти или слични ситуации.
     
  20. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.734
    Допаѓања:
    13.599
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам, имаме преубави цркви и манастири низ Македонија, штета што повеќе не ги промовираме за развој на манастирски туризам..
     
    На Gosh, Tanjamm, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.